Портал:Шах/Избрано дело/2010

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Каиса и Вотан — историска книга посветена на шахот од рускиот и израелски историчар и шаховски мајстор, Савелиј Дудаков. Делото не претставува ниту шаховски учебник, ниту збирка на шаховски партии, туку е посветено на придонесот на еврејските шахисти во развојот на играта низ историјата. Сепак, авторот не ги возвишува еврејските во однос на нееврејските шахисти, споменувајќи ги со почит и сместувајќи ги Капабланка, Алехин и Чигорин како нееврејски шахисти во делото. Книгата е напишана на руски јазик, а првото издание беше издадено во 2009 година. Прочитајте повеќе


ноември

Лекции за шаховската стратегија — шаховска книга од советскиот шахист и шаховски учител, Александар Кобленц. Делото е шаховски учебник, составен од шаховски лекции за различни елементи од шаховската игра, кои се објаснети не само преку анализа на шаховски партии, туку и преку анализа на конкретни шаховски композиции и композиции со задачи за читателот. Книгата е напишана на руски јазик, а првото издание било издадено во 1983 година, со предговор, кој го напишал поранешниот светски првак, Михаил Таљ. Прочитајте повеќе


октомври

Мојата шаховска кариера — шаховска книга од кубанскиот велемајстор и поранешен светски првак (1921-1927), Хосе Раул Капабланка. Делото е автобиографско и содржи анализа на 35 шаховски партии, одиграни во периодот од 1900 до 1919 година.

Книгата е првото дело на Капабланка, напишано на англиски јазик, а првото издание било издадено во 1920 година, само една година пред авторот да стане светски првак. Корицата на изданието била со морско сина боја, во која бил втиснат златен потпис на авторот. Во тој период, шаховските автобиографски дела биле ретки, па критиките за ова дело биле позитивни, со огромна почит. Прочитајте повеќе


септември

Здрав разум во шахот — шаховска книга од ознатиот германски велемајстор и поранешен светски првак (1894-1921), Емануел Ласкер. Делото претставува шаховски учебник, во кој авторот ги разработува основните шаховски принципи и шаховската философија во различни фази од партијата, со особен нагласок на играта во отворањето и завршницата.

Содржината е распоредена во 12 лекции, кои авторот ги предавал за време на неговиот престој во Лондон, пролетта 1895 година. Книгата е напишана на германски јазик, а првото издание било издадено во 1925 година. Прочитајте повеќе


август

200 отворени партии — шаховска книга од советскиот и руски велемајстор Давид Бронштајн. Делото претставува збирка на партии, за кое и самиот автор вели дека не претставува ниту учебник, ниту енциклопедија на шаховските отворања, туку има за цел да покаже поголем број на партии со различни планови. Анализите на партиите се поткрепени со клучните цели кои треба да ги остварат двете страни во отворањето. Книгата е напишана на руски јазик, а првото издание било издадено во 1970 година. Прочитајте повеќе


јули

Handbuch des Schachspiels — шаховска книга од Паул Рудолф фон Билгер за прв пат издадена во 1843 година од страна на Тосило фон Хајдербранд унд дер Лаза. Содржината на делото претставува збирка материјали за историјата на шахот, варијанти од шаховските отворања и анализа на шаховските завршници. До денес се издадени осум изданија и две дополнувања.

Декади по издавањето, делото било еден од најважните прирачници за шаховските отворања, а денес истото се смета за класика на шаховската литература. Прочитајте повеќе


јуни

Моите големи претходници — серија на шаховски книги од страна на поранешниот светски првак во шах Гари Каспаров. Пет тома се посветени на официјалните светски прваци пред Каспаров, а останатите четири продолженија се насловени Модерен шах и се посветени на револуцијата во шаховските отворања, петте меча на авторот против Анатоли Карпов во борбата за титулата светски првак, партиите против компјутерите, како и други одбрани партии. Книгите содржат историски деетали, но сепак содржината главно е составена од коментирани партии. Прочитајте повеќе


