Блатни кокошки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Блатни кокошки
Gallinula tenebrosa
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Инфракласа: Птици летачи
Ред: Жеравовидни
Подред: Блатни кокошки
Фамилија: Блатни кокошки
Vigors, 1825
Видови

види во текстот.

Блатните кокошки (науч. Rallidae) се голема космополитски распростанета фамилија од мали до средно големи птици. Фамилијата содржи разновидни примероци кои живеат на влажни места, на крајбрежјата, но и на копното, освен во пустините и поларните региони. Распространети се на сите континенти, освен на Антарктикот. Има голем број островски видови. Највообичаено живеалиште им се мочуриштата или густите шуми, а најчесто се среќаваат во густата вегетација.[1]

Опис[уреди]

Porphyrio hochstetteri одзади, каде се гледаат кратките, меки, пувкасти пердуви, типични за безлетните кокошки

Блатните кокошки се релативно хомогена фамилија на мали до средно-големи птици, што живеат на земја. Различните видови можат да бидат долги од 12 до 63 см, а да тежат од 20 грама до 3 килограми. Некои од видовите имаат долги вратови кои буквално им се компресирани. Клуновите им се најразлични, кај некои е подолг од главата, кај некои е кус, кај други, пак, е масивен или краток и широк. [2] Покажуваат слабо изразен полов диморфизам, во перјето или големината.

Лет и безлетност[уреди]

Крилјата на сите блатни кокошки се кратки и заокруглени. Летот на оние видови кои се способни за лет, иако не е моќен, e постојан и трае подолго време, па многу видовите се птици преселници. Слабоста на нивниот лет придонесува тие често да бидат оддувани од курсот на летање и на тој начин да станат скитници и да колонизираат многу изолирани океански острови. Исто така, овие птици често претпочитаат да трчаат отколку да летаат, особено во живеалиштето со густа вегетација. Некои од нив се безлетни во периодот на митарење. [3]

Многу од видовите кои живеат на изолираните острови се безлетни, зашто немаат потреба од летање. Таму нема опасни грабливки, а и немаат потреба од селидба. Летот бара особено напрегање на стомачните мускули за да ја крене тешката птица во воздух. Но, кај нив се редуцирани мускулите за летање и од овие причини безлетноста е полесниот начин за преживување на колонизираните острови. [4][5] Тие се прилагодиле за живот со крилја кои се потребни да ја одржат рамнотежата за брзо трчање. [6] Уште една причина за безлетноста е климата на островите која им овозможува да бидат постојани жители, без потреба да мигрираат на долги растојанија.[7]

Однесување[уреди]

Блатни кокошки се хранат крај трски

Во принцип, членовите на фамилијата блатни кокошки се сештојади. Многу видови јадат без'рбетници, овошје или садници. Неколку видови се првенствено тревојади.[1] Повиците се различни и често многу гласни. Некои од нив свиркаат, други квичат, додека има такви кои не звучат како птици.[8] Силните повици им користат во густата вегетација или ноќе кога не можат да се видат. Некои од огласувањата се територијални.[2]

Типично живеалиште за оваа фамилија птици се пределите со густа вегетација крај езера, мочиришта или реки. Особено омилено живеалиште се местата со густи трски. Оние видови што се преселници, преселбата ја вршат ноќе.

Гнездат во густата вегетација. Претежно се „срамежливи“, таинствени и тешки за набљудување. Повеќето видови одат и трчаат со силните нозе и имаат долги прсти кои се добро прилагодени на меките, нерамни површини. Претежно имаат кратки, заоблени крила и иако се слаби летачи, сепак се способни да поминат долги растојанија. Островските видови често стануваат безлетни, и многу од нив се изумрени, особено по доведувањето на копнените грабливци како: мачките, стаореците и свињите.

Размножување[уреди]

Размножувањето на многу видови од оваа фамилија е непознато и недоволно проучено. Се смета дека повеќето од нив се моногамни, но има и такви кои се полигамни и полиандрични.[9] Најчесто несат 5-10 јајца. Пилињата се подвижни по неколку дена. Зависат од родителите додека не се здобијат со перје, што се случува по околу еден месец од испилувањето.


Систематизација[уреди]

Семејството на блатните кокошки, заедно со жеравите и дроплите го сочинуваат редот на жеравовидните.

Родови[уреди]

Rallina fasciata
Rallus aquaticus
Младнече дамчеста барска кокошка (Porzana porzana)
  • Himantornis (1 вид)
  • Sarothrura (9 вида)
  • Canirallus (3 вида)
  • Coturnicops (3 вида)
  • Micropygia (1 вид)
  • Rallina (8 вида)
  • Anurolimnas (3 вида)
  • Atlantisia (1 вид)
  • Laterallus (10 вид)
  • Nesoclopeus (1 жив вид, 1 неодамна изумрен)
  • Gallirallus (11-12 живи видови, 3-5 неодамна изумрени)
  • Rallus (околу 9 вида)
  • Lewinia (3 вида; понекогаш систематизирани во Rallus)
  • Dryolimnas (1 жив вид, 1 неодамна изумрен)
  • Crecopsis (1 вид, понекогаш систематизиран во Crex)
  • Crex (1 вид)
  • Rougetius (1 вид)
  • Aramidopsis (1 вид)
  • Aramides (8-9 живи видови, можен 1 неодамна изумрен)
  • Amaurolimnas (1 вид)
  • Gymnocrex (3 вида)
  • Amaurornis (9 вида)
  • Porzana (13 живи видови, 4-5 неодамна изумрени)
  • Aenigmatolimnas (1 вид)
  • Cyanolimnas (1 вид)
  • Neocrex (2 вида)
  • Pardirallus (3 вида)
  • Eulabeornis (1 вид)
  • Habroptila (1 вид)
  • Megacrex (1 вид)
  • Gallicrex (1 вид)
  • Porphyrio (6 живи вида, 2-5 неодамна изумрени)
  • Gallinula (вклучувајќи ги и Edithornis и Pareudiastes; 7-9 живи видови, 1-3 неодамна изумрени)
  • Fulica (околу 10 живи, 1 неодамна изумрен вид)

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Horsfall & Robinson (2003): pp. 206-207
  2. 2,0 2,1 Horsfall & Robinson (2003): стр. 208
  3. Horsfall & Robinson (2003): p. 209
  4. McNab & Ellis (2006)
  5. McNab (1994)
  6. Slikas et al. (2002)
  7. McNab 2002
  8. Horsfall & Robinson (2003): p.207
  9. Horsfall & Robinson (2003): pp. 209-210
  • Ballmann, Peter (1969): Les Oiseaux miocènes de la Grive-Saint-Alban (Isère) [The Miocene birds of Grive-Saint-Alban (Isère)]. Geobios 2: 157-204. [French with English abstract] doi:10.1016/S0016-6995(69)80005-7 (HTML abstract)
  • BirdLife International (BLI) (2007): Wake Island Rail BirdLife Species Factsheet. Retrieved 2007-07-04.
  • Boles, Walter E. (2005): A New Flightless Gallinule (Aves: Rallidae: Gallinula) from the Oligo-Miocene of Riversleigh, Northwestern Queensland, Australia. (2005) Records of the Australian Museum 57(2): 179–190. ODF fulltext
  • Gál, Erika; Hír, János; Kessler, Eugén & Kókay, József (1998–99): Középsõ-miocén õsmaradványok, a Mátraszõlõs, Rákóczi-kápolna alatti útbevágásból. I. A Mátraszõlõs 1. lelõhely [Middle Miocene fossils from the sections at the Rákóczi chapel at Mátraszőlős. Locality Mátraszõlõs I.]. Folia Historico Naturalia Musei Matraensis 23: 33-78. [Hungarian with English abstract] PDF fulltext
  • Granjon, L., and G. Cheylan (1989): The fate of black rats (rattus-rattus, l) introduced on an island, as revealed by radio-tracking. Comptes Rendus De L Academie Des Sciences Serie Iii-Sciences De La Vie-Life Sciences 309:571-575.
  • Horsfall, Joseph A. & Robinson, Robert (2003): Rails. In: Perrins, Christopher (ed.): Firefly Encyclopedia of Birds. Firefly Books.
  • Hugueney, Marguerite; Berthet, Didier; Bodergat, Anne-Marie; Escuillié, François; Mourer-Chauviré, Cécile & Wattinne, Aurélia (2003): La limite Oligocène-Miocène en Limagne: changements fauniques chez les mammifères, oiseaux et ostracodes des différents niveaux de Billy-Créchy (Allier, France) [The Oligocene-Miocene boundary in Limagne: faunal changes in the mammals, birds and ostracods from the different levels of Billy-Créchy (Allier, France)] [French with English abstract]. Geobios 36(6): 719–731. doi:10.1016/j.geobios.2003.01.002 (HTML abstract)
  • Kirchman, J. J. (2012): Speciation of flightless rails on islands: A DNA-based phylogeny of the typical rails of the pacific. Auk 129:56-69.
  • McNab, B.K. (1994): Energy conservation and the evolution of flightlessness in birds. Am. Nat. 144(4): 628-642. HTML abstract and first page image
  • McNab, B.K. (2002): Minimizing energy expenditure facilitates vertebrate persistence on oceanic islands. Ecology Letters 5:693-704.
  • McNab, B.K. & Ellis, H.I. (2006): Flightless rails endemic to islands have lower energy expenditures and clutch sizes than flighted rails on islands and continents. Comparative Biochemistry and Physiology A - Molecular & Integrative Physiology 145(3): 295-311. doi:10.1016/j.cbpa.2006.02.025 (HTML fulltext)
  • Mlíkovský, Jirí (2002): Cenozoic Birds of the World, Part 1: Europe. Ninox Press, Prague. Шаблон:Listed Invalid ISBN PDF fulltext
  • Perret, P., and J. Blondel (1993): Experimental-evidence of the territorial defense hypothesis in insular blue tits. Experientia 49:94-98.
  • Olson, Storrs L. (1985): Section X.D.2.b. Scolopacidae. In: Farner, D.S.; King, J.R. & Parkes, Kenneth C. (eds.): Avian Biology 8: 174-175. Academic Press, New York.
  • Slikas, B.; Olson, Storrs L. & Fleischer, R.C. (2002): Rapid, independent evolution of flightlessness in four species of Pacific Island rails (Rallidae): an analysis based on mitochondrial sequence data. J. Avian Biol. 33(1): 5-14. doi:10.1034/j.1600-048X.2002.330103.x (HTML fulltext)
  • Steadman, David William (2006): Extinction and Biogeography of Tropical Pacific Birds. University of Chicago Press. ISBN 0-226-77142-3.
  • Worthy, Trevor H.; Tennyson, A.J.D.; Jones, C.; McNamara, J.A. & Douglas, B.J. (2007): Miocene waterfowl and other birds from central Otago, New Zealand. J. Syst. Palaeontol. 5(1): 1-39. doi:10.1017/S1477201906001957 (HTML abstract)