Аљоша Асановиќ
Аљоша Асановиќ (роден на 14 декември 1965 во Сплит) — поранешен хрватски и југословенски фудбалер кој настапувал како играч од средниот ред.
Кариера
[уреди | уреди извор]Аљоша Асановиќ се преселил во Хајдук Сплит, каде ја започнал својата сениорска кариера. Со Хајдук во 1987 тој го освоил Купот на Југославија а во 1990 година се преселил во францускиот Мец. Во Мец одиграл една сезона, како во Кан, а потоа заминал во Монпелје.
По две сезони поминати во Монпелје, Асановиќ се вратил во Хајдук и со тимот постигнуал успех во сезоната 1994/95 учествувајќи во Лигата на шампионите. Хајдук ја поминал групната фаза, но бил поразен во четвртфиналето од Ајакс, кој подоцна го освоил трофејот. Истата сезона, Асановиќ со Хајдук го освоил првенството и Купот на Хрватска.
Во јануари 1996 година се преселил во Дарби Каунти, каде повторно бил соиграч Игор Штимац. За Дарби Каунти одиграл 38 натпревари и постигнал 8 голови.
По одличната изведба на Светското првенство 1998, Асановиќ се преселил во Панатинаикос. Во текот на две сезони во Грција, одиграл 44 натпревари и постигнал 9 голови. Во 2002 година, по третпат настапувал во Хајдук, каде ја завршил кариерата.
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Асановиќ го имал своето деби за репрезентацијата на Југославија на 25 март 1987 година во пријателски натпревар против Австрија. Тој одиграл 3 натпревари за Југославија.
Своето деби за репрезентацијата на Хрватска било во пријателски натпревар против САД на 17 октомври 1990, кој бил првиот натпревар од хрватската репрезентација. Хрватска победила со 2:1, додека Асановиќ бил првиот стрелец во натпреварот.
На Европското првенство во 1996 и Светското првенство во 1998, Асановиќ бил еден од најважните играчи во репрезентацијата. Со Хрватска тој стигнал до четврт-финалето на Европското првенство 1996 година, а на Светското првенство 1998 година го освоил третото место и бронзен медал. Во полуфиналниот натпревар против Франција тој му помогнал на Давор Шукер преку асистенција во неговиот гол, но Хрватска била поразена со резултат од 2:1.
Последниот натпревар за Хрватска го одиграл против Франција на 28 мај 2000 година. Тој има одиграно 62 натпревари за репрезентацијата и постигнато 3 гола.[1]
Трофеи
[уреди | уреди извор]- Југословенски куп: 1987
- Прва лига на Хрватска: 1995
- Куп на Хрватска: 1995
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mamrud, Roberto (24 November 2003). „Aljosa Asanovic – International Appearances“. RSSSF. Посетено на 15 October 2009.