Османлиска инвазија на Отранто

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Отранто
Дел од Османлиски војни во Европа
Османлиско-унгарски војни
Otranto castello.jpg
Датум 1480-1481
Место Отранто, Италија
Исход Повлекување на османлиските војски;
Завојувани страни
Naval Ensign of the Ottoman Empire (1453–1793).svg Османлиска империја Flag of the Kingdom of Naples.svg Кралство Неапол
Aragon Arms.svg Кралство Арагон
Flag of Hungary.svg Кралство Унгарија
Команданти и водачи
Гедик Ахмед Паша Франческо Ларго †
Алфонсо II
Балаж Маѓар
Сила
18.000 пешадија
700 коњаница
70 бродови
непознато
2.100 Унгарска тешка пешадија
Жртви и загуби
артилериските сили се предале непознато
Цивилни жртви:
12.000
1.600 Унгарци

Османлиската инвазија на Отранто претставува воена поход на Османлиската империја во Апулија, денешна Италија. На 28 јули 1480, година, османлиската флота која броела 128 бродови, од кои 28 галии, пристигнале во близина на градот Неапол во регионот Апулија. Се смета дека оваа флота кон Италија се упатила по опсадата на Родос. По ова, жителите на околоните места се повлекле кон тврдината, па од 11 август истата година започнале нападите.

Според христијанската историографија, во локалната катедрала биле убиени свештениците. На 12 август, 800 жители кои одбиле да го прифатат исламот биле однесени на ридот Минерва и биле обезглавени. Голем дел од остатоците од овие жртви денеска се чуваат во Катедрала Санта Катерина а Формиело. Овој чин бил остро осуден од страна на Европа. Сепак, турската страна го негира големиот број на погубувања. Бројот на коските според османлиските извори се должел на убиените христијани во текот на битките помеѓу двете страни. И двете страни се согласни дека голем број од локалното население било депортирано во Албанија како робови.

Настанот се случил по само 28 години откако паднал Константинопол. Во Западна Европа започнало да се размислува околу можниот контранапад врз Османлиите, бидејќи се стравувало главно дека иста судбина може да му се случи и на градот Рим. Така, првичниот план бил направен да папата и локалното население да се евакуира во градот. Папа Сикст IV повикал кон крстоносна војна. Неколку град-државаи од Италија, Унгарија и Франција одговориле позитивно на тоа. Сепак, предлогот на папата бил одбиен од страна на Венецијанската република, главно поради мировниот договор што претходно републиката го имала потпишано со Османлиската империја.

Во 1481 година, војската била предводена од страна на неаполскиот крал Алфонсо II.

Градот бил ставен под опсада на 1 мај 1481 година. На 3 мај 1481 година, султанот на Османлиската империја Мехмед II починал, по кое следувал период за превласт на тронот. Ова најверојатно се одразило на османлиското освојување на регионот. Опсадата завршила со започнување на преговори помеѓу двете страни, по кои османлиската војска се повлекла кон Албанија. Сепак, цела османлиска армија не се согласила со отстапувањето на градот, па ја продолжиле опсадата.

Поврзано[уреди]

</noinclude>