КАФ Лига на шампиони

Од Википедија — слободната енциклопедија
КАФ Лига на шампиони
РегионАфрика
КонфедерацијаКАФ
Основана1964 (од 1997 во моменталниот формат)
Број на клубови16 (групна фаза)
52 (вкупно)
Тековен првакЕсперанс Тунис Есперанс Тунис (4. титула)
(2018-2019)
Најмногу титулиАл Ахли Ал Ахли (8)
Мрежно местоКАФ Лига на шампиони
Трофеј
КАФ Лига на шампиони 2019-2020

КАФ Лигата на шампионите е годишно континентално клупско фудбалско натпреварување управувано од страна на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ). Најдобрите клубови од најдобрите фудбалските лиги во Африка се поканети да учествуваат на ова натпреварување, кој е најважното клупско фудбалско натпреварување на континентот и е еквивалент на УЕФА Лигата на шампионите. Поради спонзорскиот договор со француската компанија Тотал, официјалното име на натпреварувањето е Тотал КАФ Лига на шампиони, или исто така во употреба е и Тотал Лига на шампиони.[1]

Победникот на турнирот стекнува право да учествува на Светското клупско првенство, турнир на кој се натпреваруваат сите клубови шампиони од сите шест континентални конфедерации, а исто така се соочува и со победникот на КАФ Купот на конфедерации во Суперкупот на КАФ следната сезона.

Египетскиот Ал Ахли е најуспешниот клуб во историјата на натпреварувањето, освојувајќи го турнирот осум пати. Египетските клубови имаат акумулирано најголем број победи, освојувајќи ја титулата 14 пати. Моментален шампион е мароканската Видад Казабланка, кои ја забележаа својата втора титула во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Ал Ахли во финалето 2017.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите години[уреди | уреди извор]

На почетокот, натпреварувањето ги опфаќало сите шампиони на националните лиги на африканските земји кои биле членови на КАФ. Натпреварувањето траело 12 месеци и се играло по купски систем, по кој во секое коло се играле по два натпревари (дома-гости) сè до четвртфиналето, каде екипите играле по еден натпревар на неутрален терен и победникот се пласирал понатаму.

Првиот 'Африкански Куп на шампиони' одигран е во 1964 година, а првата екипа која го освоила трофејот бил камерунскиот Орикс Дуала, кој го победил Стад Малијан од Мали со 2-1 во финалниот натпревар.

Во 1965 година турнир не бил одржан, но организаторите не се откажале од него и повторно е организиран во 1966 година. Сега сите фази на натпреварување се играле по двоен систем ‘домаќин и гостин’, а во финалето играле Реал Бамако од Мали и Стад Абиџан од Брегот на Слоновата Коска. Реал Бамако ја искористил предноста на домашниот терен во првиот натпревар и победил со 3-1, но во реваншот во гости во Абиџан изгубил со 4-1 и останал без титулата која му припаднала на Стад Абиџан.

Во финалето 1967 година се сретнале Асанте Котоко од Гана и TП Мазембе од ДР Конго. Двата натпревари биле завршени со нерешен резултат (1-1 и 2-2). Бидејќи тогаш не важело правилото гол во гости, КАФ предложил да се одигра и трет натпревар, но екипата од Гана го одбила тој предлог поради што титула му припднала на Мазембе, кои и во следната сезона повторно бил шампион.

Во 1970 година во финалето повторно се сретнале Асанте Котоко и Мазембе. Првиот натпревар бил одигран во Гана и завршил со резултат 1-1, но во реваншот на гостински терен Асанте славеле со 2-1 и така ја освоиле титулата која ја испуштиле пред три години.

Во текот на седумдесеттите години доаѓа успон на камерунските фудбалски клубови, кои поставиле основа за успесите на камерунската репрезентација. Од 1971 до 1980 година камерунските екипи освоиле 4 титули Африкански првак: Канон Јаунде трипати (1971, 1978 и 1980) и УС Дуала еднаш 1979. Покрај успесите на екипите од Камерун, во тој период и Хафија Конакри од Гвинеја имала свои златни години, освојувајќи ја титулата шампион трипати (1972, 1975 и 1977).

Египетска доминација[уреди | уреди извор]

Иако само две екипи од Северна Африка ја освоиле титулата пред 1981 година - Исмаили од Египет во 1969 и МК Алжир од Алжир во 1976 – од тогаш, екипите од оваа регија го преземаат приматот и започнува нивната доминација во натпреварувањето, освојувајќи 22 титули од последните 28 турнири.

Посебно биле доминантни двата египатски фудбалски гиганти од Каиро, Ал Ахли и Замалек. Ал Ахли победил рекордни осум пати: 1982, 1987, 2001, 2005, 2006, 2008, 2012 и 2013; а Замалек има пет титули: 1984, 1986, 1993, 1996 и 2002.

Друга екипа од Северна Африка која исто така имала доста успеси во натпреварувањето е Раџа Казабланка од Мароко, која победила трипати: 1989, 1997 и 1999.

Развој на КАФ Лигата на шампионите[уреди | уреди извор]

Покрај воведување на правилото гол во гости многу малку се менувало во системот на натпреварувањето до 1997 година. Таа година, КАФ започнал да спроведува реформи во натпреварувањето, како што УЕФА го направила истото пет години порано, создадена е групна фаза во почетокот на турнирот и натпреварувањето го менува името во КAФ Лига на шампиони. КАФ исто така претставил и парични награди за учесниците.

Победник је добивал 1.000.000 американски долари а поразениот во финалето 750,000, новата Лига на шампиони станала второ најбогато фудбалско клупско натпреварување во Африка после Јужноафриканската Премиер лига која го наградува победникот со 2.000.000 американски долари.

По новиот формат, Лигата на шампионите се состои од серија прелиминарни рунди сè до фазата последните 16. Во оваа фаза екипите се поделени во 4 групи со по 4 клуба каде играат по двоен систем дома гости од кои првопласираните две екипи од секоја група поминуваат во четвртфиналето. Од четвртфиналето па до самиот крај на натпреварувањето (вклучувајќи го и финалето) се игра по куп систем во два натпревари дома-гости.

Во 2010 година, TП Мазембе од ДР Конго станал првата екипа која по вторпат успеала да ја освои титулата две години по редом. Првпат тоа го сториле во 1967 и 1968, а го повториле во 2009 и 2010.

Во КAФ Лигата на шампионите учествуваат победниците од сите национални лиги кои се членови на КАФ, како и шампионот од претходната година. Од 2004. година право да учествуваат имаат и второпласираните екипи од 12-те најдобро рангирани фудбалски лиги во Африка. После оваа реформа доаѓа до спојување на КАФ Купот (натпреварување во кое учествувале второпласираните екипи од африканските национални првенства) и КАФ Купот на победниците на куповите и создаден е КАФ Купот на конфедерации.

Спонзори[уреди | уреди извор]

Период Спонзор Име на турнирот
2004-2008 Јужна Африка МТН МТН КАФ Лига на шампиони
2009-2016 Франција Оринџ Оринџ CAF Champions League
2016-2023 Франција Тотал Тотал КАФ Лига на шампиони

Парични награди[уреди | уреди извор]

Конечен
пласман
Парична награда
Шампион US$2.5 милиони
Вицешампион US$1.25 милиони
Полуфиналист US$0.8 милиони
Четвртфиналист US$0.65 милиони
Трет во групната фаза US$0.55 милиони
Четврт во групната фаза US$0.55 милиони

Финалиња[уреди | уреди извор]

Африкански Куп на шампиони (1964—1997)[уреди | уреди извор]

