Никола I Петровиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралот Никола

Никола I Мирков Петровиќ Његош (роден на 7/19 октомври 1840 во Његуши, Црна Гора — починал на 2 март 1921 во Антиб, Франција) бил кнез на Црна Гора (1860—1910) и првиот и единствен крал (1910—1918). Тој, исто така бил и поет, чие дело е познатата црногорска песна Онамо, 'намо!.

Биографија[уреди]

Никола се родил во селото Његуши, како син на Мирко Петровиќ-Његош, кој бил брат на кнезот Данило.

Крунисувањето на Никола I во крал

Уште од мал, изучувал боречки вештини и вежбал гимнастика. Голем дел од своето детство поминал во Трст, во домот на семејството Кустиќ, од кое потекнувала неговата стрина Даринка (сестра на кнезот Данило). Неговата стрина, Даринка била голема обожавателка на француската литература, па го испратила да го продолжи школувањето во Париз. На 19 години станал кнез на Црна Гора, функција која во првите неколку години ја извршувал заедно со својот татко. Заради ослободувањето на Херцеговина, во 1862 година завојувал против Османлиското царство. Војната била тешка за Црна Гора, па идејата за ослободување на Херцеговина завршила без успех. Во 1868, кнезот никола отпатувал во Русија, каде се сретнал со императорот Александар II и ги продолжил пријателските односи, кои ги започнале неговите предци. По враќањето од Русија, започнал да спроведува реформи и да ја преуредува државата. Најголема грижа му била војската, па најпрвин неа ја преуредил, а потоа формирал судови и отворил училишта низ целата земја. Во 1876, како сојузник на Србија завојувал во нова војна против Османлиското царство. Во војната како сојузник против Османлиите влегла и Русија, па по војната Црна Гора ги добила Билеча, Бар, Улцињ и Подгорица. За победата на Црногорците се чулио насекаде во светот, а кнезот Никола бил нарекуван «цар на јунаците». По војната Црна Гора ја се проширила, добила излез на море и нејзината независност била признаена од големите сили, кои дотогаш формално не ја признавале.

Карта на кралството Црна Гора во 1914

По војната, кнезот Никола ја смирил состојбата и водел мудра политика, овозможувајќи ѝ на својата земја да се развива во сите полиња. Во тоа време, започнал со подобрување на инфраструктурата, проширување на градовите, отворал училишта, донесувал корисни закони, а државната управа ја организирал со формирање на министерства. Сепак, најголема грижа имал и понатаму кон војската, која успеал да ја осовремени ио да ја обучи како и сите современи војски во тоа време, благодарение на помошта од Русија. Роднинските врски со странските кралски дворови му овозможиле да ѝ донесе уште поголем углед на Црна Гора.

На 28 август 1910 во Цетиње, прославувајќи го јубилејот од 50 години владеење, Никола I се прогласуил за крал на Црна Гора. За време на Балканските војни, тој бил голем ентузијаст и верувал дека, конечно Османлиите ќе бидат протерани од Европа.

За време на Првата светска војна, кралот Никола бил првиот владетел, кој побарал помош во желбата Австрија да биде потисната од Балканскиот полуостров.

По војната, Црна Гора влегла во рамките на Кралството СХС, а кралот Никола продолжил да владее во егзил во Франција, сè до неговата смрт во 1921.

Поезија[уреди]

Никола Петровиќ бил и поет, кој ја напишал познатат црногорска песна Онамо, 'намо!, која требало да биде и државна химна, што никогаш не се случило поради нејзината содржина.

Семејство[уреди]

Никола I се оженил Милена Вукотиќ на 8 ноември 1860. Со неа имал 12 деца:

Никола I Петровиќ е прадедо на последниот цар на Бугарија Симеон ІІ и на кнегињата Мариjа-Луиза.

Надворешни врски[уреди]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: