Ѓорѓи Скопјанчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Đorđe Ristić Skopljanče.jpg
Роден 6 август 1883
Пеќ, Османлиско Царство
Починал 27 јануари 1911
Ниш, кралство Србија

Ѓорѓе Ристиќ (Пеќ, 6 август 1881Ниш, 27 јануари 1911), наречен Скопјанчето, бил српски четнички војвода, кој делувал во Стара Србија и Македонија

Биографија[уреди | уреди извор]

Писмо од Белград до Генералниот Конзулат на Србија во Скопје, односно барање да го стави Ѓорѓе Скопјанчето на плата, исплатена од буџетот на Конзулатот. (Белград, 21 декември 1909)

Завршил гимназија во Скопје, а потоа се запишал во Подофицерска школа во Белград во 1904. Откако се стекнал со чин наредник, ја преминал српско-турската граница, и започнал со четникување. Поради покажана храброст, во 1905 година стекнал звање војвода. Учествувал во битките на Гуглин, Петралица и Челопек во 1905 година. Негов реон била кумановската околина, каде често се судирал со бугарскиот војвода Крста Коњушки.

Умрел од последица на долготрајното четникување, и нарушено здравје поради долго живеење на отворено при лоши временски услови.[1][2]

Закопан е во Ниш, каде му е подигнат споменик во 1913 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. П. Пешић, Четнички покрет у Краљевини Србији 1903-1918, Кргујевац 2007, 385
  2. П. Д. С., Јеринић, Војводе из четничке акције у Старој Србији и Маћедонији 1903-1912, Добровољачки гласник, бр. 32, Београд 2008, 32