Знаме на Сахарската Арапска Демократска Република
Од Википедија, слободната енциклопедија
| [[file:|border|300x150px|alt=}}]] | |
Знамето на Сахарската Арапска Демократска Република е комбинација на пан-арапските бои и симболи поврзани со исламот. Знамето било усвоено на 27 февруари, 1976 и било делумно модифицирано во јуни 1991. Најголемиот дел од регионот над кој полага право САДР, Западна Сахара е управуван од Мароко, па така националното знаме на Мароко може да се види во најголемиот дел од Западна Сахара.
Шпанската актерка Вероника Форке го вее знамето на САДР.
[уреди] Составување на знамето
Официјален лист за составување на знамето на САДР бил издаден од страна на владата на САДР во јуни 1987. Соодносот на знамето е 1:2 и должината на црвениот триаголник е една третина од целото знаме. Реверс страната на знамето не ги содржи ѕвездата и полумесечината на белата лента. [1]
[уреди] Извори
- ↑ Од документ издаден од секторот за протокол на канцеларијата на Претседателот на републиката во јуни 1987.
