Педро Дамјано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Педро Дамјано (португалски:Pedro Damiano de Odemira)(роден во 1480 во Одемира - починал во 1544) бил португалски шахист и аптекар. Автор е на познатото дело Questo libro e da imparare giocare a scachi et de li partiti, објавено во Рим, во 1512. Ова дело во Италија било издадено во 8 изданија, а било преведено на француски, англиски и германски, што зборува за неговата популарност во Европа.

Во негова чест, отворањето кое настанува со потезите 1.е4 е5 2.Sf3 f6 3.Sxe5 fxe5 е наречен Дамјанов гамбит.

Книги[уреди]

  • Libro da imparare giocare a scachi, e de bellissimi partiti. Revisti e recorretti. In lingua spagnola e italiana, nouamente stampato, Roma, 1510

Користена литература[уреди]

  • Шах: Енциклопедиски речник. Москва: Советска енциклопедија, 1990 стр. 100. ISBN 5-85270-005-3.