Моите 60 незаборавни партии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Моите 60 незаборавни партии
Изданието на книгата од издавачката куќа Simon & Schuster од 1969 (на англиски јазик)
АвторБоби Фишер
Изворен насловMy 60 Memorable Games
Земја САД
Јазиканглиски

Моите 60 незаборавни партии е шаховска книга од познатиот американски шахист и поранешен светски првак (1972-1975) Боби Фишер. Книгата за првпат била издадена во 1969, а претставува збирка на одиграни партии од страна на авторот во перидотe од 1957 (од шаховски турнир одржан во Њу Џерси до 1967 (меѓузонскиот шаховски турнир во Сус). За разлика од многу други антологиски збирки кои во дел од насловот ги содржат зборовите Моите најдобри партии или нешто слично, во кои се анализирани само партиите во кои авторот победил, делото Моите 60 незаборавни партии содржи и 9 реми апартии и 3 порази. Делото е опишано како „класика на објективноста и макотрпната анализа"[1] и се смета за едно од најзначајните дела во шаховската литература.[2] Оригиналниот наслов бил издаден во описен запис. Изданието во алгебарски запис, кое било издадено во 1995, повлекло контроверзи, бидејќи Фишер го објавил делото со промени направени во текстот. Во 2008 билло издадено оригиналното издание, со промени во алгебарскиот запис и отстранување на типографските грешки, грешките во записот и грешките во последните 5 потези од партијата бр. 17 (против Михаил Таљ).

Составување[уреди | уреди извор]

Издавањеето на делото било планирано подолго време од страна на издавачката куќа Сајмон енд Шустер. еговиот првобитен наслов бил Најдобрите шаховски партии на Боби Фишер. Фишер најпрвин соопштил дека делото ќе биде издадено по неговиот меч против Ботвиник“ (тогаш светски првак), настан којшто требало да се одигра, најпрвин во 1962, а потоа кон средината на 1960-тите, но никогаш не се одиграл.[3] Тогаш, Фишер додал повеќе партии и го променил насловот во Моите незаборавни партии - 52 турнирски партии. До тој степе делото било подобрено за време на одржувањето на Пјатигорскиот куп во 1966. И покрај тоа, тој тогаш имал ненадејни проблеми со срцето, па не го издал делото и бил ослободен од договорот со издавачката куќа.. Тоа посочило на мислењето дека тој не сакал да ги открие сите тајни, што било наведено и во книгата со обемните анализи на различните можни варијанти во неговите партии. Во 1968, тој го променил своето мислење и одлучил да ја издаде книгата. Неговиот пријател и колега велемајсторот Лари Еванс, кој му помогнал околу издавањето и ги напишал воведните реченици во сите партии, изјкавил дека Фишер се почувствувал навлезен во филозофската мисла дека „во секој случај светот се приближува кој својот крај“ и поради тоа сакал да заработи барем малце пари од својот труд.[4] Фишер мислел дека наскоро ќе настане занесеноста.[5] Тој продолжил да ја прегледува збирката и додал уште 8 партии, променувајќи го насловот во Моите незаборавни партии – 60 турнирски борби пред да се одлучи за конечното име, по кое делото било издадено.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката започнува со партија одиграна во 1957, односно познатата „партија на векот“, одиграна против Доналд Б'рн во 1956 (оваа партија е дел и од една помала книга, насловена Шаховските партии на Боби Фишер, издадена во 1959). Трите партии во кои Боби Фишер загубил, а ги анализирал во книгата се против Таљ на турнирот на кандидатите во 1959, Спаски на шаховскиот турнир во Мар дел Плата во 1960 и против Гелер во Скопје во 1967. Меѓу деветте реми партии се наоѓа и партијата одиграна против тогаш актуелниот светски првак Михаил Ботвиник во партија одиграна на 15. шаховска олимпијада во Варна. Оваа партија содржи најдолга и најобемна анализа во книгата, во која Фишер заклучува дека пропуштил победа во завршницата. Ботвиник подоцна го оспорил овој заклучок, благодарение на својот 13-годишен ученик Гари Каспаров.[6] Ова е редок пример, кога една анализа на партија направена од Боби Фишер е доведена во знак прашање. Меѓу победите, се издвојуваат: неговата првата победа над советски велемајстор (против Паул Керес во Цирих) во 1959 и победата во 21 потег со црни фигури против Роберт Б'рн на првенството на САД во 1963/64. Во книгата се анализирани и седум партии од негопвиот прв турнир на кандидатите во 1959, но само две од вториот Курасао во 1962. Сите партии биле одиграни на турнири, освен домашната пријателска против Рубен Фајн во 1963 и победата на Фишер, играјќи симултанка во 1964 на турнеја низ САД.

Фишер направил неколку набљудувања за навиките и реакциите на противниците по одигрувањето на неговите потези. Во воведната партија пишува дека „Шервин го лигзгал топот со малиот прст, со што би можел да забележи некој повешт и мистериозен потег со својот топ.“ Во друга партија, тој пишува дека „ и на Петросјан и на Таљ им се има случено да станат и да се шетаат покрај таблата. Петросјан правел искривени гримаси, кои на Фипшер му го давале мислењето: „Може ли црниот да го направи ова и да живее““.

Тој исто така дава мислење и за отворањата, нагласувајќи дека „во принцип никогаш нема да се отвори со даминиот пешак“ и дека отворањето со кралскиот пешак било „најдобро на вкус“.

Прифаќање[уреди | уреди извор]

Делото Моите 60 незаборавни партии било прифатено од страна на пошироката шаховска заедница со огромен ентузијазам и веднаш постигнало успех.[4] Еден преглед во Британскиот шаховски магазин од декември 1969 го нарекол делото „големо дело без сомневање, кое може да оди напред пред Алехин и Тараш и не се плаши од споредби.“ По поновото издание во 1995, истиот магаазин објавил дека тоа е најубавата шаховска книга којашто некогаш била напишана.[7] Фишер бил пофален за неговата непристрасност, обемност и пшрецизност во неговите анализи. Тоа иамло големо влијание на денешните врвни шахисти. Питер Бајасас станал меѓународен мајстор проучувајќи само две книги: Завршници со топови од Левенфиш и Смислов и Моите 60 незаборавни партии.[2] Ова дело било и првата проучена книга на велемајсторот Бу Сјангџи. Тој изјавил дека „партиите биле фантастични“.

Неавторизираната руска верзија[уреди | уреди извор]

Изданието на книгата на руски јазик се појавило во 1972, без дозвола од авторот. Преведувачот изјавил дека неколку од анализите на Фишер содржат анти-советска содржина.[2] Изданието вклучува додатен дел, напишан од страна на велемајсторот Игор Зајцев, во кој е оценет стилот на игра на Фишер. На една од прес-конференциите за време на неговиот меч против Борис Спаски во 1992, Фишер изјавил дека 50.000 копии од книгата биле отпечатени во Советскиот Сојуз и дека тој „немал ниту пени“ од нив. На шпекулациите за евентуален меч против тогаш актуелниот светски првак Гари Каспаров, тој одговорил дека ништо не може да биде позначајно пред руските автори да му платат за сите ројалити, којшто чувствувал дека се непокриени.[8] Ова издание била една од првите книги на Гари Каспаров.[9]

Контроверзата „Бетсфорд“[уреди | уреди извор]

Британската издавачка куќа Бетсфорд издала издание на книгата Моите 60 незаборавни партии во 1995 година. Шаховскиот автор и велемајстор Џон Нан го претворил изворниот описен запис во современ алгебарски запис. Пред јавноста во Буенос Аирес во јуни 1996, Фишер го објавил нововто издание, обвинувајќи ја издавачката куќа Batsford за како што тој вели:

„промена на сè во мојата книга, записот, обликот, страниците, анализите... и без платени ројалити.„[7]

На ова, издавачката куќа одговорила дека за правата ѝ платиле на издавачката куќа Фејбер енд Фејбер и изјавила дека тие дури извршиле и поправки на многу нејасни описни записи на потезите. И покрај тоа, излегува дека тие додале погрешна анализа во0 една партија, погрешно верувајќи дека Фишер направил превид на мат во четири потези.[7] Шаховскиот историчар Едвард Винтер открил дека имало над 570 текстуални измени.[7] Во „CHESS magazine“, тој запишал:

