Абдулах Сидран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абдулах Сидран
Роден/а2 октомври 1944(1944-10-02)
Сараево, НДХ
Починат/а23 март 2024(2024-03-23) (возр. 79)
Сараево, БиХ
ПсевдонимАвдо
ЗанимањеПоет и сценарист
Жанрпоезија, проза, сценарија

 

Абдулах Сидран (бошњачки: Abdulah Sidran; 2 октомври 194423 март 2024) — босански писател, сценарист и новинар. Членувал во АНУБиХ и еден од најзначајните сценаристи во поранешната југословенска кинематографија. Бил љубител е на шахот и мајсторски кандидат.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Абдулах Сидран е роден во Сараево во 1944 година. Во родниот град завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет. Дипломирал на Катедрата за историја на југословенската книжевност. Бил уредник на студентскиот весник Наши дани. Бил вработен како драматург во Телевизија Сараево. Во средината на седумдесеттите, објавува песни и проза, во генерацијата на млади писатели често наречени „шеесетти“. За неговите поетски книги е награден со книжевни и општествени награди. Збирката поезија Сараевски табут излегува за време на војната во Босна и Херцеговина, која го добила признанието „Награда на слободата“ на францускиот ПЕН центар. Избор поезија преведена на италијански ја добила наградата „Premio letterario 1996 della Fondazione Laboratorio Mediterraneo“. Некои од неговите познати песни се: „Бивши другари“, „Босна“, „Девојчето од улицата Пркос“, „Ќе се знае ли нешто за мене“, „Мора“, „Планета Сараево“, „Сараевски приказни“ и „Зошто Венеција тоне“.[2]

Покрај тоа што е поет, Сидран е многу познат и по филмовите за кои ги напишал сценарија. Тој е еден од најзначајните сценаристи во поранешната југословенска кинематографија („Се сеќаваш ли на Доли Бел?“, „Татко на службен пат“, во режија на Емир Кустурица, „Кудуз“ од Адемир Кеновиќ). Како филмски автор, добитник е на бројни награди и признанија.

Живеел и работел во Сараево и Горажде.[3]

Дела[уреди | уреди извор]

  • „Шахбаза” (Сарајево, 1970)
  • „Коски и месо“ (1976)
  • „Сараевска збирка”, (Сарајево, 1979)
  • „Болест од душа” (Никшиќ, 1988)
  • „Сараевски табут” (Сарајево, 1993)
  • „Бивши другари”
  • „Босна”
  • „Да је у свему тињао барем...”
  • „Девојчето од улицата Пркос”
  • „Ќе се знае ли ништо за мене”
  • „Мора”
  • „Планета Сараево”
  • Сараевска молитва
  • Сараевски приказни
  • Зошто тоне Венеција
  • прозна автобиографија „Откуп на сирова кожа” 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rođen Abdulah Sidran“. historija.ba. 5 август 2017. Посетено на 11 јануари 2024.
  2. „Abdulah Sidran“. mojalektira.com. 5 август 2017. Посетено на 11 јануари 2024.
  3. „Rođen Abdulah Sidran“. historija.ba. 5 август 2017. Посетено на 11 јануари 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]