Ветар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ветарот може да се опише како стурењето на воздухот, во кратки црти всушност можеме да кажеме дека ветар се воздушните молекули во движење.

Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветарот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.

Во човечката цивилизација, ветарот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.

Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.

[уреди] Постојани ветрови

  • Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради земјината ротација скршнуваат кон запад.
  • Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ се до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
  • Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.

[уреди] Периодични ветрови

Овие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.


[уреди] Локални ветрови

Карактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици