Прејди на содржината

Карлобаси

Координати: 41°14.50′N 22°48.54′E / 41.24167° СГШ; 22.80900° ИГД / 41.24167; 22.80900
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карлобаси
Κρητικά
Карлобаси is located in Грција
Карлобаси
Карлобаси
Местоположба во областа
Карлобаси во рамките на Кукуш (општина)
Карлобаси
Местоположба на Карлобаси во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°14.50′N 22°48.54′E / 41.24167° СГШ; 22.80900° ИГД / 41.24167; 22.80900
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаАканџали
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Карлобаси или Карљубаси (Κρητικά, Критика, до 1928 Καρλόβασι, Карловаси[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Денес не постои бидејќи одамна е припоено кон соседното Аканџали.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во подножјето на планината Беласица близу североисточниот брег на Дојранското Езеро и северно од градот Кукуш.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Карлобаси било мешано македонско-турско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 Карло Обаси (Carlo Obassi) имало 30 домаќинства, со 37 муслимански и 55 македонски жители.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Карљубаси имало 180 жители, од кои 90 Македонци, 70 Турци и 20 Роми.[3][5]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија.

Потпаѓање под Грција

[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според пописот од 1913 г. Карлобаси (Καρλόμπαση) имало 196 жители, а на следниот попис во 1920 г. во селото се избројани 133 лица.[2][6] По протерувањето на македонското и муслиманското население, властите во селото довеле грчки доселеници, па така во 1928 г. е заведено како наполно доселеничко со 29 семејства и 130 жители.[7] Карлобаси е отсутно од сите наредни пописи, бидејќи е припоено кон соседното село Аканџали.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Жителите на денешното подрачје на Карлобаси во состав на Аканџали се занимаваат со одгледување на тутун, жито и детелина, а делумно е развиено и сточарството.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρλόβασι - Κρητικά
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 98.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 192 – 193.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.