Килауеја

Координати: 19°25′16″N 155°17′12″W / 19.421097472° СГШ; 155.286762433° ЗГД / 19.421097472; -155.286762433
Од Википедија — слободната енциклопедија
Килауеја
Kīlauea
Looking up the slope of Kīlauea, a shield volcano on the island of Hawaiʻi which is the largest and the southeastern-most of the Hawaiian islands. In the foreground, the vent of the volcano has erupted fluid lava to the left. The crater is at the peak of Kilauea, visible here as a rising vapor column in the background. The peak behind the vapor column is Mauna Loa, a volcano that is separate from Kīlauea.
Килауеја, штитест вулкан на островот Хаваи, најголемиот и најјужниот остров од Хавајските Острови
Највисока точка
Надм. вис.[1]
Координати19°25′16″N 155°17′12″W / 19.421097472° СГШ; 155.286762433° ЗГД / 19.421097472; -155.286762433[1]
Географија
Килауеја
Kīlauea на карта

Карта

Геологија
Старост на карпата300.000 до 600.000 години[2]
Видштитест вулкан, жариштен вулкан
Вулкански лак/појасХавајска Подморска Верига
Последен избув3 јануари 1983

Килауеја (хавајски: Kīlauea) — вулкан на Хаваите, на југоисток од архипелагот, на истоимениот остров. Овој штитест вулкан кој се формирал во подножјето на блискиот Мауна Лоа се издига на 1.246,2 м надморска висина, и е еден од најголемите светски вулкани според количината на излеана лава. Од нејзиниот врв крунисан со купа чија должина е пет километри, во два правци се простираат бројни кратери, конуси и вулкански пукнатини со должини од повеќе десетици километри. Еден од неговите еруптивни отвори, Пуу Оо, е во постојана ерупција од 3 јануари 1983 година што Килауеја го прави еден од најактивните вулкани на светот земајќи ги предвид 52 избуви што тој ги имал само во текот на 20 век. Овие избуви кои го дефинирале хавајскиот избувен вид се одликува со лава со голема флуидност која доаѓа од хавајската жешка точка и од која произлегле и други вулкани од архипелагот.

Опис[уреди | уреди извор]

Сместен по должината на јужниот брег на островот, вулканот е стар 300,000 до 600,000 години и се појавил на надморска висина пред околу 100.000 години. Тоа е вториот најмлад производ на хавајската жешка точка и тековен еруптивен центарот на хавајскиот поморски гребен. Структурно, Килауеја има широка, прилично неодамна формирана купа на нејзиниот врв и две активни судирни зони, една која се протега 125 километри источно и друга 35 километри на запад, бидејќи активен расед на непозната длабочина се движи вертикално во просек од 2 до 20 милиметри годишно.

Еруптивната историја на Килауеја е долга и активна. Името на вулканот на хавајски јазик значи "исфрлање" или "големо ширење", повикувајќи се на честите изливи на лава. Најраните лави на вулканот датираат од неговата подморска предштитеста фаза. Земени биле примероци од неговите потопени падини со помош на далечински управувани подводни возила. Лавите помлади од 1000 години покриваат 90% од површината на вулканот. Најстарите изложени лави датираат од пред 2,800 години. Првата добро документирана ерупција на Килауеја се случила во 1823 (западниот контакт и пишаната историја започнале во 1778) и оттогаш, вулканот постојано еруптира. Повеќето историски ерупции се случиле на врвот на вулканот или во неговата источна судирна зона и истите се долги и со ефузивен карактер. Геолошките наоди покажуваат дека силни експлозивни активности биле честа појава и пред европскиот контакт а во 1790 една таква ерупција убила над 80 војници. Тековната ерупција на Килауеја датира од 3 јануари 1983 и претставува негова најдолготрајна активност во неговиот историски период на активност а воедно тоа е и една од најдолготрајните ерупции во светот. Од јануари 2011 година, ерупцијата има произведено 3,5 кубни километри лава создавајќи 123 километри копно.

Килауеја

Високото ниво на активност на Килауеја влијание врз екологијата. Растот на растенијата честопати е прекинат поради свежата тефра и испуштениот сулфур диоксид, кој предизвикува кисели дождови особено во пустата област јужно од неговата југозападна зона позната како Пустина Кау. Сепак, онаму каде што вулканот не го уништил, дивиот свет е буен и многу ендемски благодарение на изолацијата на Килауеја од најблиското копно. Историски, петте вулкани на островот Хавајците ги сметаат за свети места и во хавајската митологија кратерот на Килауеја било тело и дом на Пеле, божица на огнот, громот, ветерот и вулканите. Вилијам Елис, мисионер од Англија, го дал првиот современ запис за Килауеја поминувајќи две недели на патување околу вулканот. Од нејзиното основање од страна на Томас Џагар во 1912 година, Хавајската вулканска опсерваторија, која се наоѓа на работ на купата на Килауеја, служела како главно истражувачко и научно тело на вулканот и на островот во целина. Во 1916 година, бил основан Националниот Парк на вулканите во Хаваи и оттогаш паркот станал дел од светското наследство на УНЕСКО и една од главните туристички одредишта со привлекување на околу 2.6 милиони луѓе годишно.

Мауна ЛоаМауна КејаХуалалаиКохала
Местоположба на Килауеја на Хаваи

Геологија[уреди | уреди извор]

Поставеност[уреди | уреди извор]

Како и сите хавајски вулкани, вулканот Килауеја се создадал кога тихоокеанската тектонска плоча се поместила над хавајската "жешка" точка.[3] Вулканите на островот Хаваи се најновите докази за овој процес кој, пред 70 милиони години, го создал Хавајскиот поморски синџир долг 6000 километри.[4] Килауеја е еден од петте вулкани кои го сочинуваат островот Хаваи. Најстариот вулкан на островот, Кохала, е стар повеќе од милион години а најмладиот Килауеја, се проценува дека е на возраст од 300,000 до 600,000 години. Подводниот вулкан Лоихи, кој се наоѓа на падината на островот е дури помлад, но тој допрва треба да избие на површината.[5] Оттука, тој е вториот најмлад вулкан во Хавајскиот поморски синџир, венец на штитести вулкани и подводни планини кој се протега од Хаваи до ровот на Камчатка во Русија.[6]

Пресек на источната судирна зона на Килауеја

Според моделот на формирањето на сите хавајски вулкани,[7] вулканот Килауеја својата историја ја започнал како подводен вулкан, постепено градејќи се нагоре преку подводни ерупции на алкално базалтна лава пред да излезе од морето со серија експлозивни ерупции[8] пред околу 50.000 до 100.000 години. Оттогаш, вулканската активност веројатно била истата како онаа сега, континуиран прилив на ефузивни и експлозивни ерупции по приближно истата шема како и неговата активност во последните 200 или 300 години[7].

Иако е над 600,000 години стар,[9] Килауеја сè уште се смета за млад хавајски вулкан. Најстариот вулкан на островот, Кохала на северозападниот дел речиси 900,000 години бил активен пред да се угасне. Активноста на вулканот во блиска иднина најверојатно ќе биде истата како онаа во минатото, пред 50,000 и 100,000 години.[9] Хавајската и експлозивна активност ќе продолжи да го зголемува врвот на Килауеја, вулканот ќе гради судирни зони и ќе продолжи да ја пополнува својата купа.[10]

Структура[уреди | уреди извор]

Килауеја - Ландсат мозаик.
Купата на вулканот. Може да се види вулкански гас како избива од кратерот Халемаума, внатре во купата

Килауеја бил мошне активен во текот на неговата историја. Од 1918 наваму, единствената подолга пауза на Килауеја која траела 18 години била помеѓу 1934 и 1952 година.[11] Во најголем дел ерупцијата се состои од цврсти текови на лава, со повремено исфрлање вулкански пепел и тефра со релативно послаби експлозивни ерупции. Голем дел на вулканот е покриен со историски текови на лава и 90% од неговата површина датира од последните 1,100 години.[12] Килауеја се изградил себеси нагоре од дното на океанот со текот на времето па на тој начин поголемиот негов дел останува подводен. Неговата воздушна површината е во форма на благо наведнат, издолжен, децентрализиран штит со површина од 1,500 километри,[13] правејќи до 13.7% од вкупната површина на островот.

Килауеја има голема купа на врвот од 4 до 3,2 километри со ѕидови високи до 120 метри, прекршени од лавини текови на југозападната страна. Не е познато дали купата секогаш постоела или релативно е нова бидејќи можно е да постоела и да исчезнувала во текот на еруптивната историја на вулканот. Тоа што е познато е дека најверојатно била формирана во тек на неколку векови, и се смета дека изградбата на сегашната купа започнала пред околу 500 години и дека нејзината сегашна форма била финализирана со особено моќната ерупција во 1790.[14] Главна одлика во рамки на купата е кратерот Халемаума, голема јама[15] и еден од најактивните еруптивни центри на Килауеја. Кратерот има обем од околу 920 метри со длабочина од 85 метри, но неговиот облик варирал низ историјата. Долниот дел на Халемаума денес претежно е прекриен со лавата од најновата ерупција, во 1974 година.[16]

Сите историски ерупции на Килауеја се случиле главно на три места: на врвот на купата, на источната судирна зона или на југозападната зона.[17] Половина од историските ерупции се случиле во или во близина на купата. Активност имало речиси континуирано во тек на 19 век и тоа кулминирало со голема експлозивна ерупција во 1924 година. Новата активност главно се префрла кон источната судирна зона, локација на 24 историски ерупции, главно во горниот дел. Спротивно на тоа, на југозападниот судирен дел вулканот е релативно тивок и тука се случиле само пет вулкански настани до денес.[10]

Историја на ерупциите[уреди | уреди извор]

Вулкански пепел со сулфур диоксид од кратерот Халемаума

Праисториски ерупции[уреди | уреди извор]

Геолозите датирале и документирале десетици големи ерупции во текот на долгата историја на вулканот, премостувајќи го долгиот јаз помеѓу најстарата карпа на Килаеуа и најпоследните писмени документи и историски опсервации.[18] Историските лави на вулканот научниците ги утврдувале на три начини. Најстарите текови, кои датираат од 275,000 да 225,000 години, се утврдувале на потопената јужна падина со далечински управувани подводни возила со кои биле земени примероци од предштитестата фаза, кога вулканот бил подводен и уште не бил над површината на океанот.[19] Вториот начин на утврдување било со дупчење на подлабоките талози заради земање основни примероци од јадрата на карпите и третиот бил со палеомагнетско датирање, применето кај воздушно изложениот дел на вулканот. Ова датирање укажувало на возраст на вулканот од 50.000-70.000 години.[19] Пресметките се правеле и врз основа на таложењето пепел во тек на историјата кое се проценува дека било со просечна стапка од 6 метри на илјада години. Најстариот добро проучен еруптивен производ од Килауеја е пепелот Увекахуна, производ на експлозивни ерупции пред околу 2,800 и 2,100 години. Иако во голема мера бил закопан со помладите текови на лава, сепак останува изложен во некои места и може да се најде на повеќе од 20 километри од купата на вулканот што е доказ за многу моќна ерупција.

Слика за ерупцијата во 1891

1790 до 1934[уреди | уреди извор]

Најстарите сигурни писмена докази на историската активност датираат од околу 1820,[20] и првата добро документирана ерупција се случила во 1823, кога вулканот за првпат бил набљудуван.[10] иако домородните Хавајци се верува дека првпат се населиле на островот пред околу 1,500 години, постојат слаби усни докази за периодот пред европското пристигнување на островот и истите се тешки за толкување.[21]  Пред европското пристигнувањето на островот фитомагнетна ерупција се случила во 1790,[22] при што загинале воини кои биле дел на војската на Кеоуа Куаула, последниот поглаватар кој се спротивставил на владеењето на Камехамеха I. Килауеја забележал 61 поединечна ерупција од 1823, со што станал еден од најактивните вулкани на Земјата.[7][22]

Килауеја избил во 1823 и 1832, но првата голема ерупција по настанот во 1790 се случил во 1840, кога источната судирна зона станала место на голема ефузивна хавајска ерупција.[23] Ерупција траела 26 дена и биле произведени околу 205 да 265 милиони кубни метри лава. Светлината создадена од ерупцијата наводно била толку силна што можело ноќе да се чита весник во Хило оддалечен 30 километри од вулканот.[23] Вулканот бил активен во 1868, 1877, 1884, 1885, 1894, и 1918 година[24], пред наредната голема ерупција во 1918-1919. Халемаумау, тогаш бил исполнет со лавино езеро кое потоа се исцедило. Оваа активност на крајот го изградила Мауна Ики, градејќи голем лавин штит во рамките на купата во тек на период од осум месеци. Ерупција избила големо количество на лавина фонтана. Следела активноста во 1921-1923.[11] Наредната голема ерупција се случила во 1924 година. Кратерот Халемаумау, целосно формирана кратерска јама по настанот во 1919, исполнет со лавино езеро кое подоцна се исцедило, почнал да тоне во земјата до 210 метри длабочина под густ облак од вулкански пепел. Вулканска активност потоа се ограничила на врвот и престана целосно по 1934 година.[11]

Сулфур диоксид низ кратерот Халемаумау

1952-1982[уреди | уреди извор]

По Халемаумау настанот, вулканот останал релативно тивок со сите активности ограничени на врвот. Во 1952 година оживел со огромна лавина фонтана висока 245 метри во Халемаумау кратерот. Имало повеќе континуирани лавини фонтани помеѓу 15-30 метри високи а ерупцијата на вулканот траела 136 дена. Ерупции се случиле наскоро во 1954, 1955 и 1959 година сè до големиот настан во 1960 година кога поради фреатичка ерупција и земјотрес било евакуирано населението.[11]

По настанот, ерупциите на вулканот речиси биле постојани а вулканот бил во состојба на континуирана активност, што останува и денес. Во 1967-1968 ерупцијата била поголема, со 80 милиони кубни метри вулкански материјал и активност во кратерот Халемаумау со времетраење од  251 ден.[11] По овој настан следела маратонската активност на ерупцијата на Мауна Ули која траела од 24 мај 1969 до 24 јули 1974 и додала нови 93 хектари површина на островот. По затишје на еруптивната активност имало голем  земјотрес со магнитуда од 7.2 во кратерот кој предизвикал делумен колапс на врвот по што активноста повеќе не продолжила сè до 1977 година.[11]

1983 до денес[уреди | уреди извор]

282.997x282.997пкс

Тековната ерупција на Килауеја почнала на 3 јануари 1983 по должината на источната зона. Вулканскиот вентил произведува енергични лавини фонтани кои брзо се градат во Pu'u'Ō'ō конус, испраќајќи го текот на лавата надолу по падината. Од декември 2014 година проток од тековните ерупции се заканувал да навлезе во градот Пахоа, и да го пресече Автопатот 130, единствениот пат во и надвор од Долна Пуна. Но истиот запрел и до март 2015 година заканата за градот била многу намалена.[25] Истата година лава, камења и гас летале во воздухот по експлозијата на вулканот, што предизвикало рушење на ѕидот на кратерот.[26] Уривањето предизвикало мала експлозија, разлевање на лавата и ширење пепел. Карпите над лавата попуштиле под влијанието на гасовите и на крајот се срониле во лавата што предизвикало експлозија при која биле исфрлани материјали до 280 метри во небото. Езерото од лава било формирано во 2008 година[26], и од тогаш подрачјето било затворено. Последен пат ваква лава била забележана во 1982 година, кога ерупцијата направила пукнатини, а нивото на езерото било слично на тоа денес.

Показател на вулканска избувност[уреди | уреди извор]

Глобалнaта вулканска програма доделила Показател на вулканска избувност (VEI) на сите 95 познати ерупции на Килауеја освен на 5, во последните 11,700 години. Ерупцијата од 1790 има VEI 4. Ерупциите од 1820, 1924, 1959 и 1960 имаат VEI 2. Ерупциите од 680, 1050, 1490, 1500, 1610, 1868, четири ерупции во 1961 година, сегашните и ерупцијата од 1983 година имаат VEI 1. Другите 74 ерупции имаат VEI 0.[27]

Показател на вулканска избувност на Килауеја
VEI Број на холоценски ерупции за кои бил доделен VEI (вкупно=90)
VEI 0
74
VEI 1
11
VEI 2
4
VEI 3
0
VEI 4
1
Пустината Кау

Екологија и екосистем[уреди | уреди извор]

Поради неговата местоположба на повеќе од 2.000 километри од најблиското континентално копно, островот Хаваи е еден од најпознатите географски изолирани копна на Земјата. Ова пак силно влијание на неговата екологија. Поголемиот дел од видовите кои се присутни на островот се ендемски и не можат да се најдат никаде на друго место на Земјата, како резултат на изолираната еволутивна лоза заштитена од надворешната биотичко влијание. Ова го прави нејзиниот екосистем ранлив како поради инвазивните видови така и поради човечкиот развиток, па затоа, околу третина од островската природна флора и фауна веќе исчезнала.[28] Еколошката заедница на Килауеја е дополнително загрозена од активноста на самиот вулкан[15] Тековите на лава честопати ги гореле шумите а вулканскиот пепел на некои експлозивни ерупции ги уништувале локалните растенија. 

Килауеја е под големо влијае на локалните климатски услови преку влијанието на ветровите. Вулканската екологија дополнително се комплицира и поради висината, иако таа не е ни приближно колку кај останатите, далеку повисоки соседни вулкани, поради дистрибуцијата на вулканските производи кои прават различни услови за почвата. Северниот дел на Килауеја е претежно под 1000 метри надморска височина и добива повеќе од 191 см годишни врнежи од дожд и најчесто може да се класифицира како низинска влажна заедница. На југ, вулканот има исцеди на врнежите и добива помалку од 127 см годишни врнежи и тоа се смета за претежно низинска сува околина.[29]

Некои од областите долж југозападната судирна зона на вулканот ја добиваат формата на необичната Каи пустина. Иако не е "вистинска" пустина бидејќи врнежите надминуваат максимално 1000 милиметри годишно, вулканскиот сулфур диоксид предизвикува кисели дождови со низок pH од 3.4 што во голема мера го попречува растот на растенијата. Наталожените честички тефра за прават локалната почва многу порозна. Живот кај растенијата во регионот практично не постои[30]

Поглед од источната судирна зона на вулканот Килуеа на Хаваи
Поглед од источната судирна зона на вулканот Килуеа на Хаваи

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Килауа, вулкан што се смее - видео[мртва врска]
  • Национален парк на вулканите на Хаваи
  • Хавајска вулканска опсерваторија на Килауеја Архивирано на 1 март 2013 г.
  • Hawaiian Volcano Observatory's Kīlauea eruption update website (updated daily)
  • „Килауеја“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  • Вебкамера на кратерот Халемаумау
  • USGS фотографска библиотека за Килауеја[мртва врска]
  • Лавина фонтана во океанот на 18 и 21 август 2008
  • Центарот за посетители на Килауеја

