Јети Парл
Јети Парл | |
---|---|
Парл за време на телевизиско емитување во 1956 година | |
Основни податоци | |
Родено име | Хенриете Нанете Парл |
Познат(а) и како | Јетје ван Радио Оранје (Јети од Радио Оранје) |
Роден(а) | 27 мај 1921 Амстердам, Холандија |
Починал(а) | 22 август 2013 Амстелвен, Холандија | (возр. 92)
Жанр(ови) | Кабаре, шансона |
Хенриете Нанете „Јети“ Парл (холандски: Henriette Nanette "Jetty" Paerl; 27 мај 1921 – 22 август 2013 година) ― холандска пејачка со еврејско потекло и член на холандскиот отпор за време на Втората светска војна. Таа е позната по тоа што била една од холандските претставници на Евровизија 1956 година со песната „De vogels van Holland“ (во превод: Холандските птици), и по тоа што била првиот пејач што некогаш настапил на Евровизија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ран живот
[уреди | уреди извор]Парл била родена и израсната во Амстердам. По германската инвазија на Холандија во мај 1940 година, таа побегнала во Лондон со нејзините родители и пливачот Вили ден Оден, каде што работела како дизајнер на детска облека во продавница во улицата „Њу Бонд“.[1] Таа, исто така, придонела за емитувањата на Радио Оранје, радио програма создадена од холандската влада во егзил, поради што станала позната како Јетје ван Радио Оранје („Јети од Радио Оранје“) во Холандија. Во програмата, таа изведувала песни - напишани од нејзиниот татко Јозеф Пајрл и компонирани од Луис Дејвидс и Дирк Вите - во кои нацистите и членовите на Националното социјалистичко движење (холандските соработници со нацистите) биле отворено исмејувани.[2]
Кон крајот на војната, Парл станала член на Женскиот помошен корпус (Vrouwen Hulpkorps) на Кралската холандска армија.[1] По ослободувањето на Холандија во мај 1945 година, таа се вратила во својата земја преку Зеланд и била стационирана во Ротердам.[1] Набргу потоа дознала дека и двајцата нејзини постари браќа се уште се живи. Едниот побегнал во Швајцарија, додека другиот останал во Холандија за време на војната.[1]
По војната
[уреди | уреди извор]Во 1951 година, Парл се омажила со холандскиот илустратор Кес Банцингер.[1] Во 1956 година, таа завршила на второто место на холандскиот Национален фестивал на песната 1956 со песната „De vogels van Holland“, напишана од Ани Марија Хертруида Шмит и компонирана од Кор Лемер. Ова ѝ дало право, со Кори Брокен, да ја претставува Холандија на првото издание на Евровизија. Како првиот изведувач на вечерта, Парл ја испишала историјата како првиот пејач што некогаш настапил на Евровизија.[3]
Во 1985 година, сопругот на Парл открил дека тој бил член на Национално социјалисточкото движење за краток период на почетокот на Втората светска војна, откако новинарот Адријан Венема го соочил со писмата што тој ги испратил до Одделот за јавни информации и уметност. во тоа време.[1] Една недела подоцна, Банцингер извршил самоубиство со давење во вода.[1] Самата Парл почина на 22 август 2013 година во Амстелвен, на 92-годишна возраст.[4]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Продолжени изданија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]Разно
[уреди | уреди извор]- Парл се појавила во 18. епизода од британска документарна серија Светот во војна (1973–74).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Jetty Paerl“. joodsamsterdam (холандски). Посетено на 14 мај 2023.
- ↑ „Jetje van Radio Oranje“. Muziekweb. Посетено на 14 мај 2023.
- ↑ West, Chris (17 мај 2015). „Take note: a song for Europe helped spark the flares of freedom“. Sunday Times. ProQuest 1681146040.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Zangeres Jetty Paerl (92) overleden“. Volkskrant (холандски). Посетено на 14 мај 2023.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Jetty Paerl“. Discogs (англиски). Посетено на 14 мај 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јети Парл на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник — |
Холандија на Евровизија 1956 |
Наследник Кори Брокен со Voorgoed voorbij |
|
|
- Починати во 2013 година
- Родени во 1921 година
- Кадар на Кралската холандска армија во Втората светска војна
- Холанѓанки од 20 век
- Натпреварувачи на Националниот фестивал на песната (Холандија)
- Натпреварувачи на Евровизија 1956
- Натпреварувачи на Евровизија за Холандија
- Членови на холандскиот отпор
- Холандски Евреи музичари
- Музичари од Амстердам
- Холандски пејачки