Бегово Поле
Бегово Поле е карстно поле на планинскиот масив Јакупица на северната страна од врвот Солунска Глава.
Полете се наоѓа на надморска висина од околу 2000 метри. Долго е околу 1,5 километар, a широко околу 500 до 1000 метри, со благ пад накај запад. Низ него тече мало поточе кое формира неколку езерца и локви, па потоа понира во понира во најниската точка. На крајот на полето видлива е длабока јама која е полна со снег. Се верува дека водата која понира на Бегово поле, извира од другата страна на Солунска Глава, во изворите на Бабуна.
Од 2000-та година се вршени повеќе спелеолошки истражувања во карстниот регион околу Солиунска Глава. Се верува дека под врвот има огромни резервоари за вода, што се поистоветува со старото локално име за масивот Мокра Планина [1][2].
На Бегово поле летно време функционираат неколку бачила, и се користи како високо пасиште за овци и коњи. Од 2007 година, планинарското друштво КПС Македон организира традиционална забава на Бегово Поле во предпоследниот викенд во Јуни.
Наводи[уреди]
- ↑ „Спелео нуркачи од Белгија и Македонија истражуваа кај Бабуна“. Форум. http://www.forum.com.mk/25847. проверено на 14 септември 2010.
- ↑ „Јакупица има вода за третина Македонија“. Dnevnik. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6896074CB07FF64582AD4B595C1CD187. проверено на 14 септември 2010.