Средна самогласка од среден ред

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средна самогласка од среден ред
ə
МФА-бр. 322
Шифрирање
Единица (дек.) ə
Уникод (хекс.) U+0259
X-SAMPA @
Киршенбаум @

 
Табела на самогласки по МФА
Предни Речиси​предни Средни Речиси​задни Задни
Затворени
Blank vowel trapezoid.svg
iy
ɨʉ
ɯu
ɪʏ
ʊ
eø
ɘɵ
ɤo
ə
ɛœ
ɜɞ
ʌɔ
æ
aɶ
ä
ɑɒ
Речиси затворени
Полузатворени
Средни
Полуотворени
Речиси отворени
Отворени
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена

Помош за МФА • легенда • табела • Loudspeaker.svg табела со звуци • погл.

Средната самогласка од среден ред (наречена и темен глас или шва) е вид на самогласка присутна во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ə⟩ (свртено мало е). Истиот симбол важи како за незаоблената, така и за заоблената варијанта на гласот.

Во македонскиот јазик самогласката се нарекува „темен глас“ се бележи со апостроф () и се среќава во поретки зборови, архаизми или дијалектизми како „к’смет“, „Д’мбени“ и сл. Нема самостојна функција во јазикот. Во последниот случај, апострофот се вметнува кога претставката завршува на самогласка.[1]

Незаоблена[уреди]

Средната незаоблена самогласка од среден ред честопати се преставува со симболот [ə], но тој самиот по себе не ја означува незаобленоста. Ако се јави потреба од прецизност, тогаш се користи симболот за полузатворената незаоблена самогласка од среден ред со дијакритички знак за снижување: [ɘ̞].

Особености[уреди]

  • Според висината, самогласката е средна, што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на полузатворена и положбата на полуотворена самогласка.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е средна, што значи дека јазикот се става во средината помеѓу редот на предните и редот на задните самогласки.
  • Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.

Јазици[уреди]

Јазик Збор МФА Значење Белешки
адигејски зы [zə]  еден
албански është [ˈəʃtə] е
англиски највеќето дијалекти Tina [ˈtʰiːnə] Тина Ослабена самогласка.
во Велс[2] bust [bəst] гради Може да биде и поназад.
велшки Cymru [ˈkəmrɨ]  Велс
германски[3] bitte [ˈbɪtə] молам
ерменски ընկեր [əŋˈkɛɹ] другар
западнофризиски gewoan [ɡəˈʋoǝn] нормален
кабардински щы [ɕə]  три
каталонски amb [əm(b)] со
кашупски jãzëk [jãzək] јазик
македонски к’смет [kəsmɛt] к’смет Не се смета за посебен глас. Погл. Фонологија на македонскиот јазик
палауански tilobęd [tilobəd] дојде
паштунски غوښه [ˈɣwəʂa] месо
португалски европски[4] pagar [pɜ̝ˈɡaɾ] плаќа Може да биде и поблиску до речиси отворената самогласка [ɐ] во Бразил.[5]
романски măr [mər] јаболко
руски это [ˈɛtə]  тоа
холандски beter [ˈbeːtər] подобар Погл. Фонологија на холандскиот јазик

Заоблена[уреди]

Некои јазици имаат средна заоблена самогласка од среден ред (заоблено [ə]), што ја разликуваат од полузатворените и полуотворените самогласки. Меѓутоа ниеден јазик не ги разликува сите три, па така средната нема свој симбол во МФА. За таа цел се користи симболот [ɵ] (полузатворена заоблена самогласка од среден ред). Доколку се јави потреба од прецизност, се користи дијакритички знак за снижување: [ɵ̞].

Особености[уреди]

  • Според висината, самогласката е средна, што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на полузатворена и положбата на полуотворена самогласка.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е средна, што значи дека јазикот се става во средината помеѓу редот на предните и редот на задните самогласки.
  • Според обликот на усните, самогласката е заоблена, што значи дека усните заземаат позатегнат округол облик.

Јазици[уреди]

Јазик Збор МФА Значење Белешки
западнофризиски skowe [ˈskoːwə] бутка
руски[6][7] тётя [ˈtʲɵ̞tʲə] тетка Алофон на /o/ кога стои до омекнати согласки.
француски[8] je [ʒɵ̞] јас Може да биде понапред кај разни говорници.
холандски kopen [ˈkoːpən] купува Погл. Фонологија на холандскиот јазик
шведски energi [ˌɛnːərˈɧiː] енергија Ненагласен алофон на /ɛ/

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Кепески, Круме (1990). „Граматика на македонскиот литературен јазик“ (X издание). Скопје: Просветно Дело. стр. 61. 
  2. Wells (1982:380–381)
  3. http://www.uiowa.edu/~acadtech/phonetics/#
  4. Cruz-Ferreira (1995:91)
  5. Barbosa & Albano (2004:229)
  6. Jones & Ward (1969:62–63)
  7. Crosswhite (2000:167)
  8. Fougeron & Smith (1993:73)

Библиографија[уреди]