Абиџан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Абиџан

Абиџан е најголемиот и поранешен главен град на Брегот на Слоновата Коска. Тој е комерцијален и банкарски центар на Брегот на Слоновата Коска, како и де факто главен град (иако Јамусукро е официјален). Абиџан се наоѓа во лагуната Ебри, на неколку полуострови и острови поврзани со мостови. Има околу 4 до 5 милиони жители во метрополитенската област.

Абиџан е наречен и "Париз на Западна Африка" поради неговите паркови, широки булевари, универзитети, егзотична мода и музеи. Сè до стартот на Иворијанската граѓанска војна во 2002 година, несигурноста во Абиџан порасна. Некогаш еден од најбогатите и најмирни градови во Африка, денес Абиџан се смета за еден од најопасните градови на континентот.