Бенедето Кроче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бенедето Кроче
Фотографија од Бенедето Кроче направена од проф. Арналдо Полако околу 1910 година
ПериодФилозофија на 20 век
ПодрачјеЗападна филозофија
Школахегелијанство, идеализам, либерализам
Претежна дејност
историја, естетикa, политика

Бенедето Кроче (итал. Benedetto Croce 25 февруари 186620 ноември 1952) бил италијански критичар, идеалистички филозоф и политичар. Тој пишувал на бројни тематики, вклучувајќи ги филозофија на историја и естетиката, и бил истакнат либерал, иако се спротивставувал на слободната трговија (laissez-faire). Неговото влијание врз Антонио Грамши е доста воочлива.

Животопис[уреди | уреди извор]

Корче е роден во Пескасероли, во регионот на Абзури во Италија. Тој потекнувал од влијателна и богата фамилија и бил израснат во многу строга католичка оклолина. На отприлика 18-годишна возраст, тој се одрекол од католицизмот и станал атеист, придржувајќи се на ова до крајот на својот живот. Во 1833 година, неговото село Казамикола, каде што тој бил на одмор со неговото семејство, било погодено од земјотрес, уништувајќи го домот во којшто тие живееле. Мајка му, татко му и сестра му загинале, а самиот тој бил под рушевините долго време и едвај преживеал. По несреќата, тој го наследил семејното богатство и бил во можност да го проживее остатокот од животот во извесна комотност, овозможувајќи си притоа многу слободно време, што го посветил на филозофијата. Како што растела неговата популарност, многумина, против негова воља, го туркале во политичките кругови. Тој бил поставен за министер за јавна едукација, а подоцна се префрлил на доживотната функција во Италијанскиот сенат. Тој јавно го критикувал учеството на Италија во Првата светска војна, знаејќи дека тоа е самоубиствена трговска војна. Иако ова во прво време го направило непопуларен, неговата популарност била обновена по војната и тој повторно станал многу сакана јавна личност. Иако на почетокот Бенедето Кроче ја поддржувал фашистичката влада на Бенито Мусолини, подоцна тој отворено ѝ се спротивставил на Фашистичката партија, останувајќи на тие ставови сѐ до својата смрт во 1952 година.

Филозофијата на духот[уреди | уреди извор]

Под огромоно влијание од Хегел и други германски идеалисти, како Фихте, Корче ја создал, како што тој самиот ја нарекол, филозофијата на духот. Корче бил страстен идеалисt и негирал каква било реалност различна од „чистиот концепт“ или едноставните идеи. „Чист концепт“ според него се главно идеите на Платон и се слични на категориите на Кант, тоа се работи како квантитет, квалитет, еволуција, односно, било која замисла што ќе ја имаме, може да се поврзе со соодветна униврзална замисла. Тој дошол до заклучок дека ако сѐ што е реално е замисла, тогаш целата реалност може да се сведе на чисто логичен концепт и целата негова понатамошна работа се темели на логиката. Тој ги одбива сите форми на религија како недоволно логични, а на сличен начин ја третирал и метафизиката. Тој мислел дека матафизиката е едноставно оправдување на религиозните идеи и е непотполна филозофска идеја. Како и да е, тој се држел до својот идеализам.

Историја[уреди | уреди извор]

Кроче имал голема страст кон Вико и го делел неговото гледиште дека историјата треба да биде пишувана од филозофите.

Крочевата книга „За историјата“ го поставувала гледиштето кон историјата како „филозофија во движење“ дека не постои голем „космички план“ или врховен план во историјата, и дека „науката за историјата“ е лага.

Ова го довело до судир со теоретичарите Маркс и Хегел кои се обидувале да ја редуцираат историјата на неколку водечки принципи. Тој наполно се согласува со Русо, велејќи дека „историјата е една серија лаги, каде што ние мораме да одбереме една која ни се чини најблиску до вистината“.

Убавина[уреди | уреди извор]

Крoчевото дело Breviario di estetica (Основата на естетиката) се појавува во форма на четири лекции, бидејќи му било побарано да ги напише и да ги достави при инавгурацијата на универзитетот „Рајс“. Тој ја одбил поканата да присуствува на настанот, но сепак ги напишал лекциите и ги доставил за преведување, за да бидат прочитани и во негово отсуство. Во ова кратко, но густо дело, Кроче ја поставил својата теорија за уметноста. Тој тврдел дека уметноста е поважна од науката или метафизиката, бидејќи само уметноста нѐ надградува. Тој мислел дека сѐ што ние знаеме може да се сведе на логичко и имагинативно знаење. Уметноста извира од науката и метафизиката, правејќи ги, во нивната суштина, чиста замисла. Сите мисли се засновани на дел од ова, и им претходат на сите останати мисли. Задача на секој уметник е да изработи совршена слика, најдобрата што може за нивните гледачи, бидејќи тоа е она што уметноста во суштина е – збор од внатрешните, ментални слики во нивната идеална состојба. Нашата интуиција е во основите на формирање на овие концепти надвор од нас. Околу оваа теорија подоцна многу се дебатирало од современите италијански мислители како Умберто Еко.

Селектирана библиографија[уреди | уреди извор]

  • Materialismo storico ed economia marxistica, 1900
  • L'Estetica come scienza dell'espressione e linguistica generale, 1902
  • Logica come scienza del concetto puro, 1909
  • Breviario di estetica, 1912
  • Saggio sul Hegel, 1912
  • Teoria e storia della storiografia, 1917
  • Racconto degli racconti, 1925
  • Манифест на анти-фашистички интелектуалци, 1 мај 1925 во La Critica
  • Ultimi saggi, 1935
  • La poesia, 1936
  • La storia come pensiero e come azione, 1938
  • Il carattere della filosofia moderna, 1941
  • Filosofia e storiografia, 1949

Дела за Бенедето Кроче[уреди | уреди извор]

  • Parente, Alfredo. Il pensiero politico di Benedetto Croce e il nuovo liberalismo (1944).
  • Myra Moss, Benedetto Croce reconsidered,(1987).
  • Ernesto Paolozzi, Science and Philosophy in Benedetto Croce, во Rivista di Studi Italiani, University of Toronto, 2002.
  • Janos Keleman, A Paradoxical Truth. Croce's Thesis of Contemporary History, во "Rivista di Studi Italiani, University of Toronto, 2002.
  • Giuseppe Gembillo, Croce and the Theorists of Complexity, во "Rivista di Studi Italiani, University of Toronto, 2002.
  • Fabio Fernando Rizi, Benedetto Croce and Italian Fascism, University of Toronto Press, 2003.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]