Година Домаќин Резултат Гостин Стадион Гледачи
1964
Детали
Камерун Орикс Дуала 2 - 1 Мали Стад Малијан Стадион Акра, Акра
1966
Детали
Мали Реал Бамако 3 - 1 Брегот на Слоновата Коска Стад Абиџан Мунисипал, Бамако
Брегот на Слоновата Коска Стад Абиџан 4 - 1 Мали Реал Бамако Феликс Уфује-Буањи, Абиџан
Стад Абиџан Стад Абиџан победил со вкупен резултат 5 - 4
1967
Детали
Гана Асанте Котоко 1 - 1 ДР Конго TП Мазембе Стадион Кумаси, Кумаси
ДР Конго TП Мазембе 2 - 2 Гана Асанте Котоко Стадион 20 мај, Киншаса
ДР Конго TП Мазембе н/o Гана Асанте Котоко Стадион Омниспорт Јаунде, Јаунде
ТП Мазембе ТП Мазембе ја освоил титулата затоа што Асанте Котоко не се согласиле да играат трет натпревар
1968
Детали
ДР Конго TП Мазембе 5 - 0 Того Етуал Филант Стадион 20 мај, Киншаса
Того Етуал Филант 4 - 1 ДР Конго TП Мазембе Стадион Генерал Ејадема, Ломе
ТП Мазембе ТП Мазембе победил со вкупен резултат 6 - 4
1969
Детали
ДР Конго TП Мазембе 2 - 2 Обединета Арапска Република Исмаили Стадион 20 мај, Киншаса
Обединета Арапска Република Исмаили 3 - 1 ДР Конго TП Мазембе Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Исмаили Исмаили победил со вкупен резултат 5 - 3
1970
Детали
Гана Асанте Котоко 1 - 1 ДР Конго TП Енгелберт Стадион Кумаси, Кумаси
ДР Конго TП Енгелберт 1 - 2 Гана Асанте Котоко Стадион 20 мај, Киншаса
Асанте Котоко Асанте Котоко победил со вкупен резултат 3 - 2
1971
Детали
Гана Асанте Котоко 2 - 0 Камерун Канон Јаунде Стадион Кумаси, Кумаси
Камерун Канон Јаунде 2 - 0 Гана Асанте Котоко Воен стадион Гаруа, Јаунде
Камерун Канон Јаунде 1 - 0 Гана Асанте Котоко Воен стадион Гаруа, Јаунде
Канон Јаунде Канон Јаунде победил со 1-0 во 3. натпревар
1972
Детали
Гвинеја Хафија 4 - 2 Уганда Симба Стадион 28 септември, Конакри
Уганда Симба 2 - 3 Гвинеја Хафија Стадион Накивубо, Кампала
Хафија Хафија победила со вкупен резултат 7 - 4
1973
Детали
Гана Асанте Котоко 4 - 2 Заир Вита Клуб Стадион Кумаси, Кумаси
Заир Вита Клуб 3 - 0 Гана Асанте Котоко Стадион 20 мај, Киншаса
Вита Клуб Вита Клуб победил со вкупен резултат 5 - 4
1974
Детали
Конго КАРА Бразавил 4 - 2 Египет Газл Ел Махала Стадион на Револуцијата, Бразавил
Египет Газл Ел Махала 1 - 2 Конго КАРА Бразавил Стадион Ел Махала, Махала ел Кубра
КАРА Бразавил КАРА Бразавил победил со вкупен резултат 6 - 3
1975
Детали
Гвинеја Хафија 1 - 0 Нигерија Енугу Ренџерс Стадион 28 септември, Конакри
Нигерија Енугу Ренџерс 1 - 2 Гвинеја Хафија Национален стадион во Лагос, Лагос
Хафија Хафија победила со вкупен резултат 3 - 1
