Ан Декло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ан Декло
Роден/а23 септември 1907(1907-09-23)
Рошфор, Франција
Починат/а27 април 1998(1998-04-27) (воз. 90 г.)
Корбеј Есон, Франција
Занимањеновинар, писател
Националностфранцуски

Ан Декло (француски: Anne Desclos, родена на 23 септември 1907 во Рошфор - починала на 27 април 1998 во Корбеј Есон) — француска новинарка, преведувачка, уредничка и писателка на класичниот еротски љубовен роман "Приказната на О“.[1]. Пишувала литературна критика под псевдонимот Доминик Ори и романи како Полин Реаже.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ан Сесил Декло е родена на 23 септември 1907 година во Рошфор, Франција. Како мало дете прво живела со својата баба во Англија, а после пораснала во Рошфор, Франција. Родена во двојазично религиозно семејство, таа од мала учела англиски и француски јазик. Учела во „Фенелон“ и англиска литература во Сорбон.

По дипломирањето во 1929 година се омажила за Рајмон Аржил и првично била домаќинка, грижејќи се за единствениот син Филип. Тие се разведиле во 1933 година.

Потоа таа започнала да работи во Париз како наставник по англиски, станала новинар на „L'Insurgé“ и „Combat“, и била преведувач со псевдонимот Доминик Ори. За време на Втората светска војна се преселила во покраината и била колумнист во списанието „Тут е Тут“. Во периодот 1943-1944 година работела во организацијата по снабдувањето на Владата на Вишиевска Франција. Објавила две антологии во соработка со Тиери Молние, и антологија од француски религиозни песни заедно со Жан Полан.

Во периодот 1950-1952 година била член на жирито на издавачката куќа „Галимар“. Како почитуван критичар, таа учествувала во жирито за важни книжевни награди како наградата на критиката, наградата „Алберт Швајцер“, наградата „Пол Валери“, наградата „Фемили“ и наградата „Фенеон“. Во периодот 1974-1977 година била назначена за член на Врховниот совет за литература на владата.

Како голем обожавател на англиската и американската литература, таа ги преведувала делата на Вирџинија Вулф, Т. С. Елиот, Френсис Скот Фицџералд , Ивлин Во и.т.н.

Жан Полан, фанатичен обожавател на Маркиз де Сад, ја предизвикал да напише роман во негов стил. Во 1954 година бил објавен романот „Приказната на О“ под псевдонимот Полин Реаж. Нејзиниот идентитет како автор бил чуван во тајност, и дури во 1994 година, во интервју за списанието „Њујоркер“, писателката признала дека таа се крие под псевдонимот.

Романот немал особен успех по првата публикација во Франција, но станал бестселер во САД под друго име. Во 1959 година бил забранет од страна на судот во Франција како неморален. Забраната била укината во 1967 година. Во 1969 година романот бил препечатен како „Retour à Roissy“, и дополнет како „Une fille amoureuse“.

Починала на 27 април 1998 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Како Доминик Ори[уреди | уреди извор]

Зборници[уреди | уреди извор]

  • Songes (1961, 1991) – поезија

Како Полин Реаж[уреди | уреди извор]

Самостојни романи[уреди | уреди извор]

  • Историята на О, Histoire d'O (1954)
преиздаден като „Retour à Roissy“ през 1969 г.

Екранизација[уреди | уреди извор]

Сите според романот "Приказната на О“
  • 1975 Histoire d'O
  • 1979 Menthe – la bienheureuse
  • 1981 Les fruits de la passion
  • 1984 Histoire d'O: Chapitre 2
  • 2002 The Story of O: Untold Pleasures
  • 2004 The Story of J
  • 2006 O the Power of Submission

Книги за писателката[уреди | уреди извор]

  • Dominique Aury: La vie secrète de l'auteur d'Histoire d'O
  • Un bouquet pour Dominique Aury (2009)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ciuraru, Carmela (11 June 2011). "The Story of the Story of O". Guernica. конс. 31 December 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]