Жељко Ражнатовиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жељко Ражнатовиќ - Аркан

Жељко Ражнатовиќ - Аркан (српски: Жељко Ражнатовић / Željko Ražnatović) (17 април 1952, Брежица, Словенија15 јануари 2000 во Белград, Србија) бил лидер на паравоената формација Српска доброволна гарда којашто делувала во војната на просторот на бивша Југославија. Аркан има дебело досие како истакнат „криминалец“ во Западна Европа.

Детство[уреди]

Жељко е роден во Брежица, мало место во Словенија. Неговиот татко Велко бил офицер на воздухоплоството во ЈНА. Аркан живеел со својата мајка која била само комунистичка активистка заедно со своите три сестри. Неговите родители се разведиле уште кога Аркан бил дете. Неговиот татко често го тепал во младоста и тогаш Жељко често пати го напуштал својот дом и вршил различни пљачки низ своите сограѓани.

Во Белград повторно се занимавал со кражби на трафики па неговиот татко го пратил своето школување да го заврши во Нови Сад. Во тогашно време Аркан најмногу посакувал да биде пилот но сепак се запишал на Поморска школа во Котор. Но како „слеп патник“ се качил на некој брод и пристигнал на Трст. Таму, заедно со неговата група повторно извршува различни кражби кои подоцна ги продавал за да на крај биде фатен во Загреб и уапсен по три години во малолетничкиот затвор во Валево и Пожаревац.

Бегство преку граница[уреди]

Во 1972 година со само дваесет години, илегално имигрирал на запад, надевајќи дека ќе се пронајде таму себе си. Во странство се сретнал а и се запознал со многу поранешни југословенски злосторници, кои подоцна ќе бидат убиени или уапсени. Аркан исто така се смета дека е и атентатор во повеќе држави во Европа, како Белгија, Холандија, Шведска, Германија. Бил затворен во Белгија во 1974 година, од каде во 1977 година побегнал. Повторно бил уапсен во Холандија во 1979 и повторно побегнал 1981 година, каде бил ранет во судирот со полицијата. По сите тие криминални дела бил прогласен за десетиот најбаран криминалец во светот во потрага и од Интерпол.

Додека бил млад, Аркан од сите тие валкани ситуации го извлекувал Стане Доланац, словенечки политичар и шеф на тајната полиција и близок пријател на Тито. Како таен агент работил во 1973 година а по задача бил испратен на запад за да врши атентати над терориститем, политичките емигранти и противниците на режимот во Југославија. Поради тоа бил принуден да научи повеќе европски јазици, како англискиот, францускиот и италијанскиот, а ги познавал и шведскиот, германскиот и холандскиот. Во Југославија се вратил 1981 година и продолжил со нелегалните работи. Во ноември 1983 година двајца полицајци му упаднале во куќата се со намера да биде уапсен, но Аркан успеал да се одбране и да ги рани поради кои бил уапсен. Меѓутоа, по два дена по повторната интервенција на Стане Доланац, Аркан бил пуштен од притвор.

Учество во војната[уреди]

Аркан со „Црвените беретки“

Пред да се распадне СФРЈ, Аркан во јавноста излегол како водач на навивачката група на Црвена Ѕвезда - „Делије“.

Кога Хрватска прогласила независност, групата на Аркан во октомври 1990 година бил уапсена од страна на хрватските власти во Двор. По шест месеци во затвор (иако бил осуден на пет години), под до денес непознати и неразјаснети околности бил пуштен од загребскиот затвор и тој се вратил во Белград. Се претпоставува дека тоа бил таен договор помеѓу Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ.

Но многу брзо се враќа во Хрватска, каде што во 1990 година ја основа паравоената формација Српска доброволна гарда (СДГ). Според неговото тврдење, групата била основана на 11 октомври во манастирот Покајница заедно со група свои пријатели и водачите на навивачката група Делије.

Со започнувањето на најголемата војна во Европа по Втората светска војна, во пролетта 1992 година била во Босна и Херцеговина со тешки вооружувања, етнички чистења и воени злосторства. Гардата на Аркан се вклучила во завземањето на источна Босна. Во тој период во неговата група се приклучил и Милорад Улемек, поранешен криминалец и крадец најмногу на спортска облека низ Белград. Оваа единица делувала на овој терен до крајот на војната. За време на војната, практично источна Славонија е претворена во пара-држава и самата гарда се богатела со шверц на роба. Многу голем број на домакинства биле ограбени од страна на Единица, и голема површина од индустриски дрва биле нелегално сечени.

По војната[уреди]

Желко Ражнатовиќ влегол во политиката по време на изборите во крајот на 1992 година, кога како лидер на група граѓани од Косово победува и добива пет мандати во српскиот парламент. Пред предвремените избори во 1993 основал Партија на српското единство, при кое ја застапува демократизацијата од американски тип. Но неговата партија не успеала да влезе во парламентот. И покрај националистичките си погледи во почетокот на војната, Аркан е противник на Воислав Шешељ.

Паравоената формација во Хрватска и Босна и Херцеговина извршила голем број на воени злосторства, поради кои Меѓународниот суд во Хаг покренал тужба против Жељко Ражнатовиќ.

Макар и лидер на партија која не е во парламентот, Аркан неколку години има добри односи со власта на СР Југославија, кое може да се види и од неговиот список на свадбата во 1995 година со познатата мега ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Дел од гостите се и најголемите претставители од партијата на Слободан Милошевиќ.

До политичката криза во Сојузна Република Југославија во 1996 г. Аркан може да се смета за ориентиран кон власта. Но при избувнување на студентските демонстрации тој се обраќа во нивна заштита.

Во 1998 година се откажува од политиката и се отдава на бизнисот, при кое е сметан за најбогатион србин којшто имал богатство од преку 500 милиони долари. Но самиот Аркан тоа не го признава.

Убиство[уреди]

Гробот на Аркан

Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште. По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес.

Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај.


Изјави на Аркан[уреди]

Според 'Глас јавности, на 15 февруари 2000 Желко Ражнатовиќ изјавил: „Минатото ми е бурно и авантуристичко! За тоа говорам откриено, немам што да кријам, но сепак се срамам од тој период во својот живот. Да, бев од другата страна на законот, но на никому не би го посакал. Би сакал да бев како сите останати...“