1976
Детали
Гвинеја Хафија 3 - 0 Алжир МК Алжир Стадион 28 септември, Конакри
Алжир МК Алжир 3 - 0
(пенали: 4 - 1)
Гвинеја Хафија Стадион 5 јули 1962, Алжир
МК Алжир МК Алжир победил по изведување на пенали со 4 - 1 (вк. резултат 3 - 3)
1977
Детали
Гана Хартс оф Оук 0 - 1 Гвинеја ФК Хафија Спортски стадион во Акра, Акра
Гвинеја ФК Хафија 3 - 2 Гана Хартс оф Оук Стадион 28 септември, Конакри
Хафија Хафија победила со вкупен резултат 4 - 2
1978
Детали
Гвинеја Хафија 0 - 0 Камерун Канон Јаунде Стадион 28 септември, Конакри
Камерун Канон Јаунде 2 - 0 Гвинеја Хафија Стадион Омниспорт, Јаунде
Канон Јаунде Канон Јаунде победил со вкупен резултат 2 - 0
1979
Детали
Гана Хартс оф Оук 1 - 0 Камерун Унион Дуала Спортски стадион во Акра, Акра
Камерун Унион Дуала 1 - 0
(пенали: 5 - 3)
Гана Хартс оф Оук Стадион Омниспорт, Јаунде
Унион Дуала Унион Дуала победил по изведување на пенали со 5 - 3 (вк. резултат: 1 - 1)
1980
Детали
Камерун Канон Јаунде 2 - 2 Заир Билима Воен стадион Гаруа, Јаунде
Заир Билима 0 - 3 Камерун Канон Јаунде Стадион 20 мај, Киншаса
Канон Јаунде Канон Јаунде победил со вкупен резултат 5 - 2
1981
Детали
Алжир ЈС Кабилија 4 - 0 Заир Вита Клуб Стадион 1 ноември 1954, Тизи Узу
Заир Вита Клуб 0 - 1 Алжир ЈС Кабилија Стадион 20 мај, Киншаса
ЈС Кабилија ЈС Кабилија победила со вкупен резултат 5 - 0
1982
Детали
Египет Ал Ахли 3 - 0 Гана Асанте Котоко Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Гана Асанте Котоко 1 - 1 Египет Ал Ахли Спортски стадион во Кумаси, Кумаси
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 4 - 1
1983
Детали
Египет Ал Ахли 0 - 0 Гана Асанте Котоко Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Гана Асанте Котоко 1 – 0 Египет Ал Ахли Спортски стадион во Кумаси, Кумаси
Асанте Котоко Асанте Котоко победил со вкупен резултат 1 - 0
1984
Детали
Египет Замалек 2 - 0 Нигерија Шутинг Старс Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Нигерија Шутинг Старс 0 - 1 Египет Замалек Национален стадион во Лагос, Лагос
Замалек Замалек победил со вкупен резултат 3 - 0
1985
Детали
Мароко ФАР Рабат 5 - 2 Заир Билима Стадион Принц Мулај Абделах, Рабат
Заир Билима 1 - 1 Мароко ФАР Рабат Мобуту стадион, Лубумбаши
ФАР Рабат ФАР Рабат победил со вкупен резултат 6 - 3
1986
Детали
Египет Замалек 2 - 0 Брегот на Слоновата Коска Африка Спортс Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Брегот на Слоновата Коска Африка Спортс 2 - 0
(пенали: 2 - 4)
Египет Замалек Стадион Феликс Уфује-Буањи, Абиџан
Замалек Замалек победил по изведување на пенали 4 - 2 (вк. резултат : 2 - 2)
1987
Детали
Судан Ал Хилал 0 - 0 Египет Ал Ахли Стадион Ал Хилал, Омдурман
Египет Ал Ахли 2 - 0 Судан Ал Хилал Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 2 - 0
1988
Детали
Нигерија Хартленд 1 - 0 Алжир ЕС Сетиф Либерти стадион, Ибадан
Алжир ЕС Сетиф 4 - 0 Нигерија Хартленд Стадион Мухамед Хамлауи, Константин 45,000
ЕС Сетиф ЕС Сетиф победил со вкупен резултат 4 - 1
1989
Детали
Мароко Раџа Казабланка 1 - 0 Алжир МК Оран Стадион Мухамед V, Казабланка 50,000
Алжир МК Оран 1 - 0
(пенали: 2 - 4)
Мароко Раџа Казабланка Стадион 19 јуни 1965, Оран 40,000
Раџа Казабланка Раџа Казабланка победила по изведување на пенали 4 - 2 (вк. резултат : 1 - 1)
1990
Детали
Алжир ЈС Кабилија 1 - 0 Замбија Нкана Стадион 5 јули 1962, Алжир 70,000
Замбија Нкана 1 - 0
(пенали: 2 - 4)
Алжир ЈС Кабилија Индепанданс стадион, Лусака 35,000
ЈС Кабилија ЈС Кабилија победила по изведување на пенали 5 - 3 (вк. резултат : 1 - 1)
1991
Детали
Тунис Клуб Африкан 6 - 2 Уганда Вила Стадион Ел Мензах, Тунис 40,000
Уганда Вила 1 - 1 Тунис Клуб Африкан Стадион Накивубо, Кампала 25,000
Клуб Африкан Клуб Африкан победил со вкупен резултат 7 - 3
1992
Детали
Мароко Видад Казабланка 2 - 0 Судан Ал Хилал Стадион Муhамед V, Казабланка
Судан Ал Хилал 0 - 0 Мароко Видад Казабланка Стадион Ал Хилал, Омдурман
Видад Казабланка Видад Казабланка победила со вкупен резултат 2 - 0
1993
Детали
Гана Асанте Котоко 0 - 0 Египет Замалек Спортски стадион во Кумаси, Кумаси
Египет Замалек 0 - 0
(пенали: 7 - 6)
Гана Асанте Котоко Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Замалек Замалек победил по изведување на пенали со 7 - 6 (вк. резултат : 0 - 0)
1994
Детали
Египет Замалек 0 - 0
Тунис Есперанс Тунис Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Тунис Есперанс Тунис 3 - 1 Египет Замалек Стадион Ел Мензах, Тунис
Есперанс Тунис Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 3 - 1
1995
Детали
ЈАР Орландо Пајретс 2 - 2 Брегот на Слоновата Коска АСЕК Мимозас ФНБ стадион, Јоханезбург
Брегот на Слоновата Коска АСЕК Мимозас 0 - 1 ЈАР Орландо Пајретс Стадион Феликс Уфје-Буањи, Абиџан
Орландо Пајретс Орландо Пајретс победил со вкупен резултат 3 - 2
1996
Детали
Нигерија Шутинг Старс 2 - 1 Египет Замалек Стадион Лекан Салами, Ибадан
Египет Замалек 2 - 1
(пенали: 5 - 4)
Нигерија Шутинг Старс Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Замалек Замалек победил по изведување на пенали 5 - 4 (вк. резултат : 3 - 3)

КАФ Лига на шампиони (од 1997 година)[уреди | уреди извор]

Година Домаќин Резултат Гостин Стадион Гледачи
1997
Детали
Гана Ашанти Голд 1 - 0 Мароко Раџа Казабланка Стадион Лен Клеј, Обаси 20,000
Мароко Раџа Казабланка 1 - 0
(пенали: 5 - 4)
Гана Ашанти Голд Стадион Мухамед V, Казабланка 85,000
Раџа Казабланка Раџа Казабланка победила по изведување на пенали 5 - 4 (вк. резултат : 1 - 1)
1998
Детали
Зимбабве Дајнамос 0 - 0 Брегот на Слоновата Коска АСЕК Мимозас Национален спортски стадион, Хараре 45,000
Брегот на Слоновата Коска АСЕК Мимозас 4 - 2 Зимбабве Дајнамос Стадион Феликс Уфје-Буањи, Абиџан 50,000
АСЕК Мимозас АСЕК Мимозас победил со вкупен резултат 4 - 2
1999
Детали
Мароко Раџа Казабланка 0 - 0 Тунис Есперанс Тунис Стадион Пер-Жего, Казабланка
Тунис Есперанс Тунис 0 - 0
(пенали: 3 - 4)
Мароко Раџа Казабланка Стадион Ел Мензах, Тунис 50,000
Раџа Казабланка Раџа Казабланка победила по изведување на пенали со 4 - 3 (вк. резултат : 0 – 0)
2000
Детали
Тунис Есперанс Тунис 1 - 2 Гана Хартс оф Оук Стадион Ел Мензах, Тунис 30,000
Гана Хартс оф Оук 3 - 1 Тунис Есперанс Тунис Спортски стадион во Акра, Акра 45,000
Хартс оф Оук Хартс оф Оук победил со вкупен резултат 5 - 2
2001
Детали
ЈАР Мамелоди Сандаунс 1 - 1 Египет Ал Ахли Стадион Лофтус Версфелд, Преторија 5,000
Египет Ал Ахли 3 - 0 ЈАР Мамелоди Сандаунс Интернационален стадион во Каиро, Каиро 80,000
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 4 - 1
2002
Детали
Мароко Раџа Казабланка 0 - 0 Египет Замалек Стадион Мухамед V, Казабланка
Египет Замалек 1 - 0 Мароко Раџа Казабланка Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Замалек Замалек победил со вкупен резултат 1 - 0
2003
Детали
Нигерија Ењимба 2 - 0 Египет Исмаили Ењимба Интернешнл стадион, Аба
Египет Исмаили 1 - 0 Нигерија Ењимба Исмаилија стадион, Исмаилија
Ењимба Ењимба победила со вкупен резултат 2 - 1
2004
Детали
Тунис Етуал ду Сахел 2 - 1 Нигерија Ењимба Стадион Олимпик д Сус, Сус
Нигерија Ењимба 2 – 1
(пенали: 5 - 3)
Тунис Етуал ду Сахел Ењимба Интернационал стадион, Аба
Ењимба Ењимба победила по изведување на пенали со 5 - 3 (вк. резултат : 3 - 3)
2005
Детали
Тунис Етуал ду Сахел 0 - 0 Египет Ал Ахли Стадион Олимпик д Сус, Сус 20,000
Египет Ал Ахли 3 - 0 Тунис Етуал ду Сахел Стадион на Војната академија, Каиро 35,000
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 3 - 0
2006
Детали
Египет Ал Ахли 1 - 1 Тунис Сфаксијен Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Тунис КС Сфаксијен 0 - 1 Египет Ал Ахли Стадион 14 јануари, Радес 65,000
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 2 - 1
2007
Детали
Тунис Етуал ду Сахел 0 - 0 Египет Ал Ахли Стадион Олимпик д Сус, Сус
Египет Ал Ахли 1 - 3 Тунис Етуал ду Сахел Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Етуал ду Сахел Етуал ду Сахел победил со вкупен резултат 3 - 1
2008
Детали
Египет Ал Ахли 2 - 0 Камерун Котон Спорт Интернационален стадион во Каиро, Каиро
Камерун Котон Спорт 2 - 2 Египет Ал Ахли Стадион Румде Аџија, Гаруа
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 4 - 2
2009
Детали
Нигерија Хартленд 2 - 1 ДР Конго TП Мазембе Стадион Дан Ањијам, Овери
ДР Конго TП Мазембе 1 - 0 Нигерија Хартленд Стадион Фредерик Кибаса Малиба, Лубумбаши
ТП Мазембе ТП Мазембе ја освоил титулата поради постигнат гол во гости
2010
Детали
ДР Конго TП Мазембе 5 - 0 Тунис Есперанс Тунис Стадион Фредерик Кибаса Малиба, Лубумбаши 50,000
Тунис Есперанс Тунис 1 - 1 ДР Конго TП Мазембе Стадион 14 јануари, Радес 65,000
ТП Мазембе ТП Мазембе победил со вкупен резултат 6 - 1
2011
Детали
Мароко Видад Казабланка 0 - 0 Тунис Есперанс Тунис Стадион Мухамед V, Казабланка 70,000
Тунис Есперанс Тунис 1 - 0 Мароко Видад Казабланка Стадион 14 јануари, Радес 65,000
Есперанс Тунис Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 1 - 0
2012
Детали
Египет Ал Ахли 1 - 1 Тунис Есперанс Тунис Борг Ел Араб стадион, Александрија 25,000
Тунис Есперанс Тунис 1 - 2 Египет Ал Ахли Стадион Олимпик д Радес, Радес 31,000
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 3 - 2
2013
Детали
ЈАР Орландо Пајретс 1 - 1 Египет Ал Ахли Спортинг Клуб Стадион Орландо, Совето 40,000
Египет Ал Ахли 2 - 0 ЈАР Орландо Пајретс Стадион Араб Контрактор, Каиро 20,000
Ал Ахли Ал Ахли победил со вкупен резултат 3 - 1
2014
Детали
ДР Конго Вита 2 - 2 Алжир ЕС Сетиф Стадион Тата Рафаел, Киншаса 40,000
Алжир ЕС Сетиф 1 - 1 ДР Конго Вита Стадион Мустафа Чакер, Блида 35,000
ЕС Сетиф ЕС Сетиф ја освоил титулата поради повеќе постигнати голови во гости
2015
Детали
Алжир УСМ Алжир 1 - 2 ДР Конго TП Мазембе Стадион Омар Хадафи, Алжир 15,000
ДР Конго TП Мазембе 2 - 0 Алжир УСМ Алжир Стадион ТП Мазембе, Лубумбаши 35,000
ТП Мазембе ТП Мазембе победил со вкупен резултат 4 - 0 .
2016
Детали
ЈАР Мамелоди Сандаунс 3 - 0 Египет Замалек Стадион Лукас Морипе, Атериџвил 30,000
Египет Замалек 1 - 0 ЈАР Мамелоди Сандаунс Стадион Борг Ел Араб, Александрија 70,000
Мамелоди Сандаунс Мамелоди Сандаунс победил со вкупен резултат 3 - 1.
2017
Детали
Египет Ал Ахли 1 - 1 Мароко Видад Казабланка Стадион Борг Ел Араб, Александрија 60,000
Мароко Видад Казабланка 1 - 0 Египет Ал Ахли Стадион Мохамед V, Казабланка 65,000
Видад Казабланка Видад Казабланка победила со вкупен резултат 2 - 1.
2018
Детали
Египет Ал Ахли 3 - 1 Тунис Есперанс Тунис Стадион Борг Ел Араб, Александрија 60,000
Тунис Есперанс Тунис 3 - 0 Египет Ал Ахли Стадион Олимпик д Радес, Радес 60,000
Есперанс Тунис Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 4 - 3.
2018-2019
Детали
Мароко Видад Казабланка 1 - 1 Тунис Есперанс Тунис Стадион Мохамед V, Казабланка 50,000
Тунис Есперанс Тунис Напуштено[note 1] Мароко Видад Казабланка Стадион Олимпик д Радес, Радес 60,000
Есперанс Тунис Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 2 - 1.
2019-2020
Детали
Египет Ал Ахли 2 - 1 Египет Замалек Интернационален стадион во Каиро, Каиро, Египет 0 (поради пандемија на коронавирус)
се играл само еден натпревар

Рекорди и статистика[уреди | уреди извор]

Успешност по клубови[уреди | уреди извор]

Клуб Победник Вицешампион Години шампион Години вицешампион
Египет Ал Ахли Ал Ахли 9 4 1982, 1987, 2001, 2005, 2006, 2008, 2012, 2013, 2020 1983, 2007, 2017, 2018
Египет Замалек Замалек 5 3 1984, 1986, 1993, 1996, 2002 1994, 2016, 2020
ДР Конго ТП Мазембе ТП Мазембе[pbt 1] 5 2 1967, 1968, 2009, 2010, 2015 1969, 1970
Тунис Есперанс Тунис Есперанс Тунис 4 4 1994, 2011, 2018, 2019 1999, 2000, 2010, 2012
Гвинеја Хафија Хафија 3 2 1972, 1975, 1977 1976, 1978
Мароко Раџа Казабланка Раџа Казабланка 3 1 1989, 1997, 1999 2002
Камерун Канон Јаунде Канон Јаунде 3 0 1971, 1978, 1980
Гана Асанте Котоко Асанте Котоко 2 5 1970, 1983 1967, 1971, 1973, 1982, 1993
Мароко Видад Казабланка Видад Казабланка 2 2 1992, 2017 2011, 2019
Алжир ЈС Кабилија ЈС Кабилија [pbt 2] 2 0 1981, 1990
Нигерија Ењимба Ењимба 2 0 2003, 2004
Алжир ЕС Сетиф ЕС Сетиф 2 0 1988, 2014
ДР Конго Вита Клуб Вита Клуб 1 2 1973 1981, 2014
Гана Хартс оф Оук Хартс оф Оук 1 2 2000 1977, 1979
Тунис Етуал ду Сахел Етуал ду Сахел 1 2 2007 2004, 2005
Египет Исмаили Исмаили 1 1 1969 2003
Јужна Африка Орландо Пајретс Орландо Пајретс 1 1 1995 2013
Брег на Слоновата Коска АСЕК Мимозас АСЕК Мимозас 1 1 1998 1995
Јужна Африка Мамелоди Сандаунс Мамелоди Сандаунс 1 1 2016 2001
Камерун Орикс Дуала Орикс Дуала 1 0 1965
Брег на Слоновата Коска Стад Абиџан Стад Абиџан 1 0 1966
Република Конго КАРА Бразавил КАРА Бразавил 1 0 1974
Алжир МК Алжир МК Алжир 1 0 1976
Камерун Унион Дуала Унион Дуала 1 0 1979
Мароко ФАР Рабат ФАР Рабат 1 0 1985
Тунис Клуб Африкан Клуб Африкан 1 0 1991
ДР Конго AS Bilima 0 2 1980, 1985
Судан Al-Hilal 0 2 1987, 1992
Нигерија Shooting Stars 0 2 1984, 1996
Нигерија Heartland [pbt 3] 0 2 1988, 2009
Мали Stade Malien 0 1 1965
Мали Real Bamako 0 1 1966
Того Étoile Filante du Togo 0 1 1968
Уганда Simba FC 0 1 1972
Египет Ghazl Al-Mehalla 0 1 1974
Нигерија Enugu Rangers 0 1 1975
Брег на Слоновата Коска Africa Sports 0 1 1986
Алжир MC Oran 0 1 1989
Замбија Nkana Red Devils 0 1 1990
Уганда SC Villa 0 1 1991
Гана Ashanti Gold [pbt 4] 0 1 1997
Зимбабве Dynamos FC 0 1 1998
Тунис CS Sfaxien 0 1 2006
Камерун Coton Sport 0 1 2008
Алжир USM Alger 0 1 2015
  1. Вклучувајќи и ТП Енглберт
  2. Вклучувајќи и ЈЕ Тизи-Узу
  3. Вклучувајќи и Ивуанјанву Национале
  4. Вклучувајќи и Обуаси Голдфилдс


Успешност по држави[уреди | уреди извор]

Држава Титули Вицешампиони
Египет Египет 14 7
 ДР Конго 6 6
Мароко Мароко 6 2
 Алжир 5 2
 Камерун 5 1
Тунис Тунис 4 7
Гана Гана 3 8
 Гвинеја 3 2
Нигерија Нигерија 2 5
Брег на Слоновата Коска БСК 2 2
Јужна Африка ЈАР 2 2
 Конго 1 0
 Мали 0 2
 Судан 0 2
 Уганда 0 2
 Того 0 1
 Замбија 0 1
 Зимбабве 0 1

Нотес[уреди | уреди извор]

  1. Во 59-тата минута, Валид Ел Карти постигнал гол за Видад Казабланка кој последователно бил поништен заради сигнализација за офсајд од страна на линискиот судија. Поради дефект на VAR системот, прегледот на одлуката не можел да се спроведе. Верувајќи дека голот е валиден, Видад Казабланка протестирале против одлуката и натпреварот бил прекинат. По запирањето на натпреварот во 80-тата минута, истиот бил прогласен за загубен од Видад Казабланка и му била доделена победа на Есперанс Тунис, со што тие ја обезбедиле титулата во КАФ Лигата на шампионите.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „CAF partner and sponsors“. cafonline.com.
  2. https://en.as.com/en/2019/05/31/football/1559332942_123937.html

Надворешни врски[уреди | уреди извор]