Средна Маала

Координати: 41°23.15′N 23°16.29′E / 41.38583° СГШ; 23.27150° ИГД / 41.38583; 23.27150
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тополник)
Средна Маала
Μεσαία
Средна Маала is located in Грција
Средна Маала
Средна Маала
Местоположба во областа
Средна Маала во рамките на Синтика (општина)
Средна Маала
Местоположба на Средна Маала во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°23.15′N 23°16.29′E / 41.38583° СГШ; 23.27150° ИГД / 41.38583; 23.27150
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&10000000000000310000000310 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Средна Маала или Орта Маала (грчки: Μεσαία, Месеја; до 1927 г. Ορτά Μαχαλέ, Орта Махале,[1] Ορτά Μαχαλά, Орта Махала[2][3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, источно од денешната бугарско-грчка граница.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале Горна Маала (Дере Мааала) и Долна Мала (Ашаја Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село во 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Средна Маала (Срѣдня Махала) било село во Петричката каза со 390 жители, сите Турци.[9] Истовремено во Демирхисарска кааза К’нчов посочува и село Средни Тополник (Срѣдни Топалникъ) со 450 жители Турци.[10]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото е заведено со 478 жители.[5] На 28 декември 1919 г. е создадена општината Дере Маала,[5] во која влегле Горна и Долна Маала, јуручкото село Хан Дере и македонското село Тополница. Во 1920 г. селото имало 434 лица.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доселени грчки колонисти.[5] Така, во 1928 г. Средна Маала е претставена како чисто дојденско село со 502 жители (153 семејства).[11]

Во 1940 г. Средна Маала е евидентирана со 295 жители, од кои 210 биле мажи, што значи дека тука била сместена погранична воена единица.[5] Селото е евакуирано со воена заповед на 13 март 1941 г. малку пред германската инвазија, и населението е преместено во блиски села, па и други делови на Грција.[3] По војната тоа не било обновено бидејќи е гранично.[5] Отпишано е во 1961 г.[3] Атарот е припоен кон оној на Ветрен, каде се префрлиле голем дел од жителите.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1915). Απαρίθμησις των Κατοίκων των Νέων Επαρχιών της Ελλάδος του Έτους 1913 (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 49.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 13 декември 2022.
  4. Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1921). Πληθυσμός του Βασιλείου της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 19 Δεκεμβρίου 1920 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 282.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 5,8 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 203–204. ISBN 9989-9819-6-5.
  6. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  7. Влаховъ, Георги Д (1904). Карта България. Съставена по най-новитѣ карти на Сръбския, Българския и Руския Генерални Щабове съ допълнителни изменения на съобщенията по свѣдения, дадени отъ г. г. Окрѫж. Инженери, чрѣзъ Министерството на Обществ. Сгради и пр. Статистическитѣ свѣдения сѫ взети отъ Дирекцията на Статистиката по послѣднитѣ и нови прѣброявания. София: Лит. Рах. Нисимовъ & Иванъ Празе.
  8. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 187. ISBN 954430424X.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012