Живеалиште (екологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на овој поим, видете Живеалиште.

Живеалиште, станиште или хабитат (англ. habitat) e секоја еколошка или околна средина која е населена со одреден вид (или популација) на животно, растение или друг тип на организам. Поимот ареал има слично значење, но може да се употребува за таксони од секаков ранг (вид, род, класа итн.), на пример, може да се зборува за „ареал на цицачите“ и сл.

Живеалиштата на микроорганизмите се означуваат и како микроживеалишта или микрохабитати. На овој начин се потенцира нивната различна природа. Микроживеалишта можат да бидат дури и претставниците на други видови, на пример, кората на дрвјата, цревата на човекот и др., а овој поим се користи и при опишувањето на физичките потреби на одреден организам или популација во мали рамки.

Во рамките на секој екосистем има многу разни места каде што живеат животните. Во дождовните шуми, на пр., животните живеат во горниот дел на бујната вегетација на дрвјата или во плодната почва под нив. И двете места се живеалишта.