Црвеноклуна блатна кокошка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвеноклуна блатна кокошка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Жеравовидни
Фамилија: Блатни кокошки
Род: Gallinula
Вид: Црвеноклуна блатна кокошка
Биномен назив
Gallinula chloropus
(Linnaeus, 1758)
подвидови

види во текстот

Распространетост
Жолто: лето, размножување
Сино: преку цела година, постојан жител
Зелено: зимување.
Синоними

Gallinula brodkorbi McCoy, 1963
Gallinula galeata

Црвеноклуната блатна кокошка (науч. Gallinula chloropus) е птица од фамилијата блатни кокошки која има речиси светска распространетост. Но, орнитолошките здруженија на Северна и Јужна Америка гласаа во јули 2011 година да ја издвојат американската форма на оваа птица во посебен вид, имплементирајќи ја одлуката веднаш, но другите светски здруженија сè уште не ја промениле таксономијата.[2] Оваа птица ја има и во Македонија.


Опис[уреди]

Нозете на црвеноклуната блатна кокошка

Црвеноклуната блатна кокошка е многу специфичен вид, со темно перје одозгора, бело под опашката, жолти нозе и црвен штит на лицето. Младенчињата се покафеави и немаат црвено на лицето. Имаат широк спектар жабурливи повици, а гласно с’скаат кога се во опасност. [3] Тие се средни до големи блатни кокошки со должина од 30 до 38 см, распон на крилјата од 50 до 62 см и тежина од 192 до 500 грама.[4][5]

Таа е вообичаена птица во мочурливите предели и езерцата со бујна вегетација. Популациите од посеверните предели каде езерата замрзнуваат, како јужна Канада, северни САД, источна Европа, се птици преселници. Оваа птица се храни со разни растенија и мали водни животни. Тие „пасат“ крај или во плитката вода. Вообичаено се прикриени во вегетацијата, но знаат да бидат и питоми. И покрај загубата на живеалиштата, тие се широко распространети. Се борат за својата територија. Гнездото им претставува кошничка на земјата или во густата вегетација. Лежењето им започнува напролет и обично несат околу 8 јајца. Второто легло е послабо со 5-8 јајца. Гнездото подоцна може да го употреби друга женка. Инкубацијата трае околу 3 недели, а ја извршуваат обата родитела. И малечките ги хранат двајцата родители. Малите се оперјуваат по 40-50 дена, а по неколку недели сатнуваат независни. Може да создадат свое легло следната пролет. Кога се во опасност, малечките може да се закачат на телото од родителот, по што тој одлетува на посигурно место.[6][3]

Статус[уреди]

Иако на некои места популацијата им се намалува, сепак, оваа птица е широко распространета и вообичаена, па според класификацијата спаѓа во вид со најмала загриженост.[1][1]

Подвидови[уреди]

Има дванесетина подвида кои денес се сметаат за валидни, а неколку кои се прифатени како синонимски.

Листа на подвидови според датата на опис
Име Опис Распространетост
Црвеноклуна блатна кокошка
G. c. chloropus (Linnaeus, 1758)
Вклучувајќи ги и correiana и indica.
Kokoszka(Grzecho Lukasik).jpg
Крилјата и грбот се црномаслинести Распространета е од севрозападна Европа до севeрна Африка, на исток до централен Сибир и југоисточна Азија, до Јапонија.
G. c. galeata (Lichtenstein, 1818)
Gallinula galeata 1 (2).jpg
Крилјата и грбот се кафеносивкави. Ја има во Тринидад и Тобаго и од Бразил јужно до Амазон, северна Аргентина и Уругвај.
G. c. orientalis (Horsfield, 1821) Помала е, со светлосивкави горни делови на крилјата и голем штит на лицето. Ја има на Сејшелите, Андамански и Никобарски Острови, јужна Малезија, преку Индонезија; а исто така и на Филипините и Палау. Во Микронезија популацијата е присутна од 1980-тите, веројатно од овој подвид, или од пореткиот G. c. guami.[7][8]
G. c. meridionalis (C. L. Brehm, 1831) Слична на orientalis, но со помал штит на лицето. Ја има во супсахарна Африка и на Света Елена.
G. c. pyrrhorrhoa (Newton, 1861) Слична на meridionalis, но под опашката е кремава. Ја има на островите Мадагаскар, Реинион, Маврициус и Комори.
G. c. garmani (Allen, 1876) Слична на galeata, но поголема. Ја има на Андите, од Перу до северозападна Аргентина.
G. c. sandvicensis (Streets, 1877)
Hawaiian Common Gallinule RWD3.jpg
Има голем фацијален штит; телото е црвеникавопортокалово однапред. Ендемски вид на Хаваите.[9]
G. c. cerceris (Bangs, 1910)
Gallinula galeata female nest.jpg
Има долг клун, големи стапала и е помалку кафеава одозгора. Ја има на Антилите, без Тринидад и Тобаго и Барбадос; и во јужна Флорида.
G. c. cachinnans (Bangs, 1915)
Gallinula galeata NBII.jpg
Слична на cerceris, но боите на горниот дел се слични на chloropus. Распространета е во југоисточна Канада, преду САД, до западна Панама; како и на Галапагос и Бермуда.
G. c. pauxilla (Bangs, 1915) Слична на cerceris, но помала. Ја има во низинските предели на источна Панама јужно до северозападен Перу.
G. c. guami (Hartert, 1917)
Перјето на телото е многу темно. Ендемичен вид во северни Маријански Острови, но види и G. c. orientalis погоре.
G. c. barbadensis (Bond, 1954) Слична на cerceris, но со посветли глава и врат и помалку сивкаво одозгора. Ендемичен на Барбадос.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Gallinula chloropus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106002937. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Chesser, R. Terry, Richard C. Banks, F. Keith Barker, Carla Cicero, Jon L. Dunn, Andrew W. Kratter, Irby J. Lovette, Pamela C. Rasmussen, J. V. Remsen, James D. Rising, Douglas F. Stotz, Kevin Winker (2011). „Fifty-second supplement to the American Ornithologists' Union Check-List of North American Birds“. „Auk“ 128 (3): 600–613. doi:10.1525/auk.2011.128.3.600. 
  3. 3,0 3,1 Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998). „The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM“. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1. 
  4. Common moorhen videos, photos and facts – Gallinula chloropus. ARKive. Retrieved on 2013-02-25.
  5. Common Gallinule, Life History, All About Birds – Cornell Lab of Ornithology. Allaboutbirds.org. Retrieved on 2013-02-25.
  6. Mann, Clive F. (1991). „Sunda Frogmouth Batrachostomus cornutus carrying its young“. „Forktail6: 77–78. http://www.orientalbirdclub.org/publications/forktail/6pdfs/Mann-Frogmouth.pdf. 
  7. Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000). „Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999“. „Micronesica“ 32 (2): 257–284. http://www.uog.edu/up/micronesica/dynamicdata/assetmanager/images/vol32/wiles_etal.pdf. 
  8. Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004). „New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003“. „Micronesica“ 37 (1): 69–96. http://www.uog.edu/up/micronesica/Vol37abstracts.asp. 
  9. ʻAlae ʻUla or Hawaiian Moorhen“ (PDF). „Hawaii’s Comprehensive Wildlife Conservation Strategy“. State of Hawaiʻi. 1 октомври 2005. http://www.state.hi.us/dlnr/dofaw/cwcs/files/NAAT%20final%20CWCS/Chapters/Terrestrial%20Fact%20Sheets/Waterbirds/hawaiian%20moorhen%20NAAT%20final%20!.pdf. конс. 18 март 2009. 

Надворешни врски[уреди]