мај

Libro de la Invención Liberal y Arte del Juego del Axedrez — едно од најстарите книги за современиот шах во Европа. Автор на делото е шпанскиот калуѓер Реј Лопес де Сегура, кој бил инспириран од делото Questo libro e da imparare giocare a scachi од Педро Дамјано од 1512 година. Делото претставува водич во играта со основните правила и основната стратегија и тактика. Некои првила во книгата биле споменати за прв пат, а и денес се дел од играта. Книгата е напишана во 1561 година и била издадена во Алкала де Енарес. Прочитајте повеќе


април

Модерни шаховски отворања — шаховска книга од британските шахисти Ричард Грифит и Џон Херберт Вајт. Делото е посветено на развојот и подраблочувањето на анализите во различните шаховски отворања, а служи и како корисно референтно дело, со кое се служеле голем број на врвни шахисти. Книгата е напишана на англиски јазик, а првото издание било издадено во 1911 година од страна на British Chess magazine. Отогаш биле издадени 15 изданија на книгата. Прочитајте повеќе


март

300 избрани Алехинови партии — шаховска книга од советскиот шахист и автор Василиј Панов, којашто целосно е посветена на шаховската кариера на четвртиот светски првак во шах, Александар Алехин. Анализираните партии претставуваат вистински приказ на шаховското творештво на големиот шахист. Низ страниците на оваа книга се слуша гласот на вистинскиот Алехин, кој целиот свој живот го посветил на шахот. Партиите во делото се дел од златниот фонд на светското шаховско наследство, а делото претставува библиографска реткост. Книгата е напишана на руски јазик во 1954 година. Прочитајте повеќе


февруари

Ласкеров шаховски учебник — шахвска книга од познатиот германски велемајстор и поранешен светски првак (1894-1921) Емануел Ласкер. Книгата е напишана во 1925 година и претставува одлично помагало, чијашто содржина се одликува со воведни објаснувања за шаховската игра, како и проучување и анализа на општите принципи, кои треба да се имаат предвид во текот на партијата. Самиот Ласкер има истакнато дека најголемо влијание врз создавањето на делото имаат теоретските принципи воведени од страна на на Штајниц, како и Стаунтоновото дело Прирачник за шахистот. Книгата е напишана на германски јазик и има 254 страници. Прочитајте повеќе


јануари

Гетингенски ракописи — латински записи, кои содржат трактат за шаховската игра во раниот современ период. Потеклото на ракописите е непознато, но се смета дека потекнуваат од 1471 или периодот меѓу 1500 и 1505 година, со што се најраните познати записи посветени на современиот шах. Записите се на 33 листа, со димензии 14 x 10 cm, кои денес се чуваат во државната и библиотека на Долна Саксонија, односно Гетингенскиот универзитет со реден број „Филос 85“.

Гетингенските ракописи содржат 12 шаховски отворања, кои делумно и денес се доста популарни, како и 30 шаховски композиции. Исто така, претставени се и неколку стапици при отворањето. Прочитајте повеќе


Архива на избрани дела
2010
Гетингенски ракописи · Ласкеров шаховски учебник · 300 избрани Алехинови партии · Модерни шаховски отворања · Libro de la Invención Liberal y Arte del Juego del Axedrez · Моите големи претходници · Handbuch des Schachspiels · 200 отворени партии · Здрав разум во шахот · Мојата шаховска кариера · Лекции за шаховската стратегија · Каиса и Вотан
2009
Шаховски самоучител · Како да се стане велемајстор · Метод на подготовка за натпреварувања · 100 партии · Моите 60 незаборавни партии · Стратегија и тактика во шахот · Живот - со шахот · Средишница. План · Основни шаховски завршници · Психолошка подготовка на шахистот · Избрани партии и спомени · Идеите зад шаховските отворања
2008
Средишница. Комбинација · Проблеми на современата шаховска теорија · Романтизам во шаховската уметност · Прашања за современата шаховска теорија · Мојот систем