Прејди на содржината

Ѓорѓи Стојановски (Куклица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Стојановски
Роден 15 април, 1920 година
Куклица, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1945 година
Куклица, Кратовско, Македонија
Починал од болест добиена за време на борбите за ослободување на Македонија и Југославија.
Националност Македонец

Ѓорѓи Михајлов Стојановски (15 април 1920 во Куклица, Кратовско1945 во Куклица, Кратовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Израснал во cиpoмaшнo земјоделско семејство за кое ѝ самиот се грижел уште од најраните детски години, за да придонесе за прехрана и опстанок на своето семејство. Во околината на селото често дејствувале единици на НОВ со кои контактирал и имал желба да им се приклучи во народноослободителното движење. Оваа желба му се остварила на 15 август 1944 година, кога го напуштил стадото и пристапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Учествувал во многу борби што ги водела Бригадата до конечното ослободување на Македонија. Земал учество ѝ на Сремскиот фронт во борбите крај Шид, Банова Јаруга и други места. Од секојдневните борби, по невреме и големи напори, тој се разболел. По оздравувањето, пак се вратил помеѓу своите другари, но по кратко време, повторно се разболел, по што се вратил дома каде и починал. Ѓорѓи зад себе оставил фамилија со две малолетни деца.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 52.