Мате Алтери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мате Алтери
Роден(а)12 септември 1927(1927-09-12)
XVII Округ, Париз, Франција
ЖанровиОперета, француска поп музика, мјузикхол, тонска синхронизација
ЗанимањаОперска пејачка
Период на активност1950-2000

Мате Алтери (француски правопис и изговор: ​Mathé Altéry, mate alteʁi], родена како Мари-Терез Рене Мишелин Алтар (Marie-Thérèse Renée Micheline Altare), 12 септември 1927 година) ― француски сопран истакнат во 1950-тите и 1960-тите. Мате Алтери е ќерка на тенорот Марио Алтери.

Кариера[уреди | уреди извор]

Алтери е родена во Париз. Таа ја започнала својата пејачка кариера во Шербур-Октевил, Манш, Нормандија, каде што работел нејзиниот татко во тоа време. Откако студирала класична музика, Алтери започнала како хорист во Театарот „Шатле“ во Париз, во оперетата „Ани од Дивиот Запад“ (Annie du Far-West). Во 1956 година, Алтери ја претставувала Франција на првата Евровизија, со песната „Le temps perdu(Изгубено време). За време на првиот натпревар била прогласена само победничката песна, па затоа не се знае рангот на нејзината песна. Согласно 2022 година, таа е најстариот жив натпреварувач на Евровизија.

Признанија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
нема
Франција на Евровизија
1956
Дани Доберсон
со Il est là)
Наследник
Пол Десјаржан
со La belle amour