Михаил Чигорин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Михаил Чигорин
Tschigorin.jpg
Цело име Михаил Иванович Чигорин
Земја Руска империја Руска империја
Роден(а) 12 ноември 1850
Гачина, Руска империја
Починал(а) 25 јануари 1908
Љублин, Полска

Михаил Иванович Чигорин (роден на 12 ноември 1850 во Гачина (според некои во Санкт Петербург), Руска империја - починал на 25 јануари 1908 во Љублин, Полска) бил познат руски шахист и најдобриот руски шахист на преминот од 19. во 20 век. Тој се смета за основополжник на „руската шаховска школа“, којашто сè уште доминира во светот на шахот.

Чигорин учествувал на многу силни турнири, на кои остварил забележителни резултати. Во 1889 и 1892 година, на два пати го предизвикал светскиот првак Вилхелм Штајниц, но и во двата меча загубил.

Тој бил активен и како шаховски теоретичар, за што сведочат и неколку варијанти во отворањата кои се именувани по него, меѓу кои најпозната е Чигориновата одбрана во Дамин гамбит.

Биографија[уреди]

Рани години и рана кариера[уреди]

Чигорин се родил во Гачина, во близина на Санкт Петербург. Неговите родители починале, додека бил дете, па детството го поминал во Гачинското сиропиталиште на царот Николај I. Кога имал 16 години, неговиот учител во сиропиталиштето го научил на основните правила на шахот. Две гподини подоцна, го напуштил сиропиталиштето и по завршување на курс станал државен службеник.

Додека работел како државен службеник, Чигорин често и успешно играл шах во сшаховскиот кафе-бар „Доменик“ во Санкт Петербург. Во 1874 година, тој учествувал на турнир во германското сојузно собрание, на кој учествувале љубители на играта. На турнирот, тој завршил на третото место, веднаш зад Емануел Шиферс и Иља Шумов.[1] Во 1875 година, Чигорин играл против шаховскиот мајстор Шимон Винавер, по што се зафатил со изучување на шаховската теорија. Во 1877 година, тој одиграл меч, во кој го победил Емануел Шиферс,[2] а веќе во 1879 го освоил првото место на турнир во Санкт Петербург, кој бил најсилниот турнир во Русија, победувајќи го во дополнителниот меч Семјон Алапин[3]. Во овој период, Чигорин одиграл пет меча против Шифер, од кои победил во четири.

Врвна кариера[уреди]

Првиот меѓународен турнир, Чигорин го одиграл во 1881 година во Берлин. На турнирот учествувале многу силни шахисти, а Михаил завршил на делба на третото место, заедно со Шимон Винавер, а веднаш зад Џозеф Блекберн и Јоханес Цукерторт.

На шаховскиот турнир во Лондон во 1883 година, тој завршил четвртти, зад Цукерторт, Штајниц и Блекберн. На овој турнир, Чигорин победил во двете партии, кои ги одиграл против светкиот првак Вилхелм Штајниц. Меѓу партиите одиграни на турнирот е следниот цитат:

На Чигорин несомнено му претстои голема шаховска иднина. Тој, сè уште нема искуство како Цукерторт или Штајниц, но во него има енергија, која е неопходна за да се стане познат мајстор.[4]

Во 1889 година, светскиот првак Вилхелм Штајниц побарал од Чигорин да го предизвика за светски првак. Мечот за светски првак се одиграл во Хавана од 20 јануари до 4 февруари 1889, а Чигорин загубил со реузултат 6½-10½ (+6-10=1). Во продолжение, учествувал и на силниот турнир во Њујорк, на завршил на делба на првото место, заедно со Макс Вајс (дополнителниот меч завршил 2-2 со 4 партии кои завршиле реми).[5]

Следната година, двајцата шахисти одиграле телеграфски меч, во кој победил Чигорин. Истата година, Чигорин одиграл меч против Исидор Гунсберг, кој завршил со резултат 11½-11½ (+9-9=5).

Од 1 јануари до 28 февруари 1892 година, повторно во Хавана, се одржал вториот меч за светски првак меѓу Штајниц и Чигорин. Чигорин повторно загубил, но со резултат 10½-12½ (+8-10=5). По мечот, Штајниц за својот противник рекол:

Достоинствен противник во борбата за светското првенство.[6]

Чигорин одиграл нерешно, со резултат 11-11 (+9-9=4), во меч против Зигберт Тараш одигран во Санкт Петербург во 1893 година.

Во првата половина од 1890-тите, Чигорин станал веројатно најдобриот руски шахист и еден од најдобрите во светот. Неговата надмоќ во својата земја била забележителна и од резултатите коишто ги постигнал во неколку одиграни мечеви против силни руски шахисти. Така, во мечот против Андреј Ашарин, одигран во Рига во 1892 година, победил со 3-0, а во мечот против Александар Соловцов, одигран во Москва во 1892 и 1893 година, победил со резултат 4-0.

