Цветовска Река — река јужно од Скопје во пределот Торбешија. Поминува низ селото Цветово и се влева во Маркова Река[1], од нејзината десна страна веднаш наспроти Марковиот манастир. Зафаќа сливно подрачје од 33,1 км2[1]. Оваа река периодично е богата со вода, а како и сите останати водени текови во сливот на Маркова Река се одликува со големо колебање на водостојот: после топењето на снегот и силни дождови нагло надоаѓаат, додека лете скоро пресушуваат[2].