Чаали

Координати: 41°15.34′N 22°49.49′E / 41.25567° СГШ; 22.82483° ИГД / 41.25567; 22.82483
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чаали
Κρητικά
Чаали is located in Грција
Чаали
Чаали
Местоположба во областа
Чаали во рамките на Кукуш (општина)
Чаали
Местоположба на Чаали во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.34′N 22°49.49′E / 41.25567° СГШ; 22.82483° ИГД / 41.25567; 22.82483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаАканџали
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чаали (грчки: Μικρόβρυση, Микровриси; до 1927 г. Τσααλή, Цаали[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Денес е маало на селото Станица Аканџали.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е западно маало на Станица Аканџали.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Чаали било муслиманско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чаари Езели (Tchaari-Ezzéli, т.е. Чаали и Ерџели) е село во Авретхисарската каза со 35 куќи сочинети од 60 жители муслимани и 27 Македонци.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чаали имало 180 жители Турци и 45 Роми.[5]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска.

По Втората балканска војна во 1913 г. согласно Букурешкиот договор селото влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 189 жители, а во 1920 г. во него се заведени 190 лица.[6]

Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци. Во 1927 г. селото е преименувано во Микровриси (во превод мала чешма, мал извор). Во 1928 година селото е заведено како дојденско со 43 семејства сочинети од 177 лица.[7]

На пописот од 1940 г. бројто на жителите е пресметан во населението на Станица Аканџали, но продолжило да се води како самостојно сè до 1990-тите, кога станало маало на Станица Аканџали.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 222 168 98 147 187 ? ?
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 162–163. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.
  6. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 131. ISBN 9989-9819-5-7.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012