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "4088". Преглед на податоци, Геодетска служба на САД (NGS). http://www.ngs.noaa.gov/cgi-bin/ds_mark.prl?PidBox=TU2382. 
  2. „Kīlauea – Perhaps the World's Most Active Volcano“. Hawaiian Volcano ObservatoryUnited States Geological Survey. 7 May 2009. Архивирано од изворникот на 2013-03-01.
  3. Sherrod, David R.; Sinton, John M.; Watkins, Sarah E.; Brunt, Kelly M. (2007). „Geological Map of the State of Hawaii“ (PDF). Open File report 2007-1089. United States Geological Survey. стр. 44–48. Посетено на April 12, 2009.
  4. Watson, Jim (May 5, 1999). „The long trail of the Hawaiian hotspot“. United States Geological Survey. Посетено на August 26, 2010.
  5. „Lo`ihi Seamount Hawai`i's Youngest Submarine Volcano“. Hawaiian Volcano ObservatoryUnited States Geological Survey. 26 March 2000. Посетено на 30 January 2012.
  6. W. J. Kious; R. I. Tilling (1996). "Hotspots": Mantle thermal plumes (1.14. изд.). United States Geological Survey. ISBN 0160482208.
  7. 7,0 7,1 7,2 "Kīlauea – Perhaps the World's Most Active Volcano" Архивирано на 1 март 2013 г.. Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. 
  8. „Evolution of Hawaiian Volcanoes“. Hawaiian Volcano ObservatoryUnited States Geological Survey. 26 March 1998. Посетено на 30 January 2012.
  9. 9,0 9,1 "Kohala – Hawai``i's Oldest Volcano". Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey.
  10. 10,0 10,1 10,2 "Kilauea: Eruption History" Архивирано на 12 март 2017 г.. Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. 2 November 2007.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Ken Ruben (11 May 2005). "Historical Eruptions of Kilauea Volcano: Summary of Eruptions". SOEST – Hawaii Center for Volcanology.
  12. John Watson (July 18, 1997). "Lava Flow Hazard Zone Maps: Kilauea". United States Geological Survey.
  13. "Kilauea's east rift zone: an enormous ridge from the summit caldera to the ocean floor". Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey.
  14. Christina A. Neal; John P. Lockwood (2003). „Geological Map of the Summit Region of Kīlauea Volcano, Hawaii“ (PDF). United States Geological Survey. Посетено на 27 August 2012.
  15. 15,0 15,1 "Volcanic Landforms of Hawaii Volcanoes National Park". Oregon State University. Archived from the original on 8 July 2011.
  16. „Field Stop 12: Halema'uma'u Crater“. University of Wisconsin. Архивирано од изворникот на 11 December 2012. Посетено на 27 August 2012.
  17. "Kīlauea – Perhaps the World's Most Active Volcano" Архивирано на 1 март 2013 г.. Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. 7 May 2009. 
  18. "Kilauea: Eruptive history"Global Volcanism Program. Smithsonian National Museum of Natural History. 
  19. 19,0 19,1 "Oldest radiometric ages from Kilauea about 275,000 years". Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. 10 September 2007.
  20. D. A. Swanson; J. Rausch (2008). "Human Footprints in Relation to the 1790 Eruption of Kīlauea". Eos, Transactions, American Geophysical Union. American Geophysical Union. 89 (53): 2022. Bibcode:2008AGUFM.V11B2022S.
  21. Christina A. Neal; John P. Lockwood (2003). "Geological Map of the Summit Region of Kīlauea Volcano, Hawaii" (PDF). United States Geological Survey. 
  22. 22,0 22,1 Ken Ruben (11 May 2005). "Historical Eruptions of Kilauea Volcano: Summary of Eruptions". SOEST – Hawaii Center for Volcanology.
  23. 23,0 23,1 "The 1840 Kilauea eruption was big, spectacular, and made the Sand Hills". Hawaiian Volcano Observatory– United States Geological Survey. September 3, 2003. 
  24. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име soest-hist2.
  25. Lincoln, Mileka. „First look at completed Puna lava flow emergency bypass road“ (англиски). Посетено на 2017-12-24.
  26. 26,0 26,1 „Спектакл на Хаваите: Вулканот Килауеја исфрла лава и камења 300 метри во воздух!“. tocka.com.mk (англиски). Посетено на 2017-12-24.
  27. „Global Volcanism Program: Kilauea“. Smithsonian Institution, National Museum of Natural History. Посетено на 8 October 2015.
  28. Sakai, Ann K.; Wagner, Warren L.; Mehrhoff, Loyal A.; Funk, Vicki (2002-03-01). „Patterns of Endangerment in the Hawaiian Flora“. Systematic Biology (англиски). 51 (2): 276–302. doi:10.1080/10635150252899770. ISSN 1063-5157.
  29. "Three Mountain Alliance Management Plan December 31, 2007" Архивирано на 4 март 2016 г. (PDF). Three Mountain Alliance. 
  30. Robert A. Craddock; Matthew Golombek; Alan D. Howard (2000). "Analyses of Rock Size-Frequency Distributions and Morphometry of Modified Hawaiian Lava Flows: Implications for Future Martian Landing Sites"(PDF). Lunar and Planetary Institute.