Аритон Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аритон Стојановски
Ariton Stojanovski.jpg
Роден 13 октомври, 1915
Куклица, Кратовско, Македонија
Починал 30 декември, 1944 година
Ниш, Србија
Ранет во близина на Гнилане, од страна на балистите.
Националност Македонец

Аритон Михајлов Стојановски (13 октомври 1915 во Куклица, Кратовско30 декември 1944 во Ниш, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Уште како дете се занимавал со земјоделие, сточарство, а често како наемен работник работел и вон неговото родно место. За време на окупацијата бил симпатизер на НОВ и на револуцијата, каде го гледал спасот од сиромаштијата. На 6 септември 1944 година, се приклучил во редовите на Месната команда во Кратово, а подоцна во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Важел за храбар, дисциплиниран и самоиницијативен борец ѝ како таков бил забележан од претпоставените и подоцна именуван за командир на вод. Со својот вод особено се истакнал во бopбитe крај селата: Варовиште, Дренак, Поилишта и други, каде покажал особена храброст. По конечното ослободување нз Македонија, заедно со Седмунаесеттатa македонска ударна бригада учествувал во чистење на остатоците од балистичките банди. Најтешки борби против балистите биле водени крај Прешево и Гнилане. Во близината на Гнилане, бил е тешко ранет и во бессознание бил пренесен во болницата во Ниш, но пред да му биде укажана лекарска помош подлегнал на раните и починал на 30 декември 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 51–52.