Алкалоид (фармацевтска компанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алкалоид
Тип Акционерско друштво фармацевтска компанија
Oснована 1936
Седиште Скопје
Клучни личности Живко Мукаетов (ген. дир.)
Дејност фармација, козметика, билкарство и хемија
Приходи 115,540,000 (2012)[1]
Вработени 1.035 (2010)
Гесло Здравјето, пред сè
Портал www.alkaloid.com.mk

Алкалоид е македонска компанија[2] која повеќе од седум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи. „Алкалоид“ е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика & Билкарство; има фирмa ќерка: „Алкалоид КОНС“ како и 13 подружници надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Романија, Украина, Русија и САД). Друштвото брои околу 1.250 вработени со доминантен капитал во сопственост на приватни акционери, од кои 5,05% се странски инвеститори.

Фирми подружници[уреди]

Почнувајќи од 1979 година, „Алкалоид-Фармација“ има воспоставено оддел што е задолжен за развој и соработка со странски компании од аспект на договори за застапства, за дистрибуција, за консигнациски складови. Успешното долгогодишно работење и стекнатото искуство од овој сегмент, претставуваат основа за формирање на АЛКАЛОИД КОНС ДООЕЛ Друштво за промет и услуги увоз - извоз кое успешно и самостојно работи во Република Македонија од 5 февруари 2004 година.

За припрема на измената на организационата структура и креирање на комплемтнтарност во дејностите, во 2006 година основан е„Алкалоид Премази дооел Скопје (сегментот од компанијата кој се занимава со бои и лакови) како посебна организациона единица, со што бројот на друштва - ќерки на Алкалоид АД Скопје“ порасна на 11 (единаесет).

Кафетин[уреди]

Кафетинот (Caffetin®) е убедливо најраспространет и најпознат бренд на „Алкалоид АД Скопје“, а по многу критериуми тој е еден од најпрепознатливите брендови и на Р. Македонија.

Лансиран е во далечната 1957 година и во текот на петте децении на своето постоење, на подрачајето на поранешна Југославија, пазарот на кој суверено владее, кафетин стана икона за борба против болка. Во моментов се пласира на пазарите во 15 земји.

Долгогодишната употреба и одличното прифаќање на овој производ се некои од мотивите поради кои „Алкалоид АД Скопје“ верува во брендот Кафетин.

Во изминативе неколку години кафетин успешно го користи потенцијалот на големиот пазар на Руската Федерација. Исто така кафетин ги освојува пазарите и на Бугарија и Романија.

Кафетин влегува во групата на комбинирани аналгетици. Содржи четири идеално избалансирани компоненти кои имаат синергиски ефект во третманот на болката. Компонентите кои влегуваат во неговиот состав се: парацетамол (250 мг), пропифеназон (210 мг), кодеин (10 мг) и кофеин (50 мг). Минималните дози на активни компоненети овозможуваат минимална инциденца на нескани ефекти, а во Националниот центар за несакни дејства на лекови на Р.Македонија нема ниту еден регистриран случај на несакано дејство од Кафетин.

Свеста за квалитетот, ефикасноста и брзото дејство на овој препарат се пренесуваат со генерации. И покрај се поголемиот број препарати за слична намена како на домашниот, така и на странските пазари, Кафетин останува максимално препознатлив и употребуван бренд.

Алкалоид АД, Скопје произведува кафетин во согласност со највисоките GMP стандарди за квалитет во фармацевтската индустрија.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]