Славејче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Славејче
Песна на славејот 
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Муварчиња
Род: Славеи
Вид: Славејче
Биномен назив
Luscinia megarhynchos
(Brehm, 1831)

Славејчето или славеј (науч. Luscinia megarhynchos) е мала врапчевидна птица од фамилијата на муварчињата. Таа е континентална птица позната по својата убава песна. Славејчето го има во Македонија.

Опис[уреди]

Славејче
Luscinia megarhynchos

Славејчето е малку поголемо од црвеногушката, долго 15-16,5 см. Светлокафено е одозгора, освен црвеникавата опашка. Одоздола е кремастобело. Половите се слични. Источните подвидови L. m. hafizi и L. m. africana се посветли одозгора со поизразена украсеност на лицето. Песната на славејчето[2] е опишана како еден од најпрекрасните звуци во природата, и служи како инспирација на создавање музика, приказни, опери, поезија.[3]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Славјчето е птица преселничка која се храни со инсекти и се размножува и е природен жител на шумовитите предели и грмушките во Европа и југозападна Азија, и не е природна неговата распространетост во Америка. Гнезди на земја во близина, или на самите грмушки. Зимува во јужна Африка. За географските параметри на живеалиштето, од рајнската област во Германија, се согласуваат со неколку параметри:.[4]

  • живее на помалку од 400 м надморска височина;
  • кога растат, температурата на воздухот не може да биде под 14°C;
  • повеќе од 20 дена годишно температурите да бидат над 25°C;
  • годишните врнежи да бидат помалку од 750 мм;
  • индексот на влажност да е помал од 0.35;
  • да нема затворена крошна на дрвјата.

Однесување[уреди]

Англискиот назив на птицата Nightingales (ноќна песнопојка), потекнува од тоа што птицата пее и ноќе исто како и дење. Тоа име се користи повеќе од 1,000 години. Порано писателите мислеле дека женките пејат, а тоа се всушност мажјаците. Песната е гласна, со импресивна палета на свиркање, треперење и црцорење. Таа е особено забележлива во текот на ноќта, затоа што и неколку други птици пеат. Само неспарените мажјаци пеат редовно во текот на ноќта, и ноќната песна веројатно служи за да се привлече партнер. Пеењето, пак, во раните утрински часови, точно пред изгрејсонце, се претпоставува дека е важно за одбраната на територијата на птиците. Славејќињата уште погласно пеат во урбаните или во места близу до урбаните за да ја надминат градската бучава.

Размножување[уреди]

Славејот пристигнува на местото за размножување во почетокот на април. Прво доаѓаат мажјаците околу 28 март, а женките пристигнуваат околу 12 април. Тие се територијални птици. Гнездото го поставуваат на ниско на дното на гранките или во грмушките, и го гради главно од стари листови,а внатрешниот дел е послан со тенки тревички. Обично, годишно имаат по две легла. Женката несе 4-5 темнозелени јајца кои се изведуваат по 14 дена. По изведувањето пилињата брзо добиваат пердуви, а на дванаесеттиот ден почнуваат да го напуштаат гнездото.

Односи со луѓето[уреди]

Славејот е важен симбол на поетите од различни времиња, со различни симболички значења. Хомер, на пример го прикажува славејот во „Одисејата“, во делот што укажува на митот за Филомела и Прокне, каде Зевс ги казнува претварајќи ги едната во славеј, другата во ластовичка.[5][6] Истиот мит е во фокусот на Софоклевата трагедија „Тереј“. Овидиј, исто така, во своите „Преобразби“, ја вклучува најпопуларната верзија од овој мит.[7] Поради насилствата поврзани со митот, песната на славејот долго време беше толкувана како жална.

Во ренесансата, еден од расказите во „Декамерон“ од Бокачо се вика „Славејчето“[8]. Тука, љубовта, страста и еротиката се поврзани со ноќта и песната на славејот.

Славејот, исто така, е инспирација за поетите.[9] Поетите го избраат славејот како симбол, зарди неговата креативна и навидум спонтана песна. Вергилиј ја споредува тагата на Орфеј со „жалната песна на славејот“.[10]

Шекспир во Сонет 102, ја споредува својата љубовна поезија со песната на славејот, спомнувајќи го митот за Филомела.

За време на романтизмот симболиката на птицата се смени уште еднаш: поетите го гледале славејот не само како поет, сам за себе, туку како „господар на вишата уметност, кој му дава вдахновение на човечкиот поет“. Меѓу позначајните песни на романтистичкиот поет Џон Китс се вбројува „Ода за славејот“ (1819).[11]

Во Македонија[уреди]

Традиционалниот и најпопуларниот фестивал за детски песни во Македонија се вика „Златно славејче“, јасно симболизирајќи и поврзувајќи го пеењето на децата со песната на славејот.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Luscinia megarhynchos. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106006593. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. British Library Sound Archive. British wildlife recordings: Nightingale, пров. на 29 мај 2013
  3. Maxwell, Catherine. "The Female Sublime from Milton to Swinburne: Bearing Blindness", Manchester University Press, 2001, pp. 26–29 ISBN 0719057523
  4. (германски) Wink, Michael (1973): " Die Verbreitung der Nachtigall (Luscinia megarhynchos) im Rheinland". Charadrius 9(2/3): 65-80. (PDF)
  5. Salisbury, Joyce E. (2001), „Women in the ancient world“, ABC-CLIO, стр. 276, ISBN 978-1-57607-092-5, http://books.google.com/books?id=HF0m3spOebcC&pg=PA276 
  6. Chandler, Albert R. (1934), „The Nightingale in Greek and Latin Poetry“, „The Classic Journal“ (The Classical Association of the Middle West and South, Inc.) XXX (2): 78–84, http://www.jstor.org/stable/3289944 
  7. Eliot, T.S. (1964), „The Waste Land and Other Poems“ (Signet Classic издание), New York, NY: Penguin Group, стр. 32–59, ISBN 978-0-451-52684-7 
  8. http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2009/10/blog-post_09.html
  9. Shippey, Thomas (1970), „Listening to the Nightingale“, „Comparative Literature“ (Duke University Press) XXII (1): 46–60, http://www.jstor.org/pss/1769299 
  10. Doggett, Frank (1974), „Romanticism's Singing Bird“, „Studies in English Literature 1500-1900“ (Rice University) XIV (4): 568, http://www.jstor.org/stable/449753 
  11. Doggett, Frank (1974), „Romanticism's Singing Bird“, „Studies in English Literature 1500-1900“ (Rice University) XIV (4): 570, http://www.jstor.org/stable/449753 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: