Данило II Петровиќ Његош
| Данило II Петровиќ Његош | |
| кнез на Црна Гора | |
| [[File: |
|
| Владеење | 1851-1860 |
|---|---|
| Претходник | Петар II Петровиќ Његош |
| Наследник | Никола I Петровиќ |
| Придружник | Даринка Петровиќ Његош |
| Династија | Петровиќ-Његош |
| Татко | Станко Петровиќ Његош |
| Мајка | Ангелика Петровиќ Његош |
Данило II Петровиќ Његош [белешка 1] (Црна Гора, 6 јуни 1826 — Котор, Австро-Унгарија 13 август 1860), бил владетел на Црна Гора, прв световен (кнез) владетел од династијата Петровиќ-Његош. Петар II Петровиќ Његош го избрал за свој наследник. По смрта на Петар II, црногорскиот Ценат и зборот на црногорските старешни на 1 јануари 1852 година, го потврдиле за владетел на Црна Гора. На 1 март 1852 година, црногорскиот Сенат, врз основа на одлуката на општото црногорско собрание, донел одлука Црна Гора да се прогласи за наследно кнежество.
И покрај желбата на Петар II, во Црна Гора постоеле уште двајца претенденти на црногорскиот престол, братот на Петар II - Перо Томов и Ѓорѓија Савов Петровиќ. На 9 септември 1851 година, црногорскиот Сенат го избрал Перо Томов за владетел на Црна Гора, меѓутоа благодарение на руската подршка, како и влијанието на двајцата угледни сенатори Новица Церовиќ и Стефан Перков Вукотиќ, како прв световен владетел на црногорскиот претсол седнал Данило II.
Белешки [уреди]
- ↑ Данило е првиот световен владетел (кнез) на Црна Гора од куќата Петровиќ Његош и затоа понекогаш неговото име се сретнува како Данило I Петровиќ Његош, меѓутоа тој не е првиот владетел под името Данило на Црна Гора од куќата Петровиќ Његош. Негов претходник е владиката Данило Петровиќ Његош. За да се направи јасна динстикција и поголема јасност помеѓу двајцата Даниловци, првиот се именува како Данило I, а вториот како Данило II, иако првиот владее како владика
Извори [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Данило I Петровиќ Његош • Сава Петровиќ Његош • Василије Петровиќ Његош • Петар I Петровиќ Његош • Петар II Петровиќ Његош • Данило II Петровиќ Његош • Никола I Петровиќ |