Отворена самогласка
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Табела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
| Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Помош за МФА • легенда • табела • |
|||||||||||||||||||
Отворена самогласка е самогласка чиј звук се создава со јазикот што подалеку од горниот дел на устата. Ваквите самогласки понекогаш се нарекуваат и ниски самогласки поради тоа што јазикот се држи ниско кога се изговараат.[1] Во македонскиот јазик единствена ниска самогласка е а.[1] Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве отворени самогласки:
- отворена предна незаоблена самогласка [a] (мак. а)
- отворена предна заоблена самогласка [ɶ][2]
- отворена средна незаоблена самогласка [ä]
- отворена задна незаоблена самогласка [ɑ]
- отворена задна заоблена самогласка [ɒ]
Во контекст на фонологијата на извесен јазик, ниска самогласка е секоја самогласка што е поотворена од средна. Ова значи дека полуотворените, речиси отворените и отворените самогласки можат групно да се сметаат за ниски самогласки.
Отворените самогласки се среќаваат во речиси сите јазици (исклучок е арапахо).
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Кепески, Круме (1990). „Граматика на македонскиот литературен јазик“ (X издание). Скопје: Просветно Дело. стр. 61.
- ↑ Оваа самогласка не се јавува како посебна фонема на [œ] во ниеден јазик.