Академија на науките и уметностите на Босна и Херцеговина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Академија на науките и уметностите на Босна и Херцеговина
120px
КратенкаAHУБиX
ANUBiH
Основана1951 во Сараево
ТипНационална академија
Целнаука, уметност
СедиштеБосна и Херцеговина Сараево, Босна и Херцеговина
Членство44 членови (2009 )[1]
ПретседателБожидар Матиќ
Главно телоПретседателство на Академијата
Мреж. местоwww.anubih.ba

Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина (босански, хрватски и српски: Akademija nauka i umjetnosti Bosne i Hercegovine) — национална академија на Босна и Херцеговина[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина произлегла од Научното друштво, основано во 1951 година, со одлука на Собранието на Република Босна и Херцеговина, највисок државен орган во земјата, за формирање на Научното друштво на Босна и Херцеговина. Научното општество продолжило да функционира како институција на највисоко ниво за наука додека Собранието на Босна и Херцеговина не донело Закон за Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина во 1966 година. Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, во согласност со овој закон, е одговорна за севкупниот развој на науката и уметноста, со организирање на научни истражувања и настани поврзани со уметноста, со објавување на трудови напишани од нејзините членови и соработници, а воопшто со состојбата на науката и уметноста и нивниот развој во Босна и Херцеговина. Академијата е целосно независно тело, управувано исклучиво од принципите и интересите на науката и независните убедувања на нејзините членови. Статутот на Академијата ги уредува сите аспекти на нејзината организација, менаџмент и операции во сите области во кои е активна[3].

Одделенија[уреди | уреди извор]

Академијата е составена од шест одделенија[4][5]:

  • Општествени науки
  • Медицински науки
  • Технички науки
  • Природни науки и математика
  • Литература
  • Уметност

Комитети[уреди | уреди извор]

Комитетите вклучуваат[6]:

  • Библиотека и документација
  • Совет за меѓународна соработка
  • Совет за публикации
  • Научен, технолошки и социјален развој

Претседатели[уреди | уреди извор]

Почесни членови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "ANUBIH members". Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina. Архивирано од изворникот на 25 April 2007. конс. 22 August 2009. 
  2. "Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina". anubih.ba. конс. 8 September 2008. [мртва врска]
  3. "Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina". Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina. Архивирано од изворникот на 20 April 2007. конс. 22 August 2009. 
  4. "Departments of the Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina". Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina. [мртва врска]
  5. "Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina (ANUBIH)". interacademies.net. Архивирано од изворникот на 17 July 2011. конс. 8 September 2008.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  6. "Committees of the Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina". Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina. [мртва врска]
  7. "Presidents of the Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina". Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina. [мртва врска]
  8. "Honorary members of the Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina". Academy of Sciences and Arts of Bosnia and Herzegovina. [мртва врска]