Прашања за современата шаховска теорија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прашања за современата шаховска теорија
Корица на книгата
Корицата на книгата
АвторИсак Липницки
Изворен насловВопросы современной шахматной теории
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Прашања за современата шаховска теорија е шаховска книга, дело на советскиот шахист, шаховски автор и теоретичар Исак Липницки. Книгата е напишна во 1956, а во неа е содржано објазнување на многу елементи од отворањето и нивното поврзување со средишницата од играта преку анализа на корисни партии одиграни во периодот до првата половина на 20. век. Книгата е напишана на руски јазик.

За делото, самиот автор запишал:

Во ова дело, ние се стремиме да го откриеме современото сфаќање на бројните решенија на решенијата на прашањата за општата теорија на отворањето и неговата поврзаност со средишницата.

Правилното разбирање на општите принципи на отворањето, законитостите, идеите, т.е. прилагодувањето на „духот на отворањето“ има најважно значење. Шахистот кој ќе добие солидна основа во поглед на творечкиот развој на различнити замисли, не се чувствува закован за безбројните шаблони.

Содржина[уреди | уреди извор]

Делото „Прашања за современата шаховска теорија“ е одличен пример за проучувањње на спојот пимеѓу отворањето и средишницата во шаховската игра. Авторот особено обрнал вниомание на центарот и крилата како протоци за развојот на играта и остварувањето на плановите на противниците за стекнување на иницијативата. Објаснета е и мобилизацијата на фигурите во отворањето, како и оценката на позициите и примената на новини во играта.

Делото е поделено на 2 дела и 3 глави:

Првиот дел е насловен Некои проблеми во теоријата на отворањето и средишницата, и во него подетално е објаснето значењето на цемнтарот и крилата и нивната меѓусебна поврзаност како основни компоненти на развојот на плановите на противниците. Преку поучни партии. авторот на одличен начин го извлекува и значењето на мобилизацијата на фигурите, преземањето на иницијативата, како и примената на новини аз време на партијата.

Во вториот дел, Рагозинова одбрана, дадено е кратко објаснување на Нимцовичовата одбрана и неколку варијанти кои може да настанат од ова отворање.

Првата глава, која е насловена Основни стратешки и позициони идеи на одбраната претставува дополување на објаснувањата дадено во првиот дел, додека втората и третата глава се претставени преку аналчиза на системи на отворања и поучни партии одиграни помеѓу најдобрите шахисти кон крајот на 19. и првата половина на 20. век.

Стил на пишување[уреди | уреди извор]

Делото „Прашања за современата шаховска теорија“ содржи невообичаена, но многу корисна поделба, на теоретското воопштување со анализата на системи и партии. Сите анализи и комантари се поткрепени со шаховски дијаграми, кои го олснуваат разбирањето и нудат поголема прегледност во предметот на анализирање

Надвиорешни врски[уреди | уреди извор]