Прејди на содржината

Јавал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јавал
Јавал, син на Ламех, со својата овца и куче
Занимањеовчар
Познат(а) попраотец на сите овчари
РодителиЛамех (татко)
Ада (мајка)
РодниниЈувал (брат)
Тувал-Каин (полубрат)
Ноема (полусестра)

Јавал (библиски хебрејски: יבל) — старозаветна личност во книгата Битие, син на Ламех и Ада, брат на Јувал, татко (праотец) на оние што живеат во шатори со стада (бедуини).[1][2]

Авел бил првиот овчар, додека Јавал бил веројатно првиот што имал различни видови стада, со кои се движел од место на место и со тоа го означил почетокот на овчарскиот номадски живот.[3]

Варијанти на пишување на името

[уреди | уреди извор]

Покрај името Јавал, постојат и пишувања:

  • Јовал
  • Јабал

Потеклото и значењето на името е непознато, некои извори го извлекуваат од староеврејското „Јувал“ (староеврејски: יובל‎, букв. поток). Други извори сметаат дека неговото име доаѓа од името „Јабал“ (букв. рог) и го поврзуваат со неговото главно занимање како овчар.[4]

Семејна лоза

[уреди | уреди извор]

Јавал, потомок на Каин, бил син на Ламех и Ада. Тој бил брат на Јувал и полубрат на Тувал-Каин и Ноема. Познат е како „татко (праотец) на сите што живеат во шатори и одгледуваат добиток“.

АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет

Френсис Најџел Ли го толкува Битие 4:20 за да претположи дека Јавал бил и „татко на сите сточари“ и „татко на сите жители на шатори“. Ли го гледа Јавал како пионер во сточарството и земјоделската технологија, како и во архитектурата. Тој, исто така, верува дека Јавал веројатно бил ткајач, што го прави пионер во индустријата за облека.[5]

Меѓутоа, Гордон Венам го гледа Јавал како првиот човек што живеел со стада, означувајќи го како „татко на бедуинскиот начин на живот“. Венам истакнува дека додека Авел живеел од своите стада, Јавал можел да тргува користејќи ги своите животни, што претставува културен напредок.[6]

  1. Рождественский В. Г. Бытие // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски)
  2. Битие 4:20
  3. Иавал // Библейская энциклопедия архимандрита Никифора. — М., 1891—1892. (руски)
  4. Каменецкий А. С. Ябал // Еврейская энциклопедия Брокгауза и Ефрона. — СПб., 1908—1913. (руски)
  5. Francis Nigel Lee, The Central Significance of Culture (Presbyterian and Reformed, 1976), 29.
  6. Gordon Wenham, Genesis 1-15 (Word, 1987), 113.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]