Романтизам во шаховската уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Романтизам во шаховската уметност
Корицата на книгата
АвторПетар Романовски
Изворен насловРомантизм в шахматном исскустве
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Романтизам во шаховската уметност е шаховска книга, дело на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1959 и во неа преку анализа на извадоци од партии и неколку шаховски проблеми се објаснети елементите во шаховскта борба. Книгата е напишана на руски јазик.

За делото, самиот автор запишал:

Скоро секој шахист може да заклучи во која мера е таа романтика...

Содржина[уреди | уреди извор]

Ова дело претставува одличен пример за љубовта кон шахот, неговата убавина и лукавост, искажани преку партии и извадоци од партии во кои со стандардни, технички методи јасно се одлучува победникот во борбата. Книгата е поделена во 8 глави.

Стил на пишување[уреди | уреди извор]

Како и сите дела на познатиот руски шаховски педагог, Петар Романовски, така и ова е напишано во висок стил и во читателот може да пробуди интерес во содржината и да го запознае со нови работи. Стандардна е употребата на дијаграми по неколку одиграни потези, или по завршувањето на една комбинација.

Надворепшни врски[уреди | уреди извор]