Гросглокнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грослокнер од југозапад

Гросглокнер (германски: Großglockner) со 3798 метри надморска височина е највисока планина во Австрија. Овој врв е, по Мон Блан, втор по височина во Алпите, кога се мери релативна висина.

Гросглокнер лежи на границата меѓу Корушка и Источен Тирол и е највисок врв во Глокнер групата. Самиот врв лежи на браздата Глокнер, а Пастерце, наголемиот ледник во Австрија, лежи во подножјето на Гросглокнер.

Карактеристичниот пирамидален облик на врвот всушност се состои од два врва, Гросглокнер (Großglockner) и Клајнглокнер (Kleinglockner) (3700 метри), кои се раздвоени со формација налик седло која е позната како „Гросглокнеров тесен превој“ (Glocknerscharte).

Првото искачување на Гросглокнер во 1779 година било неуспешно. Летото 1800, била организирана втора експедиција: учествувале 62 луѓе, од кои 47 биле водичи. На 28 јули 1800-та година, браќата Мартин и Сеп Клоц, заедно со двајца други столари и свештеникот Хорашо од Делзах, тргнале во поход да стигнат до врвот.

Надворешни врски[уреди]