Декамерон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо, најверојатно започната во 1350 година, а завршена во 1353 година. Тоа е средновековно алегориско дело најдобро познато по љубовните приказни, кои се од еротска и трагична содржина. Се верува дека некои делови од приказните се поврзани со влијанието на Книгата на добра љубов. Многу значителни писатели како Џефри Чосер имаат извлечено инспирација за своите дела од Декамерон. Насловот е кованка од два грчки зборови што значат „десет“ (δέκα дека) и „ден“ (ἡμέρα хемера)[1].

Опис [уреди]

Имено, во Фиренца владее епидемија на чума и 7 девојки и 3 момчиња бегајќи од неа се засолнуваат во една вила во околината на градот. Времето го минуваат во прошетки, игри, забави и во пишување приказни. Тука тие остануваат 10 дена и секој ден откако ќе го избереле кралот/кралицата на денот, што ја имале задачата да раководат со забавата, тие требало и да ја одредат темата за новелата. Секој ден по еден член од дружината раскажувал по една новела. Така во десетте денови се создаваат 100 приказни. Приказните се со порака дека треба да се ужива во секој момент, како и критика за лажниот морал. Десет личности од кои седум се жени, а тројца мажи, раскажувале по една приказна дневно, така на крајот од секоја приказна има податок кој ден е кажана и која е по ред.

Наводи [уреди]

  1. The Greek title would be δεκάμερον (τό), with a more correct classical Greek compound being δεχήμερον