На турнирот во Хејстингс во 1895 година, Чигорин го освоил второто место, со само ½ поен зад победникот Хери Пилсбери, но пред светскиот првак Емануел Ласкер, Зигберт Тараш и поранешниот светски првак, Вилхелм Штајниц. На турнирот учествувале сите најдобри шахисти во тоа време, а Чигорин во меѓусебната партија го победил победникот на турнирот, Пилсбери. Во 1896, на шаховскиот турнир во Будимпешта, Михаил завршил на делба на првото место, заедно со Рудолф Харузек, кого го победил во дополнителниот меч со 3-1 (+3-1). На турнирот во Келн во 1898 година, завршил на делба на второто место, заедно со Вилхелм Кон и Рудолф Харузек, веднаш зад Амос Берн.

Подоцнежна кариера[уреди]

Во 1899 година, во Лондон се одржал силен турнир, на кој Чигорин завршил на 7. место, што прстставувало разочарување.

На преминот во новиот век, надвор од меѓународниот шах, тој учествувал на првите сèруски турнири во 1899, 1900-1901 и 1903 година и на сите три победил.

Во 1901 година се одржал турнир во Монте Карло, кој бил еден од првите силни турнири на почетокот од 20. век. На турнирот, Чигорин го зазел на 3. место, зад победникот Карл Шлехтер и Давид Јановски.

Со победата на гамбитниот турнир во Виена во 1903 година и со победата во мечот против актуелниот светски првак Емануел Ласкер со 3½-2½ (+2-1=3) во Брајтон истата година, Чигорин ги покажал своите вештини во гамбитните отворања. Мечот против Ласкер содржел партии, кои имале за цел да го промовираат Рајсовиот гамбит, кој во тоа време не бил доволно познат и според некои аналзии му давал предност на шахистот со црни фигури.

Како редовен учесник на силните меѓународни турнири, Чигорин станал вистински амбасадор на рускиот шах. Во подоцнежната кариера, тој држелчасови, пишувал статии за разлипчни весници и шаховски списанија, а познато е дека ги издавал списанијата „Шаховски лист“ и „Шаховски весник“. Тој основал и шаховски клуб во Санкт Петербург и се обидел да основа шаховска асоцијација, што се остварило некокку години по неговата смрт.

На шаховскиот турнри во 1904 година, кој се одржал во Кембриџ Спрингс, Чигорин завршил ан делба на 6. место. Во периодот од 1905 до 1907 година, на меѓународните турнири тој патувал заедно со ммладиот Фјодор Бохатирчук. Во 1906 година, тој учествувал на турнри во Нирнберг, на кој го зазел петтото место. Истата година, Чигорин не успеал да победи и на четвртиот сèруски турнир. По турнирот, тој одиграл меч против победникот Герг Салве, во кој излегол како победник со резултат 8½-6½ (+7-5=3).

На турнирот во Карлсбад во 1907, Чигорин играл со нарушено здравје и го зазел 17. место. По лекарскиот преглед во Карлсбад, лекарите утврдиле дека тој боледува од дијабетис. Оваа дијагноза била предвидување дека нема да живее уште долго, па тој заминал во Љублин, каде што живеееле неговата жена и ќерка. Чигорин починал во Љублин во јануари 1908.

Стил на игра[уреди]

Стилот на игра на Михаил Чигорин бил универзален. Неговата игра се одлилкувала со напаѓачки карактер, оригинални стратешки замисли, постојан стремеж кон иницијатива и полнокрвна борба.[7] Поседувал одлични комбинаторски способности, за што сведочи и оваа реченица на Исидор Гунсберг:

Такви комбинации, како оние на Чигорин, може да создаде само голем мајстор.[8]

Поради неговата игра во завршницата, која се одликувала со правовремени маневри, искористување на незначителните придобивки од секоја позиција и високата техника на реализација за стекнување на предност, Карл Шлехтер го нарекол „исклучителен мајстор на завршниците“.[9]

Влијание[уреди]

Поради неговиот оригинален талент, одлични партии и живописни предавања, многумина го сметаат Чигорин за основоположник на „руската шаховска школа“, која подоцна прераснала во „советска шаховска школа“. Неговите шаховски теории биле засенети во текот на 1920-тите со појавата на нови шаховски теории од хипермодерниот стил, но сепак одиграле важна улога во создавањето на идната советска доминација во играта.

