Бад Шандау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бад Шандау
Bad schandau.jpg
Грб на Бад Шандау
Бад Шандау се наоѓа во Германија
Бад Шандау
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Адм. подрач. Дрезден
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед. Бад Шандау
Градски единици 4
Градоначалник Андреас Егерт
Основни податоци
Површина 47 км2
Надм. височина 146 м
Население 3.912 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 83 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01812–01814
Повик. бр. 035022
Портал www.bad-schandau.de
Местоположбата на градот Бад Шандау во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Координати 50°55′00″ СГШ 14°09′00″ ИГД / 

Бад Шандау (германски: Bad Schandau; чешки: Žandov) е бањски град во Германија, во јужниот дел на покраината Саксонија и округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини. Се наоѓа на десниот брег на Елба, на устието на малата река Кирнич.

Географија[уреди]

Бад Шандау се наоѓа источно од Елба, во близина на националниот парк Саксонска Швајцарија на Елбските Песочни Планини; центарот на националниот парк се наоѓа во градот. Првичниот центар на градот се наоѓал на стрмни песочни карпи на десниот брег на реката Елба и бил сместен во тесната долина на Кирнич. Центарот на градот се наоѓа 121,7 метри надморска височина, додека неговата највисока точка е 400 метри. Руралната трамвајска линија Кирнич се движи долж течението на малата река и нуди пристап со блиските патеки за пешачење.

Бад Шандау се наоѓа 6 километри од чешката граница и 33 километри југоисточно од Дрезден.

Единици на градот[уреди]

Градот Бад Шандау се состои од стариот дел на Шандау и пет понови припоени делови: Крипен, Постелвиц, Шмилка, Острау и Поршдорф. Крипен се наоѓа на спротивниот брег на Елба.

Крипен[уреди]

Поглед на Крипен

Првичната населба на занаетчии и трговци на левата страна на Елба со старите дрвени куќи, која била спомната во 1379 година станала летно престојувалиште на крајот на 19 век, кога започнал да се развива туризмот. Во селото живеел и работел пронаоѓачот на механизмот за обработка на целулозата и производител на хартија, Фридрих Готлоб Келер (1816–95), од 1853 до неговата смрт. Во чест на неговото име и дело поставена е меморијална плоча на музејот Келер, на куќата со број 76 на главната улица, која го носи неговото име. Во 2009, Крипен имал 568 жители (1999: 720).[2]

Потокот Крипенбах се влива во Елба близу Крипен. Потокот извира од изворот Гаучграбен близу чешката граница.

Крипен бил припоен кон Бад Шандау на 1 јануари 1999.[3]

Постелвиц[уреди]

Постелвиц од другата страна на Елба

Летното одморалиште Постелвиц станало дел од Бад Шандау во 1934. Селото составено од неколку групи на куќи се наоѓа 2 километри возводно под карпите на Шрамштајне. Населбата има словенско потекло, населена со занаетчии, рибари, каменоресци и бродоградители и првпат била забележана во 1446. Ковачници за изработка на бродски сидра работеле во селото до 1968. Локалните песочни каменолово (на времето најважни во регионот) работеле од втората половина на 16 век до 1907; потоа биле пошумени и денес се достапни преку Elbpromenade. Преживеаните дрвени куќи, на броевите 55-67, т.н. Куќи на седумте браќа (Siebenbrüderhäuser) се поврзуваат со легенда, во која рибар сакал да изгради куќа за секој од неговите синови. Меѓутоа, неговата сопствена куќа била повисока од сите други. Во 2009 Постелвиц имал население од 282 жители (1999: 323).[2]

Шмилка[уреди]

Поглед на воденицата во Шмилка

Шмилка, пограничното село близу Чешка, сместено на 117 метри надморска височина на реката Елба станало дел од градот Бад Шандау на 1 јануари 1973. Ова село на бродоградите, занаетчии и шумски работници на реката Елба е првпат споменато во 1582. Во 2009 Шмилка имало 137 жители (1999: 169).[2]

Острау[уреди]

Острау на Ostrauer Scheibe се издига 130 метри над Елба и се наоѓа на височина од 245 надморска височина. Селото е сместено на рамно плато над реката. Острау е директно поврзан со градот Бад Шандау од 1904 со електричен патнички лифт, кој бил изграден на иницијатива на хотелиерот, Рудолф Зендиг кој ја финансирал неговата изграда. Старите дрвени фарми, пансионите (Pensionen), куќите, модерната бања, малите хотели и семејните домови го прават селото привлечно за туристите. Иако имаа само околу 100 жители, за селото постоеле амбициозни планови уште кон крајот на 19 век, со цел да стане ексклузивен туристички центар со спортски објекти. Во 2009, Острау имал 419 жители (1999: 541).[2]

Историја[уреди]

Во првата половина на 14 век, германските доселници ги освоиле населбите долж Елба помеѓу Ратмансдорф и Постелвиц од феудален посед на Хонштајн. Шандау бил првпат споменат во документ во 1445, додека во 1467 му бил доделен статусот град, како важна врска на трговскиот пат долж Елба. Од околу 1800 Бад Шандау станува бањски град и летен туристички центар. Во 1920 градот ја добил официјалната титула „Бад“ („Бања“).

Градот е најмалата германска населба со сопствен трамвај, т.н. Трамвај Кирничтал. Трамвајот се движи од Шандау до водопадите Лихтенхајн и работи од 1898.

Бад Шандау бил сериозно погоден од поплавите на Елба во 1845, 2002 и 2006. Нивото на водата на 16/17 август се искачи на 9,78 метри над просекот, 4,28 метри над нивото на плоштадот и 3,46 метри високо во црквата.[4] Нивото на водата било за 4 центиметри пониско од она во 1845. На 3 април 2006 надојдената вода била 6,78 метри над просекот и 1,28 метри над нивото на плоштадот.

Политика[уреди]

Администрација[уреди]

Бад Шандау е дел од општинската заедница Бад Шандау (Verwaltungsgemeinschaft Bad Schandau) заедно со општините Поршдорф, Рајнхартсдорф-Шена и Ратмансдорф.

Култура и места од интерес[уреди]

Црква Свети Јован во Бад Шандау
Градско собрание
Лифт Бад Шандау, 2005

Бад Шандау има лутеранска парохиска црква, објект за хидротерапија и училиште за навигација. Местоположбата на Бад Шандау во романтичната област Саксонска Швајцарија му дава на местото важност и илјадници туристи го одбираат за свое одредиште секое лето. Бројни хотели и вили се изградени во областа со цел да ги сместат гостите. Главно производство на градот се вештачките цвеќиња и мебелот. Титулата „Бад“ била додадена во 1920 со цел да се истакне бањскиот статус на градот.

Филмот од 2009, Неславни копилиња, режиран од познатиот Квентин Тарантино, главно бил сниман во Бад Шандау[5] и во студиото Бабелсберг во Берлин.[5]

Музеи[уреди]

  • Градска галерија (Stadtgalerie)
  • Локален историски музеј (Heimatmuseum)
  • Музеј за националниот парк (Nationalparkmuseum)
  • Музеј Фридрих Готлоб Келер во Крипен, Friedrich-Gottlob-Keller-Straße 76

Споменици[уреди]

  • Споменик во бањскиот парк (Kurpark) за жртвите на нацизмот
  • Спомен-карпа пред планинската колиба (Berghütte über dem Zahnsgrund) во селото Острау за комунистичкиот член на отпорот Курт Шлосер, кој бил убиен во Дрезден во 1944
  • Меморијална плоча од 1957 во пештара во Шрамштајнен (Höhle in den Schrammsteinen) во чест на членовите на отпорот

Наводи[уреди]

 Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост„“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.

Надворешни врски[уреди]