Серсемли

Координати: 41°1′N 22°52′E / 41.017° СГШ; 22.867° ИГД / 41.017; 22.867
Од Википедија — слободната енциклопедија
Серсемли
Ξηρόβρυση
Серсемли is located in Грција
Серсемли
Серсемли
Местоположба во областа
Серсемли во рамките на Кукуш (општина)
Серсемли
Местоположба на Серсемли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°1′N 22°52′E / 41.017° СГШ; 22.867° ИГД / 41.017; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000219000000219 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно172
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Серсемли (грчки: Ξηρόβρυση, Ксировриси , до 1927 Σεσεμλή, Серсемли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 219 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Серсемли се состоело од 22 семејства со 70 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Серсемли имало 220 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 110 жители, додека во 1920 година 143 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било преименувано во Ксировриси.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 230 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 354 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 204 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 204 жители, во 1971 година имало 161 жител, во 1981 година имало 153 жители, додека во 1991 година имало 134 жители[8]. Денеска, населението на селото е 172 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 354 204 204 161 153 134 172
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 115.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-08.