Шаховски теоретичар[уреди]

Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess rdl44.png Chess d44.png Chess bdl44.png Chess qdd44.png Chess l44.png Chess rdd44.png Chess kdl44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess bdd44.png Chess pdl44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png
Chess pdl44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess ndd44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess ndd44.png Chess pdl44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess pll44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess bll44.png Chess pld44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess nll44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess pll44.png Chess pld44.png Chess l44.png Chess pld44.png Chess l44.png Chess pld44.png Chess pll44.png Chess pld44.png
Chess rld44.png Chess nll44.png Chess bld44.png Chess qll44.png Chess rld44.png Chess l44.png Chess kld44.png Chess l44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png
Чигориногва варијанта по 9...Sa5

Чигорин внел ценети придонеси во теоријата на отворањата. Неговото име го носат различни варијанти и системи во Шпанска партија, Дамин гамбит, Евансов гамбит, Француска и Староиндиска одбрана.[10] За неговиот прдионес во отворањата, светскиот првак Емануел Ласкер изјавил:

Творештвото на Чигорин во областа на отворањата може да послужи како пример за шаховските мајстори.[11]

Во Шпанска партија, Чигориновата варијанта е отворање кое и денес има голема примена. Овторањето настанува со потезите: 1.е4 е5 2.Sf3 Sc6 3.Lb5 a6 4.La4 Sf6 5.0-0 Le7 6.Te1 b5 7.Lb3 d6 8.c3 0-0 9.h3 Sa5. Денес, анализите на оваа низа на потези е продлабочена и постојат голем број на подваријанти на Чигориновата варијанта во Шпанска партија.

Чигориновата одбрана е шаховска варијанта, која се јавува како една од алтернативите за црниот да го одбие „даминиот гамбит“ (1.d4 d5 2.c4 Sf6). Ова отворање денес не е многу популарно, а од врвните шахисти, само Александар Морозевич истото го вклучува во својот репертоар на отворања. Во 2007, тој издаде книга посветена на ова отворање, насловена Чигориновата одбрана според Морозевич.

Друга линија на отворање, која ја вовел Чигорин е варијантата во Француска одбрана, која настанува со потезите 1.е4 е6 2.De2. Денес, оваа варијаната се смета како предвесник на староиндиските структури, но Чигорин овој потег го играл и со други идеи, како на пример да одигра b2-b3.[12]

Со потезите: 1.d4 d5 2.c4 c6 3.Sf3 Sf6 4.Sc3 e6 5.e3 Sd7 6.Ld3 Ld6, настанува Чигориновата варијанта во Словенска одбрана.

Паметници[уреди]

Плоча-паметник, поставена на објектот во којшто се наоѓало сиропиталиштето во Гачина

Денес, шаховски клуб во Санкт Петербург го носи името по Михаил Чигорин.

Меморијал турнир „Михаил Чигорин“[уреди]

Во чест на големиот шахист, во 1909 година во Санкт Петербург бил одржан меморијален турнир. Турнирот не се одржувал сè до 1947, кога вториот меморијален турнир се одржал во Москва. По 1963, турнирот главно се одржувал во Сочи, но во 1993 организацијата на турнирот повторно се вратила во Санкт Петербург. Турнирот, отсекогаш го привлекувал вниманието на светската шаховска јавност, а меѓу победниците се вбројуваат и светските прваци Михаил Ботвиник, Василиј Смислов, Михаил Таљ и Борис Спаски.

Во уметноста[уреди]

Познатиот меч на Чигорин против Штајниц од 1892 година е искористенаа како основа за романот Квадратите на градот од Џон Брунер од 1978.[13]

Интересно[уреди]

  • Чигорин имал исклучително лош резултат во партиите одиграни против Ласкер (+1-8=4), при што единствената победа ја остварил на нивната меѓусебна партија, одиграна на шаховскиот турнир во Хејстингс во 1895 година.
  • Имал исклучително негативен резултат и против Давид Јановски (+4-17=4), но затоа и позитивен против Рихард Тејхман (+8-3=1).
  • Чигорин учествувал на 13 домашни и 24 меѓународни турнири.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Корисна литература[уреди]

  • Васюков Е. А. и др. Михаил Чигорин, Москва, Физкультура и спорт, 1972, 311 стр.
  • Панов В. Н. Рыцарь бедный: Документальное повествование о великом русском шахматисте М. И. Чигорине, Москва, Советская Россия, 1968, 335 стр.
  • Панов В. Н. Михаил Иванович Чигорин, его друзья, соперники и враги, Москва, Физкультура и спорт, 1963, 156 стр.
  • Hooper, David and Kenneth Whyld (1996), The Oxford Companion To Chess, Oxford University, ISBN 0-19-280049-3

Надворешни врски[уреди]