Кисел дожд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кисели дождови

Кон крајот на 19 век за прв пат било забележано појава на дождови чија pH вредност (Водороден показател) била пониска од pH на природните дождови, односно 5,6. Сите дождови чијашто pH вредност е пониска од 5 се сметаат за кисели дождови. Во Македонија биле забележани дождови со pH од околу 4. Нај кисели дождови досега се забележани во Шкотска во 1924 со pH 2,4. Главни компоненти на киселите дождови е јаглеродната киселина која е слаба киселина и не ја намалува многу pH вредноста на дождовите. Освен јаглеродна киселина забележано е и присуство на сулфурна киселина - до 70% и азотна киселина до 60% кои ја намалуваат pH до 4,5. Во атмосферата има големо количество на SO2 и NO2 кои преминуваат во соодветните киселини H2SO4 i HNO3. Освен овие киселини, киселите дождови содржат и HCl (хлороводородна киселина) до 6% и други органски киселини.