Бад Готлојба-Бергисхибел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бад Готлојба-Бергисхибел
Здравствена бања во Бад Готлојба
Здравствена бања во Бад Готлојба
Грб на Бад Готлојба-Бергисхибел
Бад Готлојба-Бергисхибел се наоѓа во Германија
Бад Готлојба-Бергисхибел
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед. Бад Готлојба-Бергисхибел
Градски единици 12
Градоначалник Томас Муце (независен)
Основни податоци
Површина 88,75 км2
Надм. височина 211-644 м
Население 5.682 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 64 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01816, 01819, 01825
Повик. бр. 035023, 035025, 035032, 035054
Портал www.stadt-badgottleuba-berggiesshuebel.de
Местоположбата на градот Бад Готлојба-Бергисхибел во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Координати 50°51′30″ СГШ 13°57′00″ ИГД / 

Бад Готлојба-Бергисхибел (германски: Bad Gottleuba-Berggießhübel) — бањски град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градот се граничи со Чешка на југ.

Следниве села се дел од градот: Елзен, Маркерсбах и Хелендорф на југоисток, Хартмансбах, Брајтенау, Бернерсдорф и Хенерсбах на југозапад, Бад Готлојба и Бергисхибел во средишниот дел и Цвизел, Бара и Лангенхенерсдорф на север. Општината се протега низ падините на источните Рудни Планини и во Саксонска Швајцарија. Обединетиот бањски град се наоѓа помеѓу реките Готлојба и Дона.

Градот се наоѓа на 25-35 километри од Дрезден, 7-11 километри од Пирна, 200 километри од Берлин и 135 километри од Прага.

Од 2005, обединетиот бањски град на југоисток од Пирна е поврзан со автопатот А17, кој ги поврзува Дрезден и Прага.

Историја[уреди]

Елзен[уреди]

Старата општина била првпат спомената во 1169 година во документ како Silva Juxta Olesnice. Името потекнува од чешкиот збор olešná, синоним на германското Erlensbusch. Елзен бил меѓу првите населби на Рудните Планини.

Во 1429 година, Хуситите го уништиле Елзен. Не бил развиен до XV век. Бил познат како wüsten Dorf, пустото село.

Во 1459 година, границите помеѓу Бохемија и Саксонија биле одредени со договор помеѓу бохемискиот крал и Фридрих Втори и војводата Вилхелм Трети.

Во 1517 година, дворецот во Елзен бил преземен од семејството Бинау.

245 години подоцна, во 1762, семејството го продало имотот, кој во текот на Наполеонските војни во 1813, бил значително оштетен, а целата областа страдала од глад и болести.

Електричната енергија во Елзен била доведена во 1921 година, додека патишта биле изградени во 1956, кога била изградена и Браната Готлојба. Во 1996, Елзен се приклучил на Бад Готлојба.

Маркерсбах и Хелендорф[уреди]

Името (латински: Marquardi villa) било првпат споменато во 1363 година и веројатно потекнува од (Markwald или Marquart), а Хеленсдорф (Heldisdorf) бил првпат споменат во 1379 година.

Наполеонските војни во 1813 довеле до мизерија, унитштувања и болести. Училиштето било отворено во 1837 и уште едно во 1858. Во 1996 со административната реформа на Саксонија, двете општини станале дел од Бад Готлојба-Бергисхибел.

Готлојба[уреди]

Грб на Бад Готлојба
Поглед на долината Готлојба

Готлојба бил првпат споменат во 1363 година. Во 1298 година заедно со Пирна станал дел од Бохемија. Во 1405 со Пирна бил вратен под власта на грофството Мајсен.

Регионот бил променет со рударската индустрија во 1386. Пронаоѓањето на рудата довело до населување на рудари од Фрајберг и Еренфридсдорф, како и од Тирингија и Харц. Последниот рудник бил затворен во 1889 со искористувањето на среброто.

Во 1463, Готлојба станала град. Во XVI век ги добила и специјалните трговски права (за одржување пазари и саеми).

Војните, болестите и големите пожари во градот во 1746 и 1865 и поплавите во 1552, 1897, 1927 и 1957 довеле до поспор развој на градот.

Откако било изградена бањата во Готлојба, градот станал Бад Готлојба. Браната Готлојба е изградена со цел заштита на градот од честите поплави и овозможување на доволни резерви на вода за пиење.

Бергисхибел[уреди]

Грб на Бергисхибел
Главната улица во Бергисхибел

Бергисхибел бил првпат споменат како Гисхобел во 1450. Долго време бил сметан како додаток на Готлојба и се верува дека не постоел пред 1400. Во 1648 во текот на Стогодишната војна скоро и да запрел развојот на градот.

Во 1717 добил право да произведува пиво. Во 1813, француските трупи го окупирале местото и му нанеле големи штети. Во 1822, економијата на селото повторно била обновена.

Со изградбата на железничката линија од Пирна до Лангенхенерсдорф и Бергисхибел на 17 јули 1880, регионот се отворил. Во 1905 била отворена железничка линија до Готлојба.

Во 1999, Бергисхибел и Бад Готлојба станале Бад Готлојба-Бергисхибел.

Лангенхенерсдорф и Бара[уреди]

Поранешен дворец во Лангенхенерсдорф

Лангенхенерсдорф бил основан како Hennici villa во 1356 и бил доделен на грофството Мајсен во 1404. Бара бил споменат за првпат во 1524 година. Името потекнува од старогерманскиот збор bar (празнина) и para што означувало празна површина.

Во 1838 година било отворено училиште во Лангенхенерсдорф.

Во 1971 година, Лангенхенерсдорф и Бара станале една општина и подоцна во 1999, општината станале дел од Бад Готлојба-Бергисхибел.

Главни знаменитости[уреди]

  • Zürnersche Postmeilensäule
  • Брана Готлојба
  • Градско собрание на Бад Готлојба-Бергисхибел
  • Паркови
  • Ботаничка градина
  • Замок Фридрикстал
  • Museum Heimatstube
  • Wandergebiet Labyrinth во Лангенхенерсдорф
  • Водопад во Лангенхенерсдорф

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]