Пржал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пржал

Поглед на врвот Пржал на сртот на Јакупица
Висина &100000000000023390000002.339 м
Место Македонија Македонија
ВенецЈакупица, Мокра Планина
Најлесна патекатрансферзала „Македон“

Пржалврв на планината Јакупица на масивот Мокра. Неговата надморска височина изнесува 2339 метри. Се наоѓа веднаш непосредно до највисокиот врв Солунска Глава од неговата источна страна, на сртот на огранката Јакупица од каде што започнуваат билата Горна и Долна Јакупица. Целиот негов состав е од карпи и каменеста почва, обрасната со реткото зимзелено растение - џуџест бор „кривул“, поради што тој има сива и темнозелена-црна боја. На север од него широко се протега Бегово Поле, јужно од него е гребенот на познатите Нежиловски Стени кој започнува со многу стрмна провалија во која се наоѓаат изворите на малиот поток Бела Река кој е всушност изворишна челенка на Бабуна, кон запад преку срт со височина 2273 метри се спојува со врвот Солунска Глава, додека на исток преку котите високи 2203 и 2178 метри завршува над разрушениот планинарски дом „Исак Русо“ и долот Долно Бегово на Бегова Река од каде истекува Тополка.

Галерија[уреди | уреди извор]