Асирски геноцид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Асирски геноцид
Дел од Ерменски масакар (1894-1896)
Карта на асирскиот геноцид.
Градови во кој се случил геноцид

Градови со најмногу бегалци.

Други поважни градови.
  Регион со асирско население
Место  Османлиско Царство
Датум 1890s, 1914–1918, 1922–1925
Цел Асирци
Вид на напад депортација, масовно убиство
Мртви 275,000–400,000[1]
Сторители Абдул Хамид II, Младотурска влада, Курдски племиња[2]

Асирскиот геноцид се однесува на колењето на асирското население во рамките на Османлиската Империја во периодот од 1890-тите до Првата светска војна и како таков се случил истовремено со Ерменскиот геноцид и Грчкиот геноцид[3][4]. Овие три групи на христијанско население биле убивани во времето на Младотурскиот режим.

Асирците како стар народ во империјата претежно биле населени во Горна Месопотамија односно дел од денешна југоисточна Турција и северозападен Иран. Нивното протерување и погубување продолжило и по крајот на војната и главно вршители на овие злосторства биле Курдите, Османлиите, Чеченците и Арапите[3] .

Се проценува дека бројот на загинати Асирци изнесува околу 300,000 луѓе[5].

Позадина[уреди | уреди извор]

Асирското население во Отоманската империја броело околу еден милион на крајот од 19 век и во голема мера било концентрирано во денешните држави Иран, Ирак и Турција[3]. Како и другите христијани кои живееле во империјата и тие биле третирани како граѓани од втор ред и немале право на јавни позиции. Насилство насочено против нив започнало уште пред Првата светска војна. Многу Асирци биле подложени на курдските разбојници преку присилно прифаќање на исламот. Во текот на историјата од овој геноцид најпознати масакри се оние во Дијарбакир, масакрот на курдскиот лидер Бадр Кан, во градот Ван и.т.н.

Масакри[уреди | уреди извор]

Масакрите на Бадр Кан[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Масакрите на Бадр Кан.

Во текот на 19 век, Османлиите ја изгубиле контролата над Горна Месопотамија и Курдистан по египетската интервенција на Мухамед Али Паша. По египетското повлекување овие територии им биле доделени на курдски емири од кои најмногу се истакнал Ибрахим Паша чија територија се наоѓала од Дијарбакир до Алепо. Во истиот период се зголемило и британското влијание над регионот. Во истиот период започнала и мисијата на американските и британските мисионери кои во голема мера ги подржувале асирските христијани. Масакрите на Бадр Кан пртставувале серија од масакри извршени од страна на курдскиот емир Бадр Кан бег против асирското христијанско население во 1840 година. Злосторствата резултурале со убивање на повеќе од 10.000 Асирци а истото завршило по интервенција на османлиските власти и соборување на последниот курдски емир на полунезависната држава на Курдите во рамките на империјата.

Масакрите во Дијарбакир[уреди | уреди извор]

Масакрите во Дијарбакир се случиле во рамките на вилаетот Дијарбакир во периодот од 1894 до 1896 година. Овие настани претставуваат дел од Ерменскиот масакар кој главно бил насочен кон ерменското и асирското христијанско население. Во почетокот масакрите биле насочени главно против Ерменците од страна на османлиските власти под сомнение дека тие помагаат во уништување на државата, но наскоро злосторствата биле свртени и кон асирското население. Според проценките, во само овој период (1894-1896) биле убиени околу 25,000 Асирци.

Прва светска војна[уреди | уреди извор]

Во 1915 година се смета дека околу 300,000 христијани од Дијарбакир биле убиени или прогонети. Џевдет Паша кој бил управител на Ван во 1915 година кажал дека сака да ги исчисти христијаните од Азербејџан и градот Ван. Кон крајот на 1915 година тој со 8,000 војници влегол во вилаетот Ван и успеал да убие околу 20,000 асирски христијани во најмалку 30 села. Масакрите продолжиле и по крајот на војната во периодот од 1922 до 1925.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.armenianweekly.com/2014/01/08/remembering-the-assyrian-genocide-an-interview-with-sabri-atman Remembering the Assyrian Genocide: An Interview with Sabri Atman
  2. Hovanissian, Richard G. (2011). The Armenian Genocide: Cultural and Ethical Legacies. Transaction Publishers. ISBN 9781412835923. http://books.google.com/books?id=CB4Bh0-zrgoC&pg=PA271. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Travis, Hannibal. Genocide in the Middle East: The Ottoman Empire, Iraq, and Sudan. Durham, NC: Carolina Academic Press, 2010, 2007, pp. 237–77, 293–294.
  4. Khosoreva, Anahit. "The Assyrian Genocide in the Ottoman Empire and Adjacent Territories" in The Armenian Genocide: Cultural and Ethical Legacies. Ed. Richard G. Hovannisian. New Brunswick, NJ: Transaction Publishers, 2007, pp. 267–274. ISBN 1-4128-0619-4.
  5. David Gaunt, "The Assyrian Genocide of 1915", Assyrian Genocide Research Center, 2009