Киријакеика

Координати: 40°58.47′N 22°46.35′E / 40.97450° СГШ; 22.77250° ИГД / 40.97450; 22.77250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Киријакеика
Κυριακαίικα
Киријакеика is located in Грција
Киријакеика
Киријакеика
Местоположба во областа
Киријакеика во рамките на Кукуш (општина)
Киријакеика
Местоположба на Киријакеика во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°58.47′N 22°46.35′E / 40.97450° СГШ; 22.77250° ИГД / 40.97450; 22.77250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000166000000166 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно14
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61100
Повик. бр.+30 23410

Киријакеика (грчки: Κυριακαίικα) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 14 жители (2011). Ова е населба од поново време, создадена од немакедонски доселеници некаде во 1970-тите години.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е 14 км западно од Кукуш и 53 км северозападно од Солун.[3] Оваа населба е создадена во 1970-тите од доселени сточарско-земјоделски каракачански семејства и наречена по родовскиот старешина Киријакос. Симовски смета дека веројатно се работи за истите сточарски семејства кои пред Втората светска војна живееле на Кајмакчалан, во населбата Киријакови Колиби (Каливија Киријаку) над Крушоради, Леринско.[2]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Кај Киријакеика е откриена населба праисторијата, како и остатоци од римско време, па затоа месноста во 1996 г. е прогласена за споменик на културата. Сместена е на трапезовиден рид и содржи наоди од керамика и некропола.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Населбата за првпат е признаена за населено место во 1981 г.[5] како нова населба со 53 жители. Бројноста на жители останала устојчива во следните десетлетија, со 54 во 1991[2] и 55 жители во 2001 г. Потоа населението почнало нагло да опаѓа, сведувајќи се на 14 жители во 2011 г.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 53 54 55 14
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99.
  3. „Εύρεση διαδρομής στο χάρτη, Πλοήγηση, Χιλιομετρικές αποστάσεις πόλεων“. stigmap. Посетено на 2 јануари 2019.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 25 јуни 2018.
  5. „Κυριακαίικα Ν. Κιλκίς“. Διοικητικές μεταβολές Οικισμών των ΟΤΑ. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 13 декември 2016.[мртва врска]