... целосни оознаки на Фишер биле отфрлени, поединечни зборови биле избришани, а други зброви биле додадени“ и „изразувањето на Фишер било променето без оправвдување.[7][10]

Велемајсторот Ханс Рее изјавил дека:

во Холандија ваквите промени сочинуваат криминален напад и теоретски водат до затворска казна. ... Фишер имал право да се лути.“[11]

Ова издание сегае надвор од печатење, а во 2008, издавачката куќа Batsford повторно ја издаде книгата со Фишеровите оригинални зборови. Издавачот тврди дека единствената измена е промената во алгебарски запис, иако прегледот на изданието од 2008 покажува неколку типографски грешки, а поправени биле и неколку грешки во записот.[7]

Измамата за „Мојата 61 незаборавна партија“[уреди | уреди извор]

Во декември 2007, на мрежното место eBay се појави пиратско издание насловено Мојата 61 незаборавна партија . Книгата наводно соржи понови записи на Фишер, но неговата вмешаност е нејасна, а eBay веќе стапи кон крајот на лицитацијата.[12] Лари Еванс мислел дека е можно тоа да била пиратска верзија на „гениозниот“ ракопис на Фишер,[13] но во април 2008 заклучил дека тоа било само измама.[14]

Изданија[уреди | уреди извор]

Изданието од 2008
  • Првото издание на книгата било издадено во јануари 1969 од издавачката куќа Simon & Schuster во 384 страници. Подоцна биле издадени и неколку книги со меки корици. Сега повеќе не се печатат.
  • Изданието со меки корици во Обединетото Кралство за првпат било издадено на 4 април 1972 од издавачката куќа Faber and Faber, ISBN 0-571-09987-4. Сега пиовеќе не се печати.
  • Неавторисиранота руска верзија од 1972 (прочитајте погоре).
  • Силнокритикуваното алгебарско издание на издавачката куќа Batsford (прочитајте погоре) во 240 страници, ISBN 0-7134-7812-8, ISBN 978-0-7134-7812-9. Во продажба било пушртено на 5 февруари 1995 и сега повеќе не се печати.
  • Поновот издание од издавачката куќа Бетсфорд било издадено во 2008 со меки корици во 384 страници, ISBN 978-1-906388-30-0. Текстот во ова издание е идентичен како и оној во оригиналното, освен замената на алгебарскиот шаховски запис со описниот и поправката на некоку типографски грешки и грешки во записот. Разпоредот е сличен како оригиналниот.[7][15] Текстот е со авторското право на Фишер од 1969, 1972, 1995 и 2008.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hooper, David;Whyld, Kenneth (1992). The Oxford Companion to Chess. Oxford University Press. стр. 148. ISBN 0-19-280049-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Donaldson, John;Tangborn,Eric (1999). The Unknown Bobby Fischer. International Chess Enterprises. стр. 170. ISBN 1-879479-85-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Soltis, Andy (2003). Bobby Fischer Rediscovered. Batsford. стр. 10. ISBN 0-7134-8846-8.
  4. 4,0 4,1 Brady, Frank (1974). Bobby Fischer:Profile of a Prodigy. Dover Publications. стр. 151–153. ISBN 0-486-25925-0.
  5. Chess Life, април 2009, стр. 10.
  6. Soltis, Andy (2003). Bobby Fischer Rediscovered. Batsford. стр. 117. ISBN 0-7134-8846-8.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 Winter, Edward. „Fischer's Fury“. Chess Notes. Посетено на 2008-02-26.
  8. Seirawan, Yasser;Stefanovic, George. No Regrets:Fischer-Spassky 1992. International Chess Enterprises. стр. 19. ISBN 1-879479-09-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. The Chessman Архивирано на 22 август 2013 г., TIME, 26 јануари 2008
  10. CHESS magazine, јануари 1997, стр. 45-48.
  11. New in Chess magazine, issue 3/1999, page 95
  12. New York Times on 61 Memorable games
  13. Evans, Larry (1 февруари 2008). „My 61 Memorable Games: A Mystery“. USCF. Посетено на 27 февруари 2008.
  14. 61 Memorable Games: A Hoax, Лари Еванс, мрежно место на Американската шаховска федерација, 10 април 2008
  15. Batsford