Грбашел

Координати: 41°1′N 22°46′E / 41.017° СГШ; 22.767° ИГД / 41.017; 22.767
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбашел
Καστανιές
Грбашел is located in Грција
Грбашел
Грбашел
Местоположба во областа
Грбашел во рамките на Кукуш (општина)
Грбашел
Местоположба на Грбашел во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°1′N 22°46′E / 41.017° СГШ; 22.767° ИГД / 41.017; 22.767
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно595
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Грбашел или Грбасел (грчки: Καστανιές, Кастаниес, до 1927 Γκερμπασέλ, Гербасел)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 9 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.

Грбашел опфаќа површина од 34 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Грбашел се состоело од 50 семејства и 230 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Грбашел имало 150 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 20 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Кастаниес.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 572 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 779 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 760 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 705 жители, во 1971 година имало 617 жители, во 1981 година имало 599 жители, додека во 1991 година имало 617 жители[10]. Денеска, населението на селото е 595 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 779 760 705 617 599 617 595
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Грбашел
  • Георги Христов (1881 - ?)[11]
  • Кирил Христов Грбешелов (1890/1891 - ?)[12]
  • Миле Танев (1890 - ?)[13]
  • Христо Танчев[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Καστανιές
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-06.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 763.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 191.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 689.
  14. Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 641.