Мојот систем

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


„Мојот систем“  
My system.jpg]
Автор Арон Нимцович
Наслов на
оригиналот
Mein System
Земја Flag of Germany.svg Вајмарска Република
Јазик германски

Мојот систем (германски: Mein System) е шаховска книга, дело на Арон Нимцович. По серијата од 5 брошури, од 1925 до 1927, книгата започнала да се издава насекаде. Во ова дело се прикажани хипермодерни идеи и концепти, кои имале голема примена во развојот на современиот шах. Оригиналното издание на книгата е напишано на германски јазик.

Содржина

[уреди] Содржина

Книгата е поделена на 3 дела: Елементи, Позициона игра и Илустративни партии.

[уреди] Елементи

Во делот Елементи, Нимцович дал објаснување на основите на неговиот „систем“. Тој се погрижил за елементите, како дел од шаховската стратегија:

  1. Центар
  2. Игра на отворените вертикали
  3. Игра на седмата и осмата хоризонтала
  4. Двојни пешаци
  5. Врзувања
  6. Откриен шах
  7. Разменување
  8. Пешачка структура

[уреди] Позициона игра

Следниот дел, Позициона игра е во изобилство на „елементите“ изнесени во првиот дел. Во него, Нимцович покажува како да се игра за позициона предност. Тој, особено образложува дека центарот може ефектно да се контролира со употреба на фигури, наместо пешаци. Концептот, кој сега е насекдае распеространет, е едено од основните принципи на хипермодернизмот.

[уреди] Илустративни партии

Делот Илустративни партии содржи 50 анализирани и коментирани партии од кариерата на Нимцович.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици