Бен Невис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бен Невис
гел. Beinn Nibheis
англ. Ben Nevis
BenNevis2005.jpg
Поглед од Бенави. Местоположбата на набљудување е лево од највисоката координата на планината.
Надм. вис. 1.344 м 
Истакнатост 1.344 м
1-во место на Британските О-ви
Матичен врв ниеден – највисок во земјата
Заведена како манро, мерилин
Превод „отровна планина или планина со главата во облаци“ (гелски)
Местоположба
Бен Невис се наоѓа во Шкотска
Бен Невис
Лохабер, Хајленд, Шкотска
OS-решетка NN 166 712
Координати 56°47′48.5″ СГШ 5°00′21.6″ ЗГД / 
Топокарта OS Landranger 41, Explorer 392
Искачување
Прво освојување 17 август 1771, од страна на Џејмс Робертсон
Најлесна патека пешачење

Бен Невис (гелски: Beinn Nibheis, гелски изговор: [peˈɲivəʃ]; англиски: Ben Nevis) е највисокиот врв на Британските Острови. Со надморска височина од 1.344 м, сместен е во западниот предел на Грампијанските Планини, кај Лохабер во областа Хајленд, близу населеното место Форт Вилијам.[1]

Овој врв е популарна туристичка атракција, за што говори бројката од преку 100 илјади посетители годишно. Околу Бен Невис има неколку ридови со надморска висина од 700 м, и на нив најчесто се искачуваат ентузијасти и професионални планинари од сите возрасти. Познати се по тешкиот и непредвидлив терен за зимско планинарење.

На местото каде што порано постоел активен вулкан, отворена била опсерваторија која активно работела во периодот 1883 до 1904 год. Нивните метеоролошки истражувањa биле многу важни како би се откриле климатските појави во Шкотска. Физичарот Чарлс Вилсон бил инспириран да ја конструира познатата Вилсонова комора, која пронаоѓа јонизирачки зрачења, кусо по неговото напуштање на опсерваторијата.

Една од поинтересните занимливости поврзани за овој врв, е приказната за Џон Мекдоналд. Имено, овој човек познат како Долгиот Џон, во 1825 год. ја отворил една од најстарите фабрики за производство на скоч (традиционален шкотски алкохолен пијалок). Фабриката за дестилација се наоѓа кај Викториниот мост близу северниот дел на Форт Вилијам.[2] Ова е еден од првите лиценцирани капацитети за правање и дистрибуција на алкохол во Европа.

Етимологија[уреди]

Името Бен Невис е англо-саксонска транскрипција на келтското „Beinn Nibheis“. Beinn е шкотски збор кој означува планина, додека пак Nibheis нема прецизирано значење, а најчесто се користи за поимање на нешто отровно или токсично. Друго толкување на поимот „Beinn Nibheis“ би можело да потекнува од „beinn nèamh-bhathais“, каде nèamh значи облаци или рај, додека bhathais е човечка глава. Така настанал прекарот „Рајски Планини“, со кој поетите често ги ословуваат овие врвови. Месното население планината ја нарекува само „the Ben“.[3]

Историја[уреди]

Првото забележано искачување по Бен Невис било на 17 август, 1771 год, а го направил Џејмс Робертсон, единбуршки ботаничар, чија што намера била да собере примероци од ендемични растенија. Џон Вилијамс бил вториот освојувач на Бен Невис (1774), кој дошол да го истражува геолошкото потекло на планината. Но дури во 1847 год. било констатирано дека Бен Невис е највисокиот британски врв, титула која дотогаш му прапаѓала на Бен Макдуј.

Изградената опсерваторија во 1883 год. значајно го промовирала овој врв како туристичка дестинација. Во минатото постоела идеја да се постави железничка пруга за поголема пристапност кон ова место, но таа замисла никогаш не била реализирана. Во 2000 год. Бен Невис бил даден под концесија на шкотската добротворна организација „Џон Мјур“, како би се заштитиле загрозените животински и растителни видови.

Еколошки проблеми[уреди]

Во близина на Бен Невис се наоѓаат неколку селски населби. Еколозите сметаат дека човечкиот фактор е причината за постепеното уништување на кревкиот екосистем. Еколошкото здружение John Muir Trust, со помош на општинските власти спроведуваат проект за заштита од изумирање на одредени видови флора и фауна. Во 2005 год. била спроведена акција за чистење и пошумување на подножјето од планината, која имала добра медиумска покриеност, а била поркената од еден пензиониран социјален работник.

Трката на Бен Невис[уреди]

Трката на брзо искачување до врвот на Бен Невис има долга традиција која започнала уште во 1895 год. Тогаш Вилијам Свон, бербер од Форт Вилијам, прв пат го измерил времето кое му било потребно да го помине растојанието од старата поштенска станица, па се до самиот врв (2 часа и 41 минута). Следните години многу пати бил подобруван неговото остварување, но првата официјална трка била одржана во 1898 год. од страна на Шкотската аматерска атлетска асоцијација. Тогаш имало само 10 учесници, а победник бил 21-годишниот Хју Кенеди, со време од 2 часа и 41 минута. Првата професионална трка била организирана во 1903 год. истата година кога опсерваторијата престанала со работа.

Трката со постојниот формат е од 1937 год. Се одржува во првата сабота од септември секоја година, а максималниот број на пријавени не смее да биде поголем од 500. Поради тешкиот терен и исцрпната патека, од натпреварувачите се бара потврда дека претходно учествувале на на најмалку три трки од ваков карактер.[4] Патеката е долга 14 км, а моменталниот рекорд бил поставен во 1984 год. од Кени Стјуарт со време од 1 час и 25 минути.[5]

Галерија[уреди]

Поглед на Бен Невис и Форт Вилијам од драгата Лох Лини
Јужната страна на Бен Невис гледана од планината Скур Вајм

Наводи[уреди]

  1. Карта за навигација www.mcofs.org.uk
  2. Бен Невис дестилација www.bennevisdistillery.com
  3. Нешто за највискиот врв во Обединетото Кралство www.visit-fortwilliam.co.uk
  4. Патопис за трката околу Бен Невис dingerswhw.blogspot.com
  5. Минатите победници и рекорди www.scottishhillracing.co.uk

Надворешни